Кучиња (грижа, општи дискусии)

Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Здраво ! Денес баш му земав на кучево поводник и пробав малку да го прошетам низ дома затоа што денес му е прв пат. Му дадов да го помириса, потоа го ставив и го погалив ама несака баш да оди, скока во место и се врти. Чаре некое ?
 
N

Nessa Alcarin

Гостин

И ти па многу му се тресеш.... Еднаш двапати ќе се навикне. Неможеш да очекуваш само од себе да почне да оди, затоа и се вика подводник. Треба ти да му покажеш што сакаш да прави. Прави кругови околу маса дома, ќе се навикне. Мојата првиот пат кога и ставив подводник се здрви во место и ништо не правеше, но јас ќе ја повлечам малце и со фини пријатни зборови (за да знае дека нема ништо страшно), полека полека се опушти. :)
 
B

Black Guard

Гостин
Смеам ли на џина да и давам еклери да јаде оти некои викаат не чинело,исто и тешка храна како бурек??
 
Член од
24 декември 2011
Мислења
150
Поени од реакции
24
Хмм а што мислите дали околувратникот да му го ставам уште од сега за да се навикне или да го ставам само пред шетање ?
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Луѓе пазате си ги кучињата!
На големо се фрла низ Скопје отров, мене се ми изгледа на дело на Коце заради беснилото што се пренесе од мачка па ова е некоја акција за бездомните.
Отровот е чудо...за 5-10 мин се умира.

Моето вчера едвај ми се спаси, се изнамучи, со саати го спасуваа на ветеринар.
Да дознаам кој го остава отровот има да го има на последна страна во Дневник!
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Смеам ли на џина да и давам еклери да јаде оти некои викаат не чинело,исто и тешка храна како бурек??
Си видел некаде да се продаваат еклери за кучиња или пак бурек за кучиња?
Мислам дека тоа објаснува се....
--- надополнето: 6 март 2012 во 12:16 ---
Хмм а што мислите дали околувратникот да му го ставам уште од сега за да се навикне или да го ставам само пред шетање ?
Мое мислење и мое искуство е дека окулувратникот треба да биде за надвор и кога кучето ќе го види да го асоцира на шетање. Јас не преферирам да го носи цело време поради тоа што ги нервира и им се јавуваат јадежи на тоа место, што не е баш позитивно. Ќе си се навикне, имај трпение, не го форсирај.
--- надополнето: 6 март 2012 во 12:17 ---
Луѓе пазате си ги кучињата!
На големо се фрла низ Скопје отров, мене се ми изгледа на дело на Коце заради беснилото што се пренесе од мачка па ова е некоја акција за бездомните.
Отровот е чудо...за 5-10 мин се умира.

Моето вчера едвај ми се спаси, се изнамучи, со саати го спасуваа на ветеринар.
Да дознаам кој го остава отровот има да го има на последна страна во Дневник!
Ај појасни каде точно има расфрлено отров, кај ти се отруло кучето? Вака, низ Скопје само е малку широк поим...
 
maca_kaka'

тiƒosi јаossoηeјаo
Член од
6 октомври 2007
Мислења
3.515
Поени од реакции
640
Си видел некаде да се продаваат еклери за кучиња или пак бурек за кучиња?
Мислам дека тоа објаснува се....
--- надополнето: 6 март 2012 во 12:16 ---

Мое мислење и мое искуство е дека окулувратникот треба да биде за надвор и кога кучето ќе го види да го асоцира на шетање. Јас не преферирам да го носи цело време поради тоа што ги нервира и им се јавуваат јадежи на тоа место, што не е баш позитивно. Ќе си се навикне, имај трпение, не го форсирај.
--- надополнето: 6 март 2012 во 12:17 ---

Ај појасни каде точно има расфрлено отров, кај ти се отруло кучето? Вака, низ Скопје само е малку широк поим...
Јас живеам подалеку од центар и до сеа немаше барем тука такви работи.
За 5 мин му делуваше отровот, среќа е силно куче па издржа додека го однесовме на ветеринар.

А во амбулантата ми кажаа дека овие 2 дена само отруени кучиња се носат. Во бели книвчиња\ салфетки е отровот, шетајте ги само со маски!!!!

И какви оштетувања може сега да има? :(
 
Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Еклери недај боже,може д аму го ослабе видот така делува благото на животните(мислам тие сложените јагелхдирати) додека компирот,оризот,тиквата благотворно делуваат!
Ниту јас не се согласувам за подводник целовреме,може само огрлица знаеш со име напишано некоја тенка не кожена ниту платнена туку од свила! поздрав :D
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Јас живеам подалеку од центар и до сеа немаше барем тука такви работи.
За 5 мин му делуваше отровот, среќа е силно куче па издржа додека го однесовме на ветеринар.

А во амбулантата ми кажаа дека овие 2 дена само отруени кучиња се носат. Во бели книвчиња\ салфетки е отровот, шетајте ги само со маски!!!!

И какви оштетувања може сега да има? :(
Па сум чула за еден тон оштетувања после тровање, али исто така сум чула и за кучиња кои што ништо не им било после тоа, све на све, зависи од отровот и од времетраењето на санирање на истиот... валда сигурно ти кажале дека треба да се држи на конкретна диета и што треба да му даваш додека се врати во нормала.... сум го немала проблемов (среќа нели), така да не сум сигурна што оштетувања конкретно можат да дојдат како последица...
 
Член од
5 октомври 2009
Мислења
74
Поени од реакции
7
Ме интересира дали може на куче без никакво педигре , ни од родители ни од постари предци (баби, дедовци итн..) може да му се извади педигре?

Поздрав.
 
Член од
22 декември 2011
Мислења
1.291
Поени од реакции
1.285
Ме интересира дали може на куче без никакво педигре , ни од родители ни од постари предци (баби, дедовци итн..) може да му се извади педигре?

Поздрав.
Мислам дека е возможно, но тоа сигурно ќе биде условно педигре, е тек после за малечките (во зависност од квалитетот), може да биде нормално. Но не сваќам што ќар од тоа ливче хартија, само фрлање пари, ако ти се познати мајката и таткото не ти треба реално. Немаш корист, не можеш да идеш по изложби, е единствено само ради парење да ти биде, али кој знај дал некој ќе ти се нафати со условно педигре.
А за што куче станува збор?
 
Член од
29 август 2008
Мислења
2.646
Поени од реакции
931
Смеам ли на џина да и давам еклери да јаде оти некои викаат не чинело,исто и тешка храна како бурек??
Исклучиво тулумби со екстра шербет, еклерот не е препорачан поради кремот во него.:ROFLMAO:
 
B

Black Guard

Гостин
Јасно,али кај бурек,пити сарајлиња нема проблем...грев ми е да ја хранам со храна за кучиња бидејќи е ужасна со вкус на црева..па тоа е катастрофа
 
Член од
6 септември 2007
Мислења
1.361
Поени од реакции
2.176
Јасно,али кај бурек,пити сарајлиња нема проблем...грев ми е да ја хранам со храна за кучиња бидејќи е ужасна со вкус на црева..па тоа е катастрофа
Ако ти е грев да го храниш со таа храна- ќе си купиш поквалитетна која ќе си ги содржи сите состојки што му требаат на кучето. Бурекот и питите немаат хранлива вредност за него.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Мојата лошка збеснува кога ќе отворам чоколадо. Сигурно мирисот и е многу јак и добар, па ќе почне да моли, па ќе ме лиже, па ќе седне пред мене и ќе се оближува... и како да не и дадам. Колку да ја залажам и да немам грижа на совест :D и кршам најмала можна ронка чоколадо. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom