кога јас се мажив и свекрвата скаше да и викам мамо. јас и реков точно вака: „мене нема да ме боли устата да те викам мамо, место името што ти е даено да си го носиш, ама факт е дека ти не си ме родила и не си ми мајка. сепак као мајка на мојот маж, од респект-прифаќам. лично мое мислење е на име. кога јас би имала деца, тие ќе ме викаат на име а не снаа или зет да ми лепат епитети безвезе.„ таа се насмеа и вика ќе имаш друго ке мислиш... и своето дете нема мама да ти вика??? - “да,-реков-нема потреба да потенцира што сум му, посекако покасно еден период за нив ќе сум викана на име. сто ке почнуваат тогаш, нека му е одма(немам проблем никаков, затоа и ми е даено името-за да ме викаат по име јбг). кога ке го праша некој, тогаш ќе му одговори. исто како и сестра или брат што си ги викаме по име најчесто, така и мене. не му викам јас на брат ми БРАТЕ.
е... родив близнаци. моите деца од првиот збор до прво одделение не ми викнаа мамо. ме викаа на име. учителките во градинка и во забавиште прво со шок се чудеа, немаа сретнато до сега вакво „чудо„ ... покасно викаа: петреееее дојде мајка ти, јанаааа баба ти... идам јас и викаат „тој и тој„ стигна „амфибија“... сега ме викаат мамо. затоа што приметив дека сакаат така да ме викаат кога слушаа како кај сите деца идат мајки им а само тие се осеќаа поинакви... замислете, едвај потоа ги навикнав мамо да ми викаат... се срамеа
мамо да ми кажат
... ќерка и син ми се. и кога ке дојди ден ако го дочекам,
снаата има на име да ми се обраќа, а зетот исто така. лол бабо!!!