МАКЕДОНЦИТЕ - Храбри воини или наивни овци?

  • Креатор на темата Vollstandig
  • Време на започнување
V

Vollstandig

Гостин
Со доза локал-патриотизам, успеав да го напишам овој наслов. Сакам да поразговараме во врска за тоа, дали ние, македонците, целовкупно, како што сме собрани на балканот, сме храбра нација, горди потомци на александарчо, горди словени, (кој како се осеќа) храбар народ, познат по сила, или пак фактички овци за стрижење?

Медиумска Пропаганда
Секојдневието ни е познато на сите, кој од медиуми, кој од прераскажани случки, сепак самите знаеме во каква ситуација се наоѓа нашата држава. Бевме сведоци на донесени мал милион луди закони, на кои без никакво препирање успеавме да ги прифатиме како дел од секојдневието.Бевме сведоци како си заминуваме од родните огништа, само за новодојденците да ги населат. Луѓе имоти испродадоа, за кои баба дедо прадедо маки мачеле оделе на печалба за да изградат една куќа, и едно парче земја да имаат,а истите тие да бидат распродадени за пошто-зашто, бегајќи од своја земја од новодојдените.
Медиумите, кој се тука за да не известуваат, станаа владини известувачи за тоа колку владата ПЛАНИРА да направи, а никогаш што направи. А ако се направи некој воин на коњ, тогаш тој иде во џингл на сите телевизии. Исто така, ја нема поддршката туку убаво гледаме како самите си се угнетуваме уште на медиумско поле.Новинарството, е веќе одамна распаднато, па можеме да најдуваме и гадно анти-македонски статии и репортажи, напишани од нашите неуку македонци кои не сфаќаат, дека не само што ја уништуваат целосната слика за македонија, туку оставаат длабок впечаток. Фрустрации лечење со тегли ајвар, најмалце е потребно да ги има во весник.

Странство
Сведоци сме исто така на нашите, печалбарски или поарно речено иселенички случки. Факт е дека голем број македонци се иселени низ светот, најповеќе америка,австралија и сеа тек ѓерманија, а дали истите тие македонци остануваат она што биле и откако ќе заминат? Колку сте сведоци за тоа, во стилот еден појде-сите ги повлече? Кај нас сеуште владее онај егоизам во стилот “Ќе заминам и по 5 години ќе си дојдам ама никој не носам, нема да има над кој да се курчам после“ па остануваме како што сме се нашле.

Гостивар и протестите
Друга приказна, за тоа е во врска за случувањата во гостивар. Беа убиени двајца албанци од страна на македонец. Доволна причина за расправија и дивјачење низ град. Зошто? Затоа што е убиен албанец, нормално ако веста гласеше: Хасан Ј. убил 2-ца албанци кои се скарале за паркинг, веста ќе поминеше, како секојдневна црна хроника. Но веста беше : Јакимовски убил двајца албанци кои се скарале за паркинг, па добиваме бунт со собрани околу 5.000 народ кои лудуваат низ гостивар и ги поставуваат правилата и нивните закони како што им одговара. Факт број еден е дека сите што излегоа на бунт, не се знаеја со двајцата убиени. Факт е дека сите што излегоа и немаа проблем со Јакимовски кој ги уби двајцата. Тогаш кој кур е причината што излегоа? УБИЕНИТЕ БЕА АЛБАНЦИ. Е сеа, што од ова се заклучува дека заедно посилни можеме да бидиме. Истите тие фамилии на убиените добија по 5.000 евра, додека мартин нешковски кога го убија, фамилијата не доби ништо туку го најдоа и наркоман дека бил па затоа умрел. Да не набројувам вакви случки, сакам да кажам дека кај нас братството и единството одамна се распаднало. Исто така, доколку статијата гласеше: “Албанец убил двајца македонци кои се скарале за паркинг“, сигурен сум дека немаше да излезат ни 5 души да протестираат, а камо ли 5.000 да се соберат. Повеќето коментари ќе беа, “Арно му се стори, шо мајка барал да се кара“ и ред други работи. Кога самите со себе си пробуваме да се уништиме, нема да има потреба некој друг да проба да не уништи, му останува само да чека и да фаќа сеир.

Да му умри козата на комшијата
Ова е нешто што одамна е познато меѓу народот.Факт е дека ретко кој му посакува добро на другиот, но кај нас како што е познато, не е работата “Зошто јас немам а тој има“ туку е “Зошто јас имам повеќе од него, ама сакам тој ИЧ да нема“.
Како што велат, да ебиш и да не се пофалиш, исто ко да не си ебал. Многу нормално е дека зависта, љубомората и егоизмот се доволно долго овде присутни, па да направат опшество онакво како што го имаме денес. И сигурен сум дека, ретко кој кога си помага во неволја, но сепак остануваме да аплаудираме на исклучоците кои не подлегнале на маалските стереотипи, или пак не подлегнале кон дегензимот, кој како што напоменав е доволно долго присутен овде.

Храброста на македонскиот народ
Низ историјата сме познати по тоа што сме ги освоиле сите пустини, па сме стигнале дури до индија.За малце и кинезите ќе ги фатевме, ама пу,јзк, почна светско првенство и не се освои кина.
Познати сме по неколкуте буни, востанија, дрн дрн јариња и сите пробувања за слободна македонија. Секогаш се наоѓало по некој што ќе ја заебе цела работа и останувало само во историјата. Денеска, храброста на македонскиот народ, можам добро да ја забележам, како еден со друг се претепуваат до смрт од стилот “Што ме гледаш , не те гледав...“ или пак ограничување и разни поделби на Скопјани - провинцијалци, охриѓани - скопјани, прилепчани - битолчани, источна - западна македонија, селјак-граѓаник, богат - сиромав, глупи - паметни, ретромани - и модни фанатици, американизирани - балканизирани и ред други класни и слични мрднати поделби.
Храброста, во денешно време можеме да ја видиме, на форум, како се CAPS-LOCK-ираат на форум, едно 300-400 храбри македонци, го распрачуваат со најновото ласерско оружје -CAPS LOCK на некој албанец кој се зачленил на форум и сите тие 300 -400 души постигнуваат победа над двајцата регистрирани албанци на форумот, кој едниот има улога да ви објавува политика, а другиот религија.
Истото, се случува и по јутуб, со коментарите Македонија на македонците, и навредливите македонија била грчка, жими тилов. Подлегнуваме на ниски провокации, но вистинската храброст, сепак загинува со туристичките понуди и аранжмани на летните атракции халкидики, крит и други дестинации. Истите тие, продолжуваат до таа мера, плукајќи по охрид и другите туристички локации како место за селјаци, додека во грција биле услужени како господа. Јас сум потполно сигурен дека ако се вложи во дојран, кој при крајот на летото изобилува со лековити алги, би била прва лековито-туристичка атракција во европа. Само нашето езеро знае да изненади со такви алги, но малку треба и да пресуши. Туризмот пак, мтв лани што го крена со неколку реклами не донесе некој посебен профит, али сепак, можам да константирам дека голем процент од народот и не знае каде точно се наоѓа дојран. Исто така, претор веќе остана како југоносталгична атракција за постарите, во времето кога добиваа летен одмор и некој опоравак за бремената му сопруга, па ја користеа да се искапат во претор. Денес , преполн со тиња, црнило и алги, и еден тон воен отпад, за кој сигурно би се запрашале од каде, е фактички она што е претор во моментот. Цело преспанско езеро прераснува полека во неатрактивна локација, или едно мочуриште.
Храброста, исто така можеме да ја забележиме и на многу други веб-сервиси, како форум, јутуб, фејсбук, итн каде знаеме да бидиме кој филозоф, кој храбар војник без коњ, кој учител, кој глупак, без разлика сите сме некој и нешто на интернетот, а сепак истото тоа и во реалниот живот ни е 98 % отсликано што всушност сме или сакаме да бидиме.

Патриотизам
Го имаме патриотизмот, како средно име. Гордо се чукаме во гради за македонија, гордо го говориме името наше македонско, но сепак, кога доаѓа србин во македонија повеќето знаеме да почниме да цепиме српски со цел “Да не разбере“. Ние не сме кодирани на туѓ јазик да збориме, туку јазиците ни се премногу слични, но самодовербата премногу различна. Исто така, штотуку избеганите македонци во баш-провинцијалски земји како америка, знаат да се восхитуваат доволно долго и гласно на вештачкото опшество кое постои нецели 500 години, додека плукаме по нашето кое постои илјадници години.Едино, големите “патриоти“ кои не се вратиле и по 30 години назад, им текнува дека и тие од некаде потекнуваат и дека австралија нема австралијанци туку сите се доселени од некаде, па почнуваат и тие да пропеваат со нивните македонско-извитоперени пропаганди,зборови и култура. Колку “да не бидиме покусо од другите“.


Собири,протести,гласање...

