Дел од текст на Бличер репорт
Good match for Diaby to make his annual appearance! See you in 2013″
Не можам а да не кажам дека е тотално вистинито.
Значи, после извесен период и јас да пишам нешто. Таман сакав да почнам да фрлам со „дрвја и камења“, мојата „погана уста“ беше спектакуларно затворена. Од радост и славје не можев рационално да го размислувам. Последниве 10 дена повеќе личеа на на ганерски сон, додека за време на претходните 10 сакавме да си го пукаме во глава. Арно ама господата во црвено бело се тотално непредвидливи.
Прво 5 кокошки печени и ондак на Ливерпул, онака ливерпулски му го клајвне како шо он знаеше како деца да не малтретира. Е сега официјалната статистика вика дека Ливерпул ни има дадено 3 гола сезонава, ама реалноста е дека ни нема дадено ниту еден, два сами си ги дадовме а третиот беше офсајд( ако некој претходно веќе го има пишано ова, се извинувам, ме мрзеше да читам), што значи и уште 120 мин да се играа Лузерпул немаше да ни даде гол.
Е сега нека му ја мисли Милан. Знам дека немаме којзнае каква шанса, ама сакам да изиграме така да отсега натаму ќе се молат да не им паднеме ние, да им покажеме како се игра венгербол. А би се осмелил дури и да кажам дека е подобро да отпаднеме, пласманот во ПЛ е далеку поважен, колку помалку натпревари до крај толку подобро за овој десеткуван состав, наредната со Њукасл за нас е финале во ЛШ, море сите до крајот на сезоната се финалиња. Патем кокошките го окркаа од Јунајтед, така да и среќата ни се насмевнува.
Така, ајт поздрав и да си посакаме повеќе засилувања на лето.