Предзнаци на Судниот ден (Ислам)

S

Sagan

Гостин
Covece dali si svesen so zboruvas.......mozebi si ja procital Biblijata 2 pati.......ali dali si se pokajal od grevovite i dali si go povikal vo srceto Isus Hristos i dali go imas pocuvstvuvano Svetiot Duh?? Da vidis samo koja sila e toa so nemozi da se opisi so zborovi i koja mi go promeni zivotot.......a za hristijani site se narekvat.... a dali go poznavaat vistinski Hristos i dali bile dopreni od Svetiot Duh to e druga rabota....
Абе... човече, кои гревови? Оние што во вашата религија се стекнуваат со самото раѓање и за кои цел живот се молиш да ти бидат простени? Кој свети дух да осетам, алоооо? Пушти тоа телевизорот, види што се дешава по светот, колку гладни, болни, убиени има секој ден? Каде е тој фамозен свет дух?

Ако тебе ти е полесно да живееш со својата религија, јас реков, не се противам на твојата вера. Ама види го насловот на темата! Твојата авраамова религија ти и твоите (и на муслиманите мислам), ја користите за заплашување, уценување и угнетување. Башка што од неа влечете морални принципи, кои, да биде апсурдот невидено огромен, ги наметнувате врз останатите.

Ајде едно конкретно прашање до тебе: Што се смени на Земјата по доаѓањето на вашиот спасител господ Исус Христос?
 
@

!@#$%

Гостин
Абе... човече, кои гревови? Оние што во вашата религија се стекнуваат со самото раѓање и за кои цел живот се молиш да ти бидат простени? Кој свети дух да осетам, алоооо? Пушти тоа телевизорот, види што се дешава по светот, колку гладни, болни, убиени има секој ден? Каде е тој фамозен свет дух?

Ако тебе ти е полесно да живееш со својата религија, јас реков, не се противам на твојата вера. Ама види го насловот на темата! Твојата авраамова религија ти и твоите (и на муслиманите мислам), ја користите за заплашување, уценување и угнетување. Башка што од неа влечете морални принципи, кои, да биде апсурдот невидено огромен, ги наметнувате врз останатите.

