5.400 тони државна пченица и јачмен продал Зоран Даневски и избегал од државата.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Еве го и другиот а ти биди чесен биди морален трпи за леб :tapp:.

Кривична за директорот на Жито Вардар оти потрошил државна пченка и пченица
Државна пченка и пченица, која била доверена на складирање и чување на велешката компанија „Жито Вардар“ била потрошена за потребите на компанијата, и со тоа е оштетен државниот буџет, тврди МВР.

Поради тоа, според информацијата од полицијата, директорот на „Жито Вардар“ АД Велес е осомничен дека злоупотребувал големи количества државна пченица и на тој начин го олеснил буџетот за над 202 милиони денари, соопшти МВР. Покрај кривичната пријава за него, полицијата поднела и кривична пријава за злоупотреба на овластување во стопанството против фирмата „Жито Вардар“.

Во пријавата се вели дека Р.Т.(59) од Велес, како извршен директор на „Жито Вардар“, во текот на 2011 година го прекршил законот и Договорот за складирање, чување и обновување на стоковните резерви на житни култури, склучен со Агенцијата за стокови резерви. Тој над 5.300 тони меркантилна пченица како и 7.700 тони пченка за сточна храна складирани во капацитетите на силосите ги искористил за производство на пченично брашно како и и за сточна храна.
http://www.plusinfo.mk/vest/34425/Krivichna-za-direktorot-na-Zhito-Vardar-oti-potroshil-drzhavna-pchenka-i-pchenica
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Ристо Ташев до каде го донесе Жито Вардар. Си го купи без пари во матната транзиција во најголемиот индустриски град во земјата. Искупи и кланици и полиња и месари и се што му дојде при рака. Гигант, а должен е како грчка.
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Ништо ново Атила Сендреј украде од телеком и си замина со торби пари .
Кога виде дека е лесно да си стрижач каде што има многу овци и Свед Милк (битолската млекара ) ја ограбија и си заминаа уништувајќи 10 000 народ ,кој инвестирале многу пари за крави....
Не е ништо ново па и тука Земал продал државна пченица........го продал виното и си зема неколку милиони евра каде шт ке си ги наорави уште неколку бидејки сигурно ке почне и таму некој бизнис ,па така од мафијаш пак ке биде бизнисмен .
Лугето ги затварааат не затоа што украле или убиле ....туку ги затвараат за да види народот дека ако крадеш ,убиваш ке следи робје .Тиа што го убиле или украле со лежење затвор нема да се промени болката на лугето .
 
М

Мартин`

Гостин
Добро е го фатија, сега нека си одлежи бајги години за криминалните активности.. а како што знам винарската визба најверојатно ќе ја земат Турчин и Словенец кои ветиле дека и ќе ги исплатат сите заостанати пари кои предходниов го должеше за предаденото грозје во визбата.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094

Од каде ти е инфово.Или си слушнал чаршиски муабети.
А за лоповов,прво нека го екстрадираат бугариве,па после ќе му судиме.
--- надополнето: 6 март 2012 во 14:50 ---

Имало трибина ко што знам со граѓаните на општина Лозово, демек горниве (министри итн) рекле дека Турчин и Словенец биле заинтересирани да ја купат ..
 
jyvation

Пургер
Член од
4 ноември 2009
Мислења
2.159
Поени од реакции
2.758
Имало трибина ко што знам со граѓаните на општина Лозово, демек горниве (министри итн) рекле дека Турчин и Словенец биле заинтересирани да ја купат ..
Као демк Турчин и Словенец.Нека не те чуди сигурно некој од "горниве" што ги спомна ќе си ја лапне за беспари ќе испродаде што остана и клуч на врата..
 
М

Мартин`

Гостин
Као демк Турчин и Словенец.Нека не те чуди сигурно некој од "горниве" што ги спомна ќе си ја лапне за беспари ќе испродаде што остана и клуч на врата..
Можно е и тоа ама чисто сумњам, до гуша се во долгови од кои поголем дел на банките па ако некој зима тоа ќе бидат они не други. Ете веќе го продале мотелот што се наоѓа во Лозово на приватен сопственик, па веројатно штом се продадат и останатите работи (фарми, визба итн) ќе почнат да ги исплаќаат заостанатите долгови за предаденото грозје. Сепак Македонија и се е можно, не ме чуди и да не ги исплатат и да лапнат се од владејачкава гарнитура сепак сами ќе си дадат автогол.. цела општина со се околните села ќе ги казни “добро“ на избори.. а и сигурно ќе има протести, блокирање на патот Велес-Штип кој е еден од поглавните бидејки бајги пари должи Слободан Даневски на земјоделците таму ..

Да не претерам ама минимум просек по 2-3 илјади евра по жител може должи ..
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Можно е и тоа ама чисто сумњам, до гуша се во долгови од кои поголем дел на банките па ако некој зима тоа ќе бидат они не други.
Банката секако зема, прв што се обештетува од стечај или ликвидација е банката, а понатаму ако има имот и пари другите.
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Имало трибина ко што знам со граѓаните на општина Лозово, демек горниве (министри итн) рекле дека Турчин и Словенец биле заинтересирани да ја купат ..
Словенечка компанија го купува Џумајлија?

