MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Воа погоре изнесеното, во Црквата го нарекуваме со погрден израз: „...мудрување телесно...„ или „...мудрување по својот ум....„.Мики, бре! Чукни си ја главата!
Постои нешто во природата што се вика синџир на исхрана. Синџир значи поврзаност. Не може сите да јадат, а никој да не биде изеден. Ти текнува? Исто така, не може ти дајадеш нешто, а да не сереш. Ти текнува? Во природата, за да некој јаде - друг некој мора да умре.
Ако во рајската градина имало усти (а имало), ако имало чмарови (а имало), мора да имало и гомна. It's that simple.
Веќе напишав: не можеш (и не смееш) денес познатите релации во природата, кои се последица од падот Адамов, механички да ги пренесеш и во условите во кои битисувале растенијата, животните и човекот, онака како Бог ги створи(л) во почетокот.
Смислата на исхраната, која ја практикувале животните и првите луѓе во Рајот, не била само во нивното просто физичко преживување, туку и во „нешто појќе„. Затоа, Бог, творејќи ден по ден, дава логика на Своето творење па затоа растенијата се првосоздадени, со своја минимална душевност (за да не можат растенијата да страдаат и кога се изедени и кога губат плодови, кои биле храна за животните и човекот) а животните пак, се хранеле со растенија а луѓето со плодови. Адам и Ева не јадеа животни туку плодови, оти и животните, ради својата повисока душевност (во однос на растенијата), доживуваат страдање! Така, никој нит страдал, нит умирал, туку ја запазувал логиката на своето постоење, онака како што Бога им ја одредил.
Разбира се, Бог можел да створи и битија на кои не би им требала материјална храна за да опстојат, но Он храната и хранењето ги одредил не како просто полнење на стомакот со храна, нејзино „преработување„ и конечно, исфрлање од телото, туку како начин на кој Адам и Ева, преку плодовите, ја стекнувале благодатната енергија Божја. Така, храната, т.е. остатоците од преработената храна, не ни биле предмет на исфрлање од телото (ај да не кажам некој непристоен израз...), туку храната била предмет на преоѓање во нејзина друга состојба и улога.
Така?