Ајде едно конкретно прашање до тебе: Што се смени на Земјата по доаѓањето на вашиот спасител господ Исус Христос?
28 ”Дојдете при Мене сите, кои се трудите и сте обременети, и Јас ќе ви дадам одмор.
29 Земете го Мојот јарем на себе и научете се од Мене, зашто Јас сум кроток и понизен по срце; и ќе најдете одмор на своите души;
30 зашто Мојот јарем е пријатен и Моето бреме е лесно.”
E ova go dava Isus Hristos i samo preku verata vo nego mozes da se spasis....a za po svetot eve so rece Isus za vo krajnite vreminja citaj pazlivo i procitaj go so razmisluvanje bidejki e napisano pred okolu 2000 godini i odgovori mi:
1 Кога Исус излезе од Храмот, одеше натаму; Неговите ученици Му се приближија за да Му ги покажат зградите на Храмот.
2 А Тој им одговори: „Го гледате ли сето ова? Вистина ви велам: нема да остане тука ни камен на камен, што не ќе биде урнат.”
3 Кога седеше пак на Маслиновата Гора, Неговите ученици дојдоа при Него насамо и Му рекоа: „Кажи ни, кога ќе биде тоа и кој е знакот на Твоето доаѓање и на свршетокот на векот?”
4 И Исус одговори и им рече: „Гледајте да не ве заблуди некој;
5 зашто мнозина ќе дојдат во Мое име, говорејќи: „Јас Сум Христос,” и ќе заблудат мнозина.
6 А ќе чуете за војни и гласови за војни. Пазете да не се уплашите; зашто тоа треба да се случи, но уште не е крај.
7 Зашто ќе се дигне народ против народ и царство против царство; и ќе има глад, и помор, и земјотреси на разни места.
8 Но си тоа е само почеток на страдањата.
9 Тогаш ќе ве предадат на маки и ќе ве убиваат, и сите народи ќе ве замразат заради Моето име.
10 Тогаш мнозина ќе се соблазнат; и едниот ќе го предава другиот; и едниот ќе го мрази другиот;
11 и ќе се јават многу лажни пророци и ќе заблудат мнозина.
12 И заради многу беззаконија, љубовта ќе олади кај мнозина.
13 А кој ќе издржи до крај, ќе биде спасен.
14 И ова Евангелие за Царството ќе биде проповедано по целиот свет, за сведоштво на сите народи, и тогаш ќе дојде свршетокот.”
15 ”И така, кога ќе ја видите одвратноста на запустувањето - за која зборува пророкот Даниел - како стои на свето место; кој чита - нека разбере! -
16 Тогаш жителите на Јудеја нека бегаат по горите;
17 а кој ќе биде на покрив, нека не слегува да земе нешто од својата куќа;
18 и кој ќе биде во полето, нека не се враќа за да ја земе наметката!
19 Горко им на бремените и на доилките во тие денови!
20 Молете се вашето бегство да не биде во зима или во сабота,
21 зашто тогаш ќе биде голема мака, каква не била од создавањето на светот досега, ниту ќе биде.
22 И ако не би се скратиле тие дни, не би се спасило ниедно тело. Но заради избраните ќе бидат скратени тие дни.”
23 ”Ако некој ви рече тогаш: ‘Еве, Христос е тука’ или ‘таму’- не верувајте,
24 зашто ќе се појават лажни христоси и лажни пророци, па ќе прават големи знаци и чуда, за да ги заблудат, ако е можно, и избраните.
25 Ете, ви реков однапред!
26 И така, ако ви речат: ‘Ене Го во пустината!’- не излегувајте! ‘Ене Го во една од внатрешните соби!’- не верувајте.
27 Зашто, како што молњата излегува од исток и светка до запад, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
28 Каде ќе биде трупот, таму орлите ќе се собираат!”
29 ”Веднаш по тагата на тие денови, сонцето ќе потемни; месечината нема да ја дава својата светлина; и ѕвездите ќе паѓаат од небото, и небесните сили ќе се расклатат.
30 И тогаш ќе се јави на небото знакот на Човечкиот Син; и тогаш ќе заплачат сите племиња на земјата и ќе Го видат Човечкиот Син, како доаѓа на небесните облаци, со сила и со голема слава.
31 И Тој ќе ги испрати Своите ангели со силен глас на труба и ќе ги соберат Неговите избраници од четирите ветра, од едниот крај на небото до другиот.”
32 ”А од смоквата научете ја поуката! Кога нејзината гранка ќе смекне и ќе пушти лисја, знаете дека летото е близу.
33 Така и вие, кога ќе го видите си тоа, знајте дека е близу - пред вратата!
34 Вистина ви велам, ова поколение нема да помине додека не се збидне си тоа.
35 Небото и земјата ќе поминат, но Моите зборови нема да поминат.”
36 ”А за оној ден и час, никој не знае, ни небесните ангели, а само Мојот Татко.
37 Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на Човечкиот Син.
38 Зашто, како во деновите пред потопот јадеа и пиеја, се женеа и мажеа, до денот кога Ное влезе во ковчегот,
39 и не знаеја додека не дојде потопот и однесе си, така ќе биде и доаѓањето на Човечкиот Син.
40 Тогаш двајца ќе бидат на полето, еден ќе биде однесен, а другиот оставен.
41 Две жени ќе мелат на мелница; едната ќе биде однесена, а другата оставена.
42 Затоа, бдејте, зашто не знаете кога ќе дојде вашиот Господ!
43 А знајте го ова: ако домаќинот би знаел во која ноќна стража ќе дојде крадецот, би бдеел и не би дозволил да му се поткопа куќата.
44 Затоа и вие бидете готови, зашто Човечкиот Син ќе дојде во час, кога не мислите.”
45 И така, кој е оној верен и благоразумен слуга, кого господарот го поставил над слугите свои, за да им дава храна навреме?
46 Блажен е оној слуга, кого неговиот господар - кога ќе дојде - ќе го најде да прави така.
47 Вистина ви велам: ќе го постави над сиот свој имот.
48 Ако пак оној зол слуга рече во своето срце: ‘Мојот господар ќе се забави долго, ‘
49 па почне да ги бие своите сослужители, и да јаде и да пие со пијаниците,
50 господарот на оној слуга ќе дојде во ден, кога не очекува, и во час, што не го знае,
51 па ќе го пресече и ќе го стави меѓу лицемерите. Таму ќе биде плач и чкртање со заби.”
 