Словенечка компанија е во преговори со НЛБ Тутунска банка за купување на целиот имот на агрокомбинатот Џумајлија. Како што дознава „Капитал“, Словенците веќе донеле одлука да го купат комбинатот, кој е втор по големина во државата, но имаат десетина дена за да обезбедат финансиски средства за да ги покријат побарувањата од 10 милиони евра на НЛБ Тутунска банка за неплатени кредити. Според информациите на „Капитал“, словенечкиот инвеститор бил сериозен да го преземе во целост комбинатот и да го рестартира за да почне со работа.
Во меѓувреме, преку извршител НЛБ Тутунска банка успеа да наплати мал дел од долгот кој го има Џумајлија, односно на двете лицитации досега се продадоа дел од резервите на вино складирани во комбинатот, мотелот кој се наоѓа во кругот на компанијата и еден магацин во Милино.
„Засега немам налог за објавување оглас за продажба на останатите делови од Џумајлија. Има шпекулации дека странска компанија е заинтересирана да ја купи целата компанија, но конкретна понуда до мене не е стигната. Деловите кои досега се продадоа не се суштински за работа на комбинатот“, изјави Николчо Саздов, извршителот на НЛБ тутунска банка.
Во меѓувреме, пред десетина дена во Бугарија беше уапсен Зоран Даневски, сопственикот на агрокомбинатот од Лозово, за кој беше распишана меѓународна потерница за злоупотреба на службена должност и продажба на државните резерви на жито. Долгот на Џумајлија кон банките, вработените и кон лозарите се проценува на 15 милиони евра.
http://www.kapital.mk/mk/makedonija/81122/slovenechka_kompanija_go_kupuva_dzhumajlija_.aspx

Се потврдуват твојте муабети,да видиме само на крај што ќе искочи.
 
М

Мартин`

Гостин
Словенечка компанија го купува Џумајлија?
Се потврдуват твојте муабети,да видиме само на крај што ќе искочи.
И од градоначалникот на Лозово е кажано дека имало заинтересирани и најверојатно ќе биде купен агро комбинатот така да..
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.882
Поени од реакции
1.094
Неделава се очекува екстрадиција на Даневски од Бугарија?!

Министерството за правда минатата недела испратило барање до бугарската власт за екстрадиција на Зоран Даневски, сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија. Даневски беше баран со меѓународна потерница за продажба на државните резерви на жито, со што го оштети Буџетот за 1,5 милиони евра, а пред повеќе од еден месец беше уапсен во Бугарија во близина на Банско. Според процедурите, се очекува дека оваа недела ќе биде екстрадиран во државата.
„Барањето за екстрадиција на Зоран Даневски минатата недела е испратено во Бугарија. Сега чекаме информација од бугарското Министерство за правда за тоа дали и кога обвинетиот ќе биде екстрадиран во државата. Според процедурата, очекуваме тоа да се случи во најкраток можен рок“, велат од Министерството за правда. Според нив, процесот за екстрадиција од наша страна е завршен, односно доставени се сите потребни документи за кривичните дела на Даневски до бугарската власт, односно започнат е процесот на екстрадиција.
Даневски беше уапсен при редовна полициска контрола на 23 февруари годинава, која кај него открила лажни документи, а потоа утврдила дека за него трага Интерпол. Екстрадициониот притвор за Даневски, кој трае 45 дена, завршува на 8 април.
Криминалните дела на Зоран Даневски излегоа на виделина на крајот на минатата година, кога сопственикот на вториот по големина комбинат во државата продаде 5.400 тони државно жито оставено на чување во силосите во агрокомбинатот Џумајлија, со што го оштети Буџетот за 1,5 милиони евра и избега од државата. Тој ја остави компанијата во долг од 15 милиони евра за неплатени кредити кон банките, за плати на вработените и за придонеси за државата.
http://www.kapital.com.mk/mk/makedonija/82593/nedelava_se_ochekuva_ekstradicija_na_danevski_od_bugarija_!.aspx
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Неделава се очекува екстрадиција на Даневски од Бугарија?!

Министерството за правда минатата недела испратило барање до бугарската власт за екстрадиција на Зоран Даневски, сопственикот на агрокомбинатот Џумајлија. Даневски беше баран со меѓународна потерница за продажба на државните резерви на жито, со што го оштети Буџетот за 1,5 милиони евра, а пред повеќе од еден месец беше уапсен во Бугарија во близина на Банско. Според процедурите, се очекува дека оваа недела ќе биде екстрадиран во државата.
„Барањето за екстрадиција на Зоран Даневски минатата недела е испратено во Бугарија.
Да не ја врати случајно пченицата во хангарите назад?
Толкава количина на жито се 1000 камиони не е возможно да се скрие тој арамилак освен со договор и знаење на вистинските луѓе од вистинското место.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom