Фердинанд: Ето е вистински спортист
Дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд призна дека ѕвездата на Барселона, Семјуел Ето е ден од најголемите спортисти во моментов.
Фердинанд, по натпреварот со Барселона, на Ноу Камп, изјави дека се лизнал при стартот над Камерунецот, и дека доколку Ето се одлучел да падне во шеснаесетникот, тоа сигурно ќе било пенал за Барса, а воедно и исклучување за него. “Навистина ме изненади, посебно бидејќи натпреварот беше многу важен. Многу други фудалери би гледале да искористат од една таква ситуација, но не и тој. Ето е вистински спортист“ – изјави Фердинанд.
“Изгубив контрола над нозете и се лизнав во него. Но, тој успеа да се одржи на нозе и ја продолжи акцијата. Сигурен сум дека доколку се одлучеше да падне, тоа ќе беше пенал и црвен картон. Поради тоа, по завршувањето на натпреварот му се заблагодарив за неговото спортско однесување, кое денес ретко може да се види на фудбалските терени“