V

Vollstandig

Гостин
Covece dali si svesen so zboruvas.......mozebi si ja procital Biblijata 2 pati.......ali dali si se pokajal od grevovite i dali si go povikal vo srceto Isus Hristos i dali go imas pocuvstvuvano Svetiot Duh?? Da vidis samo koja sila e toa so nemozi da se opisi so zborovi i koja mi go promeni zivotot.......a za hristijani site se narekvat.... a dali go poznavaat vistinski Hristos i dali bile dopreni od Svetiot Duh to e druga rabota....
--- надополнето: 29 февруари 2012 во 19:15 ---

Znaci ke ti recam nemam niso protiv Islamot , ali Isus Hristos e ednistvenoto ime preku koe mozeme da se spasime za da ne odime vo pekolot.....i: koj go ispoveduva Sinot , go ima i Tatkoto.....Isus Hristos e edinstveniot pat do Bog!!!

:facepalm:
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Предзнак на судниот ден: Нарекување селам само на познати

Аллах џ.ш. Го пропишал селамот како знак на внимание човечност и специфични врски помеѓу луѓето. Така помладиот му кажува селам на постариот, богатиот на сиромашниот, арап кон неарап, белецот на црнецот и обратно, значи селам се нарекува кон секој и кажува секој, дали ние го знаеле тој или не.
Аллаховиот Пратеник а.с. затоа кажал:
„Нема да влезете во џеннет(рајот) се додека не верувате, а нема да верувате се додека не се сакате меѓусебно; сакате ли да ве упатам на нешто кое ако го правите ќе се заскате?! Ширете го селамот помеѓу вас.“[1]
А од презнаците на Судниот ден е да се вика селам само на оние кои ги познаваме , а да не ги селамиме оние кои не ги познаваме иако суннет е да се нарекува селам на сите муслимани, без разлика дали го познавате или не.
Од Ебу Џада се пренесува дека реклол:„ Некој човек го сретнал Абдуллах, па му нарекол селам: „Есселаму алејкум О Ибн Месуде! А Ибн Месуд одвратил:
„Вистината ја кажал Аллах и Неговиот Пратеник, навистина го имам слушнато Аллаховиот Пратеник а.с. дека вели : „Навистина од предзнаците на Судниот Ден е човек да дојде и да помине покрај џамија, а да неклања (ниту) два реката и да не вика селам освен на оној кој го познава.“[2]
А во познатиот хадис во кој некој човек го запрашал Пратеникот а.с. кој ислам е најдобар, тој му одговорил:
„Да се дели храна , да се нарекува селам на оној кој го познаваш и на оној кој не го познаваш.“[3]
 
I

Iblis

Гостин
Брате пропадна теоријата за крај на светот, пргеска играјајки дота(да да онаа игрицата ) со Иранец си разменивме по еден селам, не се секирај само што во обезбедив дополнително време да пишувате на темава.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Научниците во обид да ја спречат смртта


Околу прашањето за бесмртноста, која со векови ја окупира науката, се ангажираа и американските новинари, кои истражувајќи ги актуелните научни достигнувања, опишаа пет техники со помош на кои ќе може да се продолжи „рокот на траење“ на човечкото тело и ум. Тоа продолжување незначи дека „вечноста“ ќе биде достигната. Ова вековно прашање е истото она што шејтанот(ѓаволот) му го дошапнал на Адем(Адам) а.с. „А шејтанот почна да му бае и да му зборува:
„О, Адеме, сакаш ли да ти го покажам дрвото
на бесмртноста и царството кое нема да исчезне?“ “

Смртта ќе мора да настапи на еден или друг начин. Аллах за тоа веќе не известил во Својата Последна Објава - Куранот.
35. Секое живо суштество смртта ќе ја искуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите.(Ел Енбија)
Но да видиме што велат научниците.
Ослободување на потенцијалот на нашите гени
Единствената работа која нè спречува да живееме долго според научниците е ензимот со име теломераза. Дегенерацијата на нашите клетки, која предизвикува стареење на телото и брчки на лицето, според нив е всушност резултат од одредени механизми, кои научниците сеуште ги откриваат.

