Тукушто ја добив информацијава...
Вечерва околу 22 часот, Igorcemk, член на Кајгана Форумот, враќајќи се дома од кај девојка му, бил прободен (најверојатно од Албанци) со нож во грбот. Во моментов Igorcemk се наоѓа во интензивна нега и неговата здравствена состојба е тешка, и не се знае дали ќе преживее. МВР најави прес конференција за утре и денес не сакаа да искоментираат ништо, касно било, не работат после 22 часот.
Ова нормално се нема случено, но се надевам додека го читаше (читавте) ова ти текна колку е грдо ни крив ни должен да бидеш ставен во таква ситуација, само затоашто некогаш и некаде, некој од твојата националност, нападнал без повод и причина едни од другата националност. Само да не ти (ви) е сеедно. Уште е рано и немаме доволно информации, но доколку е вака како што се претставува, мислам дека никој разумен човек не би останалн рамнодушен бидејќи едноставно нема смисла вакви работи да се случуваат. Нека не се радува некој затоашто (да претпоставиме, според информациите кои ги имаме) некои невини Албанци биле крвнички претепани од страна на Македонци, затоашто рок 24 часа едни невини Македонци ќе бидат крвнички претепани од страна на Албанци. Криво ми е дека брат ми ќе го јаде или Igorcemk.