Прво, бидејќи затвораат две теми по ред, без никаква причина, каде што малку од малку се разговара за Македонија пореално,
апелирам да ги надитриме и да користиме поголема пресметливост пред/при пишување, за да немаат никаква причина да ја затворат темата.
Прочитајте ги правилата уште еднаш и држете се до нив, и да почнеме.
Една молба до непристрастните чувари на форумов: не дозволувајте да ја вовлечат темата во малоумност некои ликови, реагирајте на време.
Игнорирањето е исто реагирање (don't feed the troll) во случајов. Не им давајте значење; простете им, толку можат.
За почеток, одлична тема. Divide et impera (Раздели па владеј) е метод кој не му бил туѓ ни на Рим. Тоа не е ништо ново или нејасно.
Наше е да го пребродиме тоа, т.е. да ги победиме.
Единствениот спас го гледам во трета опција. Знам, знам, знам дека сѐ е политизирано, но Рим не бил изграден за 1 ден (иако за 1 изгоре),
затоа да почне да се подготвува круцијална маса да размислува и за трета опција како опција по себе, како нешто што реално постои.
Вака, се кочиме од почеток, видено ликови се појавуваат со крв на себе и бараат да бидат лидери.
Знаете, политичарите се исто како пелени - треба исто толку често да се менуваат а и од исти причини. (B. Franklin).
Трета опција, составена од млади, кои немаат суфикси "фили/мани", како што рекоа САФ !
Трета опција, која нема Македонска невина крв на нејзе, која нема никакво минато, која немала време да биде корумпирана !
Трета опција, која ќе ги повлече Неопределените, кои кај нас одлучуваат кој ќе победи по избор на помало (нужно) зло.
(Ова е од голема важност; партиите имаат гласачко ткиво (членови) кои не се напрегаат на овие теми при гласање.
Тие само гласаат. Но, неопределените одлучуваат.)
Трета опција, која професионалноста ќе и биде од најголемо значење, а сите други работи секундарни.
Храброста на Македонските движења во историјата е огромна и тоа не е спорно и е познато и сѐ, но ние сме каде што сме заради рамнодушноста на повеќето. Недозволиво е да се случат крвави работи како до 1998 приватизација и 2001, и да имаат таков исход, без никој да одговара за ништо !
Скоро како да биле нормални, така се третираат. А тоа е погрешно од толку многу страни !
Ова не го пишувам од позиција на партија и ако некој помисли прво на тоа, можеби оваа тема не е за него, можеби треба да си ја проба среќата во подфорумот „Љубов и секс“.
Да не ризикувам „носење на разговор во погрешни вода“ (tm), ќе кажам само дека историски сме пателе од предавници.
Од моето скромно познавање на туѓи истории, кај нас имало најголем број по глава на жител.
Тоа не е ново, тоа е јасно, но мене стварно ми е несфатливо. Зошто? Зошто да е тоа така? Како што одлично забележа некој член пред мене, зошто не се противиме на тоа?
Уште пострашно е тоа ПОСТОЈАНО да се потенцира. Ако веќе потенцираме, да ја потенцираме храброста на Питу Гули на Мечкин Камен и непокорот на произволна
Македонска организација 19/20 век, да не потенцираме само дека имало кодоши. Некако, со постојаното потенцирањето, го нормализираме и го даваме како идеја.
Да се трудиме најдоброто да ни биде „прв приоритет“, а за грешки/недостатоци, во сѐ и секаде можеме да најдеme, ако само на тоа сме фокусирани.
Прашањето што го наоѓам како најважно: ШТО ТРЕБА ДА СЕ СЛУЧИ, ЗА ДА СЕ АКТИВИРА АЛАРМОТ КАЈ МНОЗИНСТВОТО ?
КАКО ДА ЈА ПОБЕДИМЕ РЕЧЕНИЦАТА „МЕНЕ МИ Е СУПЕР“ ?
Ако сме 1933 и ако ја имаме наивноста на Евреинот кој верува дека постои Германец кој е добар, не завршуваме добро.
Да видиме што не го активираше алармот кај мнозинството, до сега:
-приватизација
-војна
Најголемо зло јас таму гледам, ако некој има и други идеи, да дополни.
На крај, прашајте се самите: што требаше да почнам јас да размислувам во насока на решавање на проблем (значи, најпрво: признавање ПРОБЛЕМ) ?