Убиството во Христијанството

G

galaxy

Гостин
...
Библијата е полна со метафори но нејзината основа е јасна и во себе ги содржи сите општо човечки вредности. Што се однесува до газење здрав разум и етика, кажи ми што е неетично во тоа да бидеш војник и да убиваш агресори? Што е неетички во убивањето некој што може да те убие тебе? Ниедна поважна религиска или филозофска школа не е против самоодбрана.
Нема ништо неетично, барем според мене, ама е грев според Библијата. Ако некој е војник, убива за државата. Според Библијата, единствено дозволено е убивање заради верност кон Бог и Божјите заповеди.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.707
Поени од реакции
13.379
Mjolnir, збориш за одбрамбена војна? Тоа ти е исто као изрекава: Fighting for peace is like fucking for virginity. Која одбрамбена војна во WWII кај русите коа после стигнаа до Берлин? Или па која одбрамбена војна во Ирак? Немој молимте.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Нема ништо неетично, барем според мене, ама е грев според Библијата. Ако некој е војник, убива за државата. Според Библијата, единствено дозволено е убивање заради верност кон Бог и Божјите заповеди.
Тоа е твое мислење. Според други тоа не е така.
--- надополнето: 5 март 2012 во 13:53 ---
Mjolnir, збориш за одбрамбена војна? Тоа ти е исто као изрекава: Fighting for peace is like fucking for virginity. Која одбрамбена војна во WWII кај русите коа после стигнаа до Берлин? Или па која одбрамбена војна во Ирак? Немој молимте.
Па затоа нели постои и Божјиот суд, тој после одредува кој бил во право кој не бил и така одредува кој каде треба да оди после смртта. Тоа е тоа.
 
Член од
21 ноември 2011
Мислења
884
Поени од реакции
410
како што ја толкува smart ass не е применлива. Која е таа религија што дозволува нејзините верници да бидат газени од ќотек убивани и на крај уште и да си молчат. Толкувањата му се погрешни и извадени од контекст, си има толкувања на цркви и теолози тие се релевантни и логични.
hristijanstvoto go pravi toa
 
G

galaxy

Гостин
Тоа е твое мислење. Според други тоа не е така.
Се разбира. Затоа никој разумен во секуларниот свет не ја зема Библијата како оправдување за убиство. (Освен со цел за популаризирање на лични мислења) Ако ја зема за оправдување треба да ги убива и оние кои работат во сабота, или немирните деца. Затоа постојат судови, закони, акти... На тој што ги пишувал религиозните книги не му текнало дека општи правила може секој различно да ги протолкува и дека моралот е субјективен и релативен.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
10те заповеди се од Стариот Завет. Еве што друго вели Стариот Завет (кога веќе играме на картата на цитати иако мислам дека е погрешно) во врска со самоодбрана, војна...
- Излез 22-2 и 3
2 Ако крадецот биде затекнат како го пробива ѕидот, па му биде зададен смртоносен удар, неговата крв не треба да биде одмаздувана.
3 Но ако е сонцето веќе изгреано, неговата крв треба да биде одмаздена. Крадецот треба да ја надомести штетата. Ако нема ништо, тој треба да биде продаден за неговата кражба.
- 1 Самуил 25-13
13 А Давид им рече на своите луѓе: „Препашете го секој својот меч!” И го препашаа секој својот меч, и Давид го препаша својот, и околу четири стотини луѓе тргнаа по Давида, додека двеста останаа кај товарот.
- Псалм 144 - 1
1 Давидов псалм. Благословен да биде Господ, мојата карпа, Кој ми ги учи рацете за бој, а прстите за војна.
Новиот Завет.
- Лука 22 - 35
35Потоа Исус ги праша Своите ученици: „Кога ве испратив на претходната мисија без ќесиња, без торби и чевли, дали бевте во скудност за нешто?“ Тие Му одговорија: „Не, за ништо!“ 36Но овојпат ви велам: „Кој има ќесе или торба, нека ги земе со себе; и кој нема меч, нека си го продаде палтото и нека си купи меч. 37Зашто, еве, ви кажувам дека за Мене мора да се исполни она што е претскажано[b] во Светото Писмо:
„Тој ќе биде осуден како да е злосторник!“ Тоа ќе се оствари за Мене сега.
38Учениците Му рекоа: „Господе, имаме два ножа!“ А Тој им рече: „Доволно зборувавме за тоа!“

?

..........

Гостин
Насловот беше за Библијата затоа и се вклучив.
Чекај сеа сконцентрирај се, дозволено е или не е дозволено убивањето во христијанската религија?
одговори со да ли не....ова е такво прашање.....бог не го интересират твоите земни објаснувања, за извршените убиства...или дали црквата рекла едно, па по 100 години апгрејт, па инаку..ова старото не се важи:pos:
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Се разбира. Затоа никој разумен во секуларниот свет не ја зема Библијата како оправдување за убиство. (Освен со цел за популаризирање на лични мислења) Ако ја зема за оправдување треба да ги убива и оние кои работат во сабота, или немирните деца. Затоа постојат судови, закони, акти... На тој што ги пишувал религиозните книги не му текнало дека општи правила може секој различно да ги протолкува и дека моралот е субјективен и релативен.
Му текнало како не му текнало, затоа имал Исус апостоли ученици,а денешните цркви се сметаат за наследници на тие апостоли.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Чекај сеа сконцентрирај се, дозволено е или не е дозволено убивањето во христијанската религија?
одговори со да ли не....ова е такво прашање.....бог не го интересират твоите земни објаснувања, за извршените убиства...или дали црквата рекла едно, па по 100 години апгрејт, па инаку..ова старото не се важи:pos:
Нема никаков апгрејд ти дадов цитати од Библијата. Библијата не е само 10 божји заповеди. Како може еден цел човечки начин на живеење да се организира само со 10 реченици? Затоа постои цела Библија. А што го интересира Бог и дали постои ќе видиме кога ќе умреме. Сигурен сум дека доколку постои поприфатливи ќе му бидат моите размислувања и мојот начин на живот отколку твојот :)
--- надополнето: 5 март 2012 во 14:12 ---
Јас се сметам за наследник на Цезар.
А колку луѓе веруваат во тоа? А колку луѓе веруваат во тоа дека црквите се наследници на учениците на Исус? И да те потсетам црковните лица не решиле туку така да речат еј ние од денес ја шириме вистината за Исус. Туку тоа учење се предавало од човек на човек од времето кога Исус одел на Земјата.
 
Мачорка

Shining Star of Paektu Mountain
Член од
25 февруари 2011
Мислења
1.955
Поени од реакции
12.543
А колку луѓе веруваат во тоа? А колку луѓе веруваат во тоа дека црквите се наследници на учениците на Исус? И да те потсетам црковните лица не решиле туку така да речат еј ние од денес ја шириме вистината за Исус. Туку тоа учење се предавало од човек на човек од времето кога Исус одел на Земјата.
Argumentum ad populum.
Toa што многу луѓе веруваат во нешто, ни најмалку не докажува дека тоа е вистина.
Во минатото многу луѓе верувале дека Земјата е плоча што ја носат китови, па после верувале дека Земјата е центар на Универзумот а Сонцето се врти околу неа, а ништо од ова не е точно.
Аргументот ти е невалиден.
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Argumentum ad populum.
Toa што многу луѓе веруваат во нешто, ни најмалку не докажува дека тоа е вистина.
Во минатото многу луѓе верувале дека Земјата е плоча што ја носат китови, па после верувале дека Земјата е центар на Универзумот а Сонцето се врти околу неа, а ништо од ова не е точно.
Аргументот ти е невалиден.
Па јас не реков дека тоа е апсолутната вистина, туку дека најмногу луѓе веруваат во таа вистина и дека секој може да изјавува што сака но факт е дека црквите се следбеници на учењето на Исус и се прифатени како такви од луѓето. А како што кажав кој е во право ќе знаеме горе кога ќе дојде време за секој од нас :)
 
I

Iblis

Под услов да има горе, јбг нема сигурност дека воопшто постои тоа горе;)
 
Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Под услов да има горе, јбг нема сигурност дека воопшто постои тоа горе;)
Па да. Затоа ми се излишни муабетиве. Кој верува нека верува кој не верува нека не верува. Темава беше прашање од некој што го интересира размислување на христијани или некој што го познава христијанското учење во врска со убиството. А како на секоја тема ќе се убацат најчесто зајадливи тинејџери мислејќи дека ако навредат некого постигнале нешто.
 
Член од
13 јули 2010
Мислења
2.795
Поени од реакции
6.209
Безпотребна дискусија.....6-тата заповед (Христијанството ги превзема 10 заповеди од Стариот Завет) гласи

НЕ УБИВАЈ

Пократко, појасно и попрецизно од ова не може да биде...секој обид за поинакво толкување на оваа заповед е само себеоправдување за непочитувањето
 
Kajgana Shop

На врв Bottom