Имено, судејќи според основата на она што денес го знаеме, стареењето не е нешто неизбежно. Аллах ни нуди многу примери на животни кои во специфични услови (средина без бактерии и природни катастрофи), можат да живеат долговечно.Тука спаѓаат желките, некои видови на медузи и растенија.

Теломеразата е ензим кој ги обвива краевите на нашата ДНК и го спречува нејзиното одмотување. За жал, секогаш кога ќелијата ќе се подели, еден дел од теломеразата неповратно се губи, што значи дека секогаш кога раните ни зараснуваат или кога децата растат, се нарушува способноста на телото во потполност да се регенерира. Научниците веруваат ако успеат да ја спречат загубата на теломеразата, процесот на стареење би можел да се запре.

Американските автори Реј Курцвејл и Тери Гросмен веруваат дека во иднина ќе бидеме способни да ги блокираме гените кои предизвикуваат болести, како и да вметнуваме потполно нови гени, кои би ни пружиле нови способности, како менување на бојата на очите. Сепак сево ова засега е само теорија и освен продолжување на животниот век други ефекти се само претпоставка.


„Upload “ на умот
„Upload “ на умот е токму тоа, префрлање на сите податоци од мозокот на некоја личност во компјутер. Иако звучи како ефтин трик од американски Sci-Fi филм, научниците се блиску до оваа можност, особено од аспект на хардверот. Проценките за видот и брзината на хардверот потребен за копирање на човечкиот мозок сеуште не се веродостојни бидејќи нашиот мозок ги складира податоците на потполно различен начин. На пример, ако ги собереме сите неврони, нивниот вкупен капацитет изнесува само неколку гигабајти, што е помалку од просечна USB стик меморија. Но, мозокот користи флексибилен систем за чување на информациите кој во нашата глава успева да вметне околу 2,5 петабајти, однодно 2.500.000 гигабајти податоци. Ваквите бројки веќе ги имаме достигнато. Имено, компанијата Blizzard користи околу 1,3 петабајти само за играта „World of Warcraft“. Очигледно е дека сеуште немаме компјутери кои се способни да ги имитираат човечките мисловни процеси, но тоа е така бидејќи не знаеме доволно за начинот на кој мозокот ги обновува сеќавањата и пристапува до податоците. Овие се првите чекори кон конечната цел – дигитално снимање на човечкиот ум, а според некои проценки тоа би можело да се оствари за 30 до 50 години.
Но и ваквото собирање податоци неможе да ни донесе вечност во духовна смисла, туку само собирање на податоци од нашиот мозок и реплицирање на тоа што веќе е создадено од Возвишениот Аллах.

Реконструкција на клетките и нанотехнологија
Кога станува збор за нанотехнологијата, лесно е да се претера со очекувањата и да се игнорираат ограничувањата. Научниците, со изградбата на синтетички молекули кои се вметнуваат во нановлакната, успешно реконструираа оптички нерв на слеп хрчак. Во тек е и експеримент за изградба на наноробот кој ќе ги пронаоѓа и уништува клетките на ракот. Реј Курцвејл смета дека според сегашните достигнувања во нанотехнологијата, од долговечноста сме оддалечени околу 20 години. Според него, ако доволно ја намалиме големината на нанороботите и истовремено ја зголемиме нивната способност, тие би можеле да станат вештачки јадра кои би биле замена за нашите клетки. Секако, сето ова би нè претворило во зомби, но никој не смее да и’ застане на патот на напредната наука, нели?



Клонирање на делови или на целото тело
Клонирањето на луѓе, иако до сега никој го нема сторено, не е невозможно. Клонирањето на делови на телото дури е предложено како начин на кој луѓето би си го продолжиле животниот век.

Станува збор за две можноти. Првата е производство на нови, здрави органи, кои ќе бидат целосно направени од ваши ткива, со што телото со сигурност нема да ги отфрли. Со нив, по потреба, би се заменувале органите со кои сте родени. Идејата воопшто не е занемарлива, со оглед на фактот што луѓето најчесто умираат од откажување на некој од виталните органи.

