Еве една лоша вест,објавена денеска на нетпресс во 17:10ч.
Видиќ го пропушта и дуелот против Челзи
Репрезентативецот на Србија Немања Видиќ поради стомачен вирус најверојатно нема да биде во можност да игра за Манчестер Јунајтед ни во најважниот натпревар сезонава во Премиер лигата во сабота против Челзи.
Штоперот на „црвените ѓаволи“ превентивно бил хоспитализиран во Барселона поради болки во стомакот и состојбата му е стабилизирана, но поради потполна исцрпеност најверојатно нема да биде во можност да настапи против Челзи.
„Видиќ 36 саати не јадел ништо. Дури денеска му дале супа и илузорно е да се размислува за негов настап во сабота. Впрочем, мислам дека потполно тоа е потполно исфрлено. Јасно е дека се работи за стомачни проблеми, но лекарите се уште не соопштуваат за каква инфекција се работи“, рекол менаџерот Фергусон.
Видиќ на вчерашниот утрински тренинг пред натпреварот со Барселона, се пожалил на јака болка во стомакот и лекарите на Манчестер Јунајтед одлучиле за секој случај да го однесат во болница.
„Во тој момент тоа беше најдобро и најсигурно решение. Синојка после натпреварот е пушен од болница и се врати со екипата на Манчестер. И понатаму е под надзор на нашите доктори и верувам дека ќе биде во ред барем за реваншот со Барселона“, додал популарниот „Ферги“.
Автор на веста: Нетпрес
Објавена на 24.04.2008 17:10:40