Ќе се грее со Сонцето, ама од Април до Октомври.... се друго е митологија ми се чини!?
баш тоа чекав да го каже... ама ти се убаци... права митологија е тој муабет... со сончев колектор ке добиете греење за по низ дома... мало сутра..
појаснување:
во сончев ЗИМСКИ ДЕН (од прилика тоа е 3 од 7 дена во неделата) на класичен соларен систем (панелки) во комбинација од 3 панели т.е. вкупно 6 квадрати површина, со бојлер да речеме од 250 литри, ке му треба цел ден греење, со право позиционирање, бојлерот да се згарее на некои 55 степени. за парно греење или подно греење, да речеме дека греете само 60 квадрати, се пставува пумпа која бутка одприлика 15 литри во минута. тоа значи дека од бојлерот за првите 50% од количината т.е. 125 литри ке ги повлече за околу 8 минути. следните 10 минути температурата на бојлерот ке паѓа во надолна линија се до нај ниската собна температура... значи, реално и ефективно греење ке има околу 11 минути...
епилог:
инвестиција од околу 2600 евра, за во зимски ден да добиете 11 минути греење на 60 квадрати... ако е тоа 100 квадрати дели со пола или нешто под 6 минути...
некои луге инвестирале во вако систем за да добијат стартно брзо греење, т.е. стартот им е со висока температура... и за тоа не се исплати, бидејки како што реков 3 од 7 дена во зимо се целосно сончеви. тоа значи дека месечно се во просек 12 дена т.е. за 5 месеци тоа се 60 дена.
ако го израчунаме фактот дека оние 6 минути со класичен електричен котел ке потрошиш во просек 2 елкетрични киловати (со кано системот тоа е пола од електричен значи 1) тој има заштеда од вкупно 120 киловати електрична енергија за цеееела грејна сезона. односно по сегашната просечна цена на киловат тоа е околу 500 денари... ај бе 1000 нека биде... колку години ке треба да се експлоатира тоа за да се врати инвестицијата? јас ке ви кажам, одприлика над 160 години... и тоа само ако го поставите соларот и ништо не му правите... значи 160 години ништо да не се расипе, а бидејки дефинитивно ке има тековно одржување (антифриз, пумпа ниедна не тера повеке од 20 години, експанзии, вентили бла бла бла)... е тоа мало морген дека ке се деси... реално заокружи на нај малку 200 години експлоатација ЗА ДА СЕ ВРАТИ ИНВЕСТИЦИЈАТА!!!! тек тогаш почиња заштедата... а за 200 години бог знае што се ке се деси... можда ке нема сонце, можда ке има 5 сонца, можда ке има безжична струја, а можда и конечно ке има секој по низ дома едно перпетуум мобиле, па ке ве боли џока колку ви троши греењето, пошто сами ке си правите енергија бесплатно...