Нажалост,ова нигде не се остварило,а нема тука никад да се оствари.
Можеби си во право, но не е неостварливо.
Не се за жалење, со години се жалат родителите од околните македонски села раади инцидентите во автобусите на таа релација.
И да се од различна националност ситуацијата се решава.
Нека ги остават да се истепаат. Ќе се повредуваат и двете страни дури не сфатат дека не оди така, не се решаваат проблемите.. Но овде не треба да се мешаат медиумите и партиите.
Ако тоа не помогне колективно двете села у полициска, по два-три васпитни пендрека на секој што ќе се осмели да приговори и ќе си легнат на брашното.
Па до пред 15 години во струмичко во автобусите си имаше редовни пресметки меѓу ученици од различните села кои заедно патуваа со исти автобуси. Се тепаа, се тепаа, престанаа да се тепаат, ама на ниту една телевизија не известуваа за тоа. Родителите не се собираа за да се пресметуваат, не протестираа, не се закануваа, не се мразеа заради тоа.. Некако само од себе се подигна нивото на култура и запре целата работа.
Неможе бе, за двајца сомнителни типови и еден полицаец во афект, или заради две раскарани села пола држава да се фати за гуша..
Поголема глупост, здравје, во Казахстан ќе ни се смеат. Саша Барон Коен наредниот филм за нас ќе го снима ако продолжиме вака.
Нека не се радува некој затоашто (да претпоставиме, според информациите кои ги имаме) некои невини Албанци биле крвнички претепани од страна на Македонци, затоашто рок 24 часа едни невини Македонци ќе бидат крвнички претепани од страна на Албанци. Криво ми е дека брат ми ќе го јаде или Igorcemk.
Морам да ти кажам.
Ти како демек, ѓоа неутрален, интелигентен тип, си тесто од кое се меси одвратната националистичка повраќаница која сме приморани да ја консумираме секојдневно.