Научниците во обид да ја спречат смртта
Околу прашањето за бесмртноста, која со векови ја окупира науката, се ангажираа и американските новинари, кои истражувајќи ги актуелните научни достигнувања, опишаа пет техники со помош на кои ќе може да се продолжи „рокот на траење“ на човечкото тело и ум. Тоа продолжување незначи дека „вечноста“ ќе биде достигната. Ова вековно прашање е истото она што шејтанот(ѓаволот) му го дошапнал на Адем(Адам) а.с.
„А шејтанот почна да му бае и да му зборува:
„О, Адеме, сакаш ли да ти го покажам дрвото
на бесмртноста и царството кое нема да исчезне?“ “
Смртта ќе мора да настапи на еден или друг начин. Аллах за тоа веќе не известил во Својата Последна Објава -
Куранот.
35. Секое живо суштество смртта ќе ја искуси! Ние ве ставаме на искушение и во добро и во зло и Нам ќе ни се вратите.(Ел Енбија)
Но да видиме што велат научниците.
Ослободување на потенцијалот на нашите гени
Единствената работа која нè спречува да живееме долго според научниците е ензимот со име теломераза. Дегенерацијата на нашите клетки, која предизвикува стареење на телото и брчки на лицето, според нив е всушност резултат од одредени механизми, кои научниците сеуште ги откриваат.
Имено, судејќи според основата на она што денес го знаеме, стареењето не е нешто неизбежно. Аллах ни нуди многу примери на животни кои во специфични услови (средина без бактерии и природни катастрофи), можат да живеат долговечно.Тука спаѓаат желките, некои видови на медузи и растенија.
Теломеразата е ензим кој ги обвива краевите на нашата ДНК и го спречува нејзиното одмотување. За жал, секогаш кога ќелијата ќе се подели, еден дел од теломеразата неповратно се губи, што значи дека секогаш кога раните ни зараснуваат или кога децата растат, се нарушува способноста на телото во потполност да се регенерира. Научниците веруваат ако успеат да ја спречат загубата на теломеразата, процесот на стареење би можел да се запре.
Американските автори Реј Курцвејл и Тери Гросмен веруваат дека во иднина ќе бидеме способни да ги блокираме гените кои предизвикуваат болести, како и да вметнуваме потполно нови гени, кои би ни пружиле нови способности, како менување на бојата на очите. Сепак сево ова засега е само теорија и освен продолжување на животниот век други ефекти се само претпоставка.
„Upload “ на умот
„Upload “ на умот е токму тоа, префрлање на сите податоци од мозокот на некоја личност во компјутер. Иако звучи како ефтин трик од американски Sci-Fi филм, научниците се блиску до оваа можност, особено од аспект на хардверот. Проценките за видот и брзината на хардверот потребен за копирање на човечкиот мозок сеуште не се веродостојни бидејќи нашиот мозок ги складира податоците на потполно различен начин. На пример, ако ги собереме сите неврони, нивниот вкупен капацитет изнесува само неколку гигабајти, што е помалку од просечна USB стик меморија. Но, мозокот користи флексибилен систем за чување на информациите кој во нашата глава успева да вметне околу 2,5 петабајти, однодно 2.500.000 гигабајти податоци. Ваквите бројки веќе ги имаме достигнато. Имено, компанијата Blizzard користи околу 1,3 петабајти само за играта „World of Warcraft“. Очигледно е дека сеуште немаме компјутери кои се способни да ги имитираат човечките мисловни процеси, но тоа е така бидејќи не знаеме доволно за начинот на кој мозокот ги обновува сеќавањата и пристапува до податоците. Овие се првите чекори кон конечната цел – дигитално снимање на човечкиот ум, а според некои проценки тоа би можело да се оствари за 30 до 50 години.
Но и ваквото собирање податоци неможе да ни донесе вечност во духовна смисла, туку само собирање на податоци од нашиот мозок и реплицирање на тоа што веќе е создадено од Возвишениот Аллах.