Другиот метод веројатно никогаш нема да заживее, бидејќи вклучува клонирање на целото тело и пресадување на мозокот од старото. На тој начин, во рок од еден ден, човекот би можел да скокне од 70 на 20 години. Но сепак фракештајн е само замисла и идеја која влече корени стотина години. Ова влече и друго нешто кое денес е многу присатно, а тоа е бизнис и препродажба на органи.


Киборзи
Ако нешто сме научиле од филмовите, тоа е дека се ближи денот кога човекот успешно ќе може да се претвори во Робокап. Човекот е познат по употребата на алати, што е една од главните способности со кои се издвојуваме од животните.

Киборгот претставува кибернетски организам кој се состои од вештачки и природни делови, или, како што денес најчесто се гледа на тоа, организам кој има подобрени способности благодарение на технологијата.

Па така, дури и ако ни пропаднат плановите чиј предмет е генетската манипулација, или ако не успееме да отвориме фабрики за „вештачки“ органи, секогаш ќе можеме да се потпреме на нашата вештина за произведување на неверојатни машини.

Како едно чудо со кое што не запознал Куранот е и тоа дека човекот ќе замислува да стане суштество кое нема да умре и кое нема да биде оживеано. Човекот својата надеж на долговечност ја гледа во материјата, а тоа се елементи кои се цврсти и ќе трајат подолго, како што е железото например. Погледнете како Аллах во следните ајети ни укажува на таа наша погрешна замисла:

-49. Тие велат: „Зарем кога во коски и прашина ќе се сториме, навистина како нови суштества ќе бидеме оживеани?“
50. Кажи: „Ќе бидете, дури и да сте камења или железо,
51. или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ - Ти кажи: „Можеби набрзо.“ (Поглавје Ел Исра)

Аллах во Куранот ни ги објаснил нашите аспирации и воедно ни дал одговор на нашите замисли дека преку материјата ќе се обидеме да достигнеме вечност. Но Тој ни објаснил дека тоа е невозможно, и дека без разлика на нашите научни и други можности ќе треба да Му се вратиме на одговорност па дури и да сме било„... какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано...“, па затоа ни укажува за тагата на верниците што ќе ја имаат што не останале за повеќе да работат добри дела,

-52. Ќе биде во Денот кога Тој ќе ве повика, и вие благодарејќи Му, ќе се одѕвиете, и само уште малку време да останевте, ќе помислите.(Поглавје Ел Исра)
-10. Тие велат: „Зарем, кога ќе исчезнеме под земјата, повторно создадени ќе бидеме?“ Тие во средбата со својот Господар не веруваат.
11. Кажи: „Мелекот(ангелот) на смртта, кој за тоа ви е одреден, душите ќе ви ги земе, а потоа кај Господарот свој ќе се вратите.“(Eс Сеџда)
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
Ебу Хурејре, радијаллаху анху, пренесува дека Аллаховиот Пратеник, салаллаху алејхи ве селлем, во една прилика ги прашал своите асхаби:
“Како ќе се однесувате кога жените ќе ви се одадат на блудот,
а младите ќе ви западнат во фиск – грев,псовки и коцка!?“
Зарем може да дојде такво време, о Аллахов Пртаенику?“ Прашаа тие. Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем, рече:
“Може и полошо од тоа.“
„Па зарем може да биде и полошо од тоа?“-запрашаа повторно.
“Може. Тогаш кога нама да наредувате добро, и нема да забранувате зло“ рече Аллаховиот Пратеник,салаллаху алејхи ве селлем. “
А зарем може да дојде такво време?“ – повторно прашаа асхабите.
“Може и од тоа полошо. Тогаш кога доброто ќе го сметате за зло, а злото за добро.“
„А зарем може да дојде такво време, о Аллахов Пратенику?“-по трет пат прашаа асхабите.
“Може и полошо“ – одговори Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем. “
А зарем може да биде полошо,о Аллахов Прaтенику?“ – со чудење прашале асхабите.
“Може. Кога ќе наредувате зло, а ќе го забранувате доброто“ – одговори Пратеникот, салаллаху алејхи ве селлем.“

( Муснед, Ебу Ја'ала, 11/343., бр.5204.; Меџме'ул-Зева'ид, Хејсеми,бр.122110.)