Е нема човек, што не се изнервираш на нашите протести. Секој собир знае да има политички карактер, знае да има поделба врз било која основа, и по обичај да се растури собирот.
Голем број закони се донесоа, голем број неправди се донесоа, но никој не реагираше. Не се зеде пример ни од нашите сограѓани -албанците, не се зеде пример ниту од грците па ниту од една земја, каде со единството постигнаа она што го сакааат. Теми “Легализација на марихуаната“ и пишување општи полезни и негативни критики за легализирањето, сигурно дека нема да донесат резултати. Резултатот се донесува со праќање писмо до надлежни органи, со одлука на народот, а сигурно дека не на поединци. Бензинот и да го направат 500 денари литар бензин, сигурен сум дека ќе биди единствено топ тема за пред коперација, додека останатите, фино лепо ќе си турат и колку ќе им речат ќе си платат. Македонче...
Митинзите нема да ги објаснувам многу пошто на сите ни се јасни. Програмиран е народот, кога на секој збор if {“ВМРО“} кога се кажи на митинг, да вика: say {“УАААААААА“} ]
Истото е и со обратната партија, и истите глупости ни се случуваат долги години, гледајќи икони, светци, и ред други работи во потенцијалните фигури.
Кога тутунарите излегоа да протестираат за НЕОТКУПУВАЊЕТО НА ТУТУНОТ, а после тоа и за НЕПЛАЌАЊЕТО, дел од нив изјавуваа на телевизија дека се е во ред и откупот поминал во најдобар ред, додека другите долго време протестираа. Тогаш, настанува она “Мене ми платија да го кажам ова и ми го платија тутунот, па другите нека си ебат мајката“. Со таквиот однос, резултира до намалување на откупна цена за следна реколта, а и нормално разделеност и немање успех на протестот. Кога лозарите во свети николе, бараа пари за откупеното грозје, една пристара жена беше претепана од полицаец која била како и илјадниците други луѓе на протестот, но сепак ни крива ни должна си го однесе од некој.Зошто македонската јавност не се крена на нозе и да направи протест? Или, стара беше, кој и е крив на протест што излезе. Ако тоа беше албанец, освен протестите, дури и самиот македонски народ ќе речеше, треба мирно да живееме.
Се додека самите себе си се плукаме, се додека самите не почниме од нас да го решиме проблемот, ни останува да се восхитуваме на окупаторот, и да бегаме по странство. Да ја заборавиме и нашата земја а и од секогаш, долгоочекуваното, уредно опшество и стабилна македонија.
Се додека постојат делби, некој ќе не користи.Се додека се кења, едни против други и се делиме нормално дека не би било целина. Вода и масло сме станати.

Ја испразнив бешиката, пишејќи го овој пост.Сепак, мал апел до сите. Држете се заедно.







 

GoD.HateUSaLL

Фар акрос д диштанс
Член од
30 март 2008
Мислења
8.339
Поени од реакции
8.238
TLDR
Пички сме.
Мото ни е "Ќути си, трај си".
За тоа да се смени, незнам шо треба да се деси.

P.S Volkswagen го сменил никот?
 
A

AnFem

Гостин
Леле, те молам немој оваква прекрасна слика да ја уништуваш со овој контекст!
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.604
Поени од реакции
15.409
- da mu umri kozata bese nekade do #48 - 58 god.
....
- da mu crkne kompjuterot na komsijata e sega
------------------------------------------------------------------
sto ne kaza deka e tolku dolgo, da si zemev suva hrana
 