Реконструкција на клетките и нанотехнологија
Кога станува збор за нанотехнологијата, лесно е да се претера со очекувањата и да се игнорираат ограничувањата. Научниците, со изградбата на синтетички молекули кои се вметнуваат во нановлакната, успешно реконструираа оптички нерв на слеп хрчак. Во тек е и експеримент за изградба на наноробот кој ќе ги пронаоѓа и уништува клетките на ракот. Реј Курцвејл смета дека според сегашните достигнувања во нанотехнологијата, од долговечноста сме оддалечени околу 20 години. Според него, ако доволно ја намалиме големината на нанороботите и истовремено ја зголемиме нивната способност, тие би можеле да станат вештачки јадра кои би биле замена за нашите клетки. Секако, сето ова би нè претворило во зомби, но никој не смее да и’ застане на патот на напредната наука, нели?
Клонирање на делови или на целото тело
Клонирањето на луѓе, иако до сега никој го нема сторено, не е невозможно. Клонирањето на делови на телото дури е предложено како начин на кој луѓето би си го продолжиле животниот век.
Станува збор за две можноти. Првата е производство на нови, здрави органи, кои ќе бидат целосно направени од ваши ткива, со што телото со сигурност нема да ги отфрли. Со нив, по потреба, би се заменувале органите со кои сте родени. Идејата воопшто не е занемарлива, со оглед на фактот што луѓето најчесто умираат од откажување на некој од виталните органи.
Другиот метод веројатно никогаш нема да заживее, бидејќи вклучува клонирање на целото тело и пресадување на мозокот од старото. На тој начин, во рок од еден ден, човекот би можел да скокне од 70 на 20 години. Но сепак фракештајн е само замисла и идеја која влече корени стотина години. Ова влече и друго нешто кое денес е многу присатно, а тоа е бизнис и препродажба на органи.
Киборзи
Ако нешто сме научиле од филмовите, тоа е дека се ближи денот кога човекот успешно ќе може да се претвори во Робокап. Човекот е познат по употребата на алати, што е една од главните способности со кои се издвојуваме од животните.
Киборгот претставува кибернетски организам кој се состои од вештачки и природни делови, или, како што денес најчесто се гледа на тоа, организам кој има подобрени способности благодарение на технологијата.
Па така, дури и ако ни пропаднат плановите чиј предмет е генетската манипулација, или ако не успееме да отвориме фабрики за „вештачки“ органи, секогаш ќе можеме да се потпреме на нашата вештина за произведување на неверојатни машини.
Како едно чудо со кое што не запознал Куранот е и тоа дека човекот ќе замислува да стане суштество кое нема да умре и кое нема да биде оживеано. Човекот својата надеж на долговечност ја гледа во материјата, а тоа се елементи кои се цврсти и ќе трајат подолго, како што е железото например. Погледнете како Аллах во следните ајети ни укажува на таа наша погрешна замисла:
-49. Тие велат: „Зарем кога во коски и прашина ќе се сториме, навистина како нови суштества ќе бидеме оживеани?“
50. Кажи: „Ќе бидете, дури и да сте камења или железо,
51. или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ - Ти кажи: „Можеби набрзо.“ (Поглавје Ел Исра)
Аллах во Куранот ни ги објаснил нашите аспирации и воедно ни дал одговор на нашите замисли дека преку материјата ќе се обидеме да достигнеме вечност. Но Тој ни објаснил дека тоа е невозможно, и дека без разлика на нашите научни и други можности ќе треба да Му се вратиме на одговорност па дури и да сме било„
... какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано...“, па затоа ни укажува за тагата на верниците што ќе ја имаат што не останале за повеќе да работат добри дела,
-52. Ќе биде во Денот кога Тој ќе ве повика, и вие благодарејќи Му, ќе се одѕвиете, и само уште малку време да останевте, ќе помислите.(Поглавје Ел Исра)
-10. Тие велат: „Зарем, кога ќе исчезнеме под земјата, повторно создадени ќе бидеме?“ Тие во средбата со својот Господар не веруваат.
11. Кажи: „Мелекот(ангелот) на смртта, кој за тоа ви е одреден, душите ќе ви ги земе, а потоа кај Господарот свој ќе се вратите.“(Eс Сеџда)