Ova e eden od predznacite na Sudniot den!
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
А ќе го биде скоро? Мислам судниот ден? Што толку одложување мајка му стара?

Дајте еднаш нека дојде, да се преброиме кој за каде е, и фино лепо секој со среќата. Вака само празни закани слушаме...
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106


Појава на злосторници кои ќе ги удираат луѓето

Во предзнак на Судниот ден како што не извести Пратеникот а.с., спаѓаа и појава на надредени, владетели и силници кои ќе ги ги удираат луѓето со камшици и предмети од дрво и сл.
Од Ебу Уммаме р.а. се пренесува дека Ресуллуллах саллаллаху алејхи ве селем кажал, : „Пред Судниот ден ќе бидат луѓе кои ќе носат камшици како кравји опаши, дење ќе заминуваат со Аллахов гнев, и ноќе ќе заминуваат со Аллахов гнев.“[1]
Аллаховиот Пратеник а.с. во еден хадис кој го пренесува Ебу Хурејре , р.а. го пренесува следново. „Две врсти на луѓе на мојот Уммет[2] се уште не сум видел.. едни од нив се оние кои носат камшици како кравји опаши и ги удираат луѓето со нив..“[3]
Од Ебу Хурејре р.а. исто така се пренесува дека Ресуллуллах а.с. кажал: „Ако подолго поживееш веројатно ќе видиш луѓе кои преку ден одат со Аллахов гнев, а ноќе заминуваат со Неговото проклетство, а во раце им се камшици како кравји опаши.“[4]
Иако не е спомнато овде дека ги камшикуваат луѓето, овој хадис се однесува дека врз нив е Аллаховото проклетство бидејќи се силници и злосторници, односно чинат неправда врз луѓето.

[1] Ахмед
[2] Заедницата на муслиманите
[3] Муслим
[4] Муслим
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.199
Појава на злосторници кои ќе ги удираат луѓето

Во предзнак на Судниот ден како што не извести Пратеникот а.с., спаѓаа и појава на надредени, владетели и силници кои ќе ги ги удираат луѓето со камшици и предмети од дрво и сл.
Навистина, баш вчера се појавија. До вчера немаше вакви кои удираат други луѓе.


It must be a sign...

:vozbud:
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Навистина, баш вчера се појавија. До вчера немаше вакви кои удираат други луѓе.


It must be a sign...

:vozbud:
Па во тоа време неамло васпитачи и полиција која тепа, само војска.. тоа е карактеристика на опресивните режими да го „регулираат“ народот.
 
M

Muranyi

Гостин
Зошто Бог би го уништил сето тоа што го создал?Која е потребата од концептот на крајот на светот,кој така упорно се провлекува во религиите?За да се плашат луѓето ли?Сите овие знаци кои ги напишавте,се премногу воопштени,покрај тоа и не можеш да исклучиш дека се случувале во минатото.Вака изгледа како интересна приказна,како луѓето порано да живееле во мир и благосостојба.Појава на насилници кои ќе тепаат?Па од кога човештвото памети за себе,секогаш имало насилници и угнетени,тепачи и тепани.
 
Член од
28 ноември 2011
Мислења
246
Поени од реакции
106
Зошто Бог би го уништил сето тоа што го создал?Која е потребата од концептот на крајот на светот,кој така упорно се провлекува во религиите?За да се плашат луѓето ли?Сите овие знаци кои ги напишавте,се премногу воопштени,покрај тоа и не можеш да исклучиш дека се случувале во минатото.Вака изгледа како интересна приказна,како луѓето порано да живееле во мир и благосостојба.Појава на насилници кои ќе тепаат?Па од кога човештвото памети за себе,секогаш имало насилници и угнетени,тепачи и тепани.
овде е потенцирано дека ќе имаат камшици, што порано го немало , дека истите ќе служат за да ги малтретираат и тепаат луѓето.Тој начин се појавил подоцна, за време на ропството кое го примениле белите над црните, како и колонизаторските режими над колониите..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom