bucio
Урбан индијанец.
- Член од
- 8 јули 2008
- Мислења
- 16.330
- Поени од реакции
- 7.799
Еве го и другиот а ти биди чесен биди морален трпи за леб
.
![Тапшање :tapp: :tapp:](/styles/default/xenforo/emot/tapp.gif)
http://www.plusinfo.mk/vest/34425/Krivichna-za-direktorot-na-Zhito-Vardar-oti-potroshil-drzhavna-pchenka-i-pchenicaКривична за директорот на Жито Вардар оти потрошил државна пченка и пченица
Државна пченка и пченица, која била доверена на складирање и чување на велешката компанија „Жито Вардар“ била потрошена за потребите на компанијата, и со тоа е оштетен државниот буџет, тврди МВР.
Поради тоа, според информацијата од полицијата, директорот на „Жито Вардар“ АД Велес е осомничен дека злоупотребувал големи количества државна пченица и на тој начин го олеснил буџетот за над 202 милиони денари, соопшти МВР. Покрај кривичната пријава за него, полицијата поднела и кривична пријава за злоупотреба на овластување во стопанството против фирмата „Жито Вардар“.
Во пријавата се вели дека Р.Т.(59) од Велес, како извршен директор на „Жито Вардар“, во текот на 2011 година го прекршил законот и Договорот за складирање, чување и обновување на стоковните резерви на житни култури, склучен со Агенцијата за стокови резерви. Тој над 5.300 тони меркантилна пченица како и 7.700 тони пченка за сточна храна складирани во капацитетите на силосите ги искористил за производство на пченично брашно како и и за сточна храна.