methMKD

Евроскептик
Член од
18 јануари 2011
Мислења
1.826
Поени од реакции
723
Можеби сме биле и многу храбри и воини и се тоа :) ама сега дефинитивно сме овци за стрижење тоа што го прават Албанците врз нас е чист пример .. жално но вистинито
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Ќе започнам со песна...
Ах, Македонија со нејзините Македонци во денешно време. Црно ни се пишува, црно народе... Не има цело време на ФејсБук и форуми, тука ја бараме правдата. Затоа и никогаш нема да ја најдеме затоа што ова е виртуелен свет, а Македонија не е виртуелна држава. Се додека народов џавка по форуми и фејсбук нема да ја биде, се повеќе и повеќе ќе пропаѓа во :гомце::гомце::гомце:.
Кај сме/сте истите вие што пеевте на плоштад:
Излези момче .....​
.......................​
Наше ќе биде и Солунско Поле!​
Додека ние гледавме на Солунско поле, други гледаа и целат со години на она што веќе го имаме. За тоа веќе немам коментар. Само ме интересира ако се населат 500 000 во Јапонија или во друга земја по неколку години ќе побараат таа земја од ОНН и од Америка и како они со милениуми биле таму ..
Се што ќе кажам ќе биде без врска затоа што ќе ме нападнат одма како ширам невистини. Што да кажам, па и треба да си слеп за да не видиш што се случува со државава и во кој правец таа иде и ни диригираат други. Мака ми е и од таа ЕУ што работи со двојни стандарди. Имаше многу протести во последно време во Европа и народот кој беше малтретиран и тепан никој од кај нив не излезе и да го осуди тоа.. Да беше овде тепан ќе се кукаше цело време и ќе бевме бомбардирани со вести за тоа како овде човековите права се нарушени, нема демократија, и што уште по к**т не. Не обвинувајте никој друг за нашата состојба, ставете прст на чело и размислете кој е крив за се тоа, самите и никој друг сме криви за се. Секој од нас гледа како на другиот очите да му ги ископа.. Напоменав и на друго место и еве ќе дадам еден најпрост пример за делба: Не ги сакаме Македонците Муслимани заради тоа што смениле вера пред неколку векови, па сите сме луѓе грешиме, сигурно и на нив не им било лесно цело време биле под притисок.. Се тоа не ги прави помалце Македонци, кога и самите се проколнати вечно за тоа предавство да го носат надимакот Торбари. Сакајте се, бидете сложни се друго ќе дојде. Слогата и планини поместува.. Тоа е рецептот за успех и ништо друго! Само сложно, само сложно...
Сега се кладам дека други на постов ќе гледат со сеир, ама како што кажав ова го пишувам од тоа што гледам што се случува, не бидете слепи излезете и погледнете ја вистината. Таа никој не може да ја сокрие, таа е вечна кога-тогаш ќе излезе на виделина затоа потудете се да бидеме сложни за таа да се открие и да се дознае.

И за крај ќе завршам со малце доза сеир...
На се да бараме совршеност.. Ако сакаш да ја видиш Македонија променета, почни од себе.. Биди промената која сакаш да ја видиш!
 
Член од
20 мај 2008
Мислења
1.099
Поени од реакции
1.079
Храбри сме си ние и јаки сме,само проблемот ни е што имаме многу кодоши.Од кодоши си патиме ние од памтивека.
Лесно се подкупуваме,иначе кога пари не би биле во игра Македонија би била како селото на Астерикс и Обеликс :)
За џабе не е поговорката...
Еден Македониец - Војвода
Двајца Македонци - Војвода и Комита
Тројца Македонци - Војвода,Комита и Кодош
 
S

Shellshock nam67

Гостин
TLDR
Пички сме.
Мото ни е "Ќути си, трај си".
За тоа да се смени, незнам шо треба да се деси.

P.S Volkswagen го сменил никот?


e tie ovcarski picki gi obucil Filip 2 da vojuvaat vo formacija na falangai uspesno vojuvale protiv pola svet
a Aleksandar 3 Makedonski prv pat gi upotrebil protiv borbenite slonovi na indiskiot car Por
zaklucok narodot e tigar ako i vodacot e ako liderot e ovca ovca ce e i narodot.
ribata smrdi od glavata.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.565
Поени од реакции
11.579
Порано беше првото,а денеска е второто.
 
V

Vollstandig

Гостин
Мака ми е и од таа ЕУ што работи со двојни стандарди. Имаше многу протести во последно време во Европа и народот кој беше малтретиран и тепан никој од кај нив не излезе и да го осуди тоа.. Да беше овде тепан ќе се кукаше цело време и ќе бевме бомбардирани со вести за тоа како овде човековите права се нарушени, нема демократија, и што уште по к**т не. Не обвинувајте никој друг за нашата состојба, ставете прст на чело и размислете кој е крив за се тоа, самите и никој друг сме криви за се.

Сепак према мене најмалце што е потребно тука е европска унија. Можеби европските стандарди навидум се други, но свесно ако човек размисли ќе сфати дека е пиун на друга сила. Ако порано не окупирале, сега сакаме да сме под власт на окупаторот. Најдобра верзија е турција засега и истокот,ако некој размисли подлабоко што се нуди.




Сега се кладам дека други на постов ќе гледат со сеир, ама како што кажав ова го пишувам од тоа што гледам што се случува, не бидете слепи излезете и погледнете ја вистината. Таа никој не може да ја сокрие, таа е вечна кога-тогаш ќе излезе на виделина затоа потудете се да бидеме сложни за таа да се открие и да се дознае. Ако сакаш да ја видиш Македонија променета, почни од себе.. Биди промената која сакаш да ја видиш
Сеир може да фаќа само предавничка душа, која некогаш, начекала шанса докторот во психијатриска болница да ја заборави вратата отворена, и избегала.



Сакајте се, бидете сложни се друго ќе дојде. Слогата и планини поместува.. Тоа е рецептот за успех и ништо друго! Само сложно, само сложно...
(y)(y)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom