Живот без Фејсбук

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување

Дали животот без Фејсбук ќе беше подобар?


  • Вкупно гласачи
    197
Животот без фејсбук би бил далеку полош.(за нас повозрасните)Штета е за младинава што станаа зависни од лајкови.Колку повеќе лајкови толку им е поголем филмот.Нормално животот за младината би бил далеку подобар,ќе ја видеја добрата страна на дружењето и токму поради тоа гласав со да.А сега на моја возраст знам да се контролирам и секако не ми поминува цело време во денгубење на фејсбук туку само колку што сметам дека е потребно.И фејсбук има многу корисни работи,е сеа тој што не знае да ги користи нормално не му чини фејсбук.
 
да супер ќе ни беше , наместо три саати ( ма какви три више ) на нет и социјални мрежи ќе седевме у град, на терен негде со топка, парк , Водно...
 
да супер ќе ни беше , наместо три саати ( ма какви три више ) на нет и социјални мрежи ќе седевме у град, на терен негде со топка, парк , Водно...
Не си во право,ево зошто.Замисли нема интернет,нема фејсбук,нема комјутери.Еден обичен ден,на факултет од сабајле,дома,теретара,дома,се досадвиш,телевизија,си легвиш.Е сеа делот што си дома,досадијата,или телевизијата ти е заменета со интернетот.Никаква филозофија.Заради комјутер не сум пропуштил да одам во теретана,да гледам фудбал или слично.Само моментот кога не знам што да правам сум на комјутер и е многу подобро него да се досадуваш.Е ова е за работни денови.А за летни денови значи пак тој што му се оди на плажа или сака да спортува пак спортува,а тој мрзелијата пак си седи дома.Е сеа порано тој само си седеше дома и јадеше а сеа јади пред комјутер.
 
Да не беше корисен, немаше да има волкава популарност. Не му е него популарноста и распростанетоста од што луѓето им е многу интересно да ставаат слики и лајкнуваат :cautious: Има мнооогу повеќе позитивни страни од негативни.
 
Не си во право,ево зошто.Замисли нема интернет,нема фејсбук,нема комјутери.Еден обичен ден,на факултет од сабајле,дома,теретара,дома,се досадвиш,телевизија,си легвиш.Е сеа делот што си дома,досадијата,или телевизијата ти е заменета со интернетот.Никаква филозофија.Заради комјутер не сум пропуштил да одам во теретана,да гледам фудбал или слично.Само моментот кога не знам што да правам сум на комјутер и е многу подобро него да се досадуваш.Е ова е за работни денови.А за летни денови значи пак тој што му се оди на плажа или сака да спортува пак спортува,а тој мрзелијата пак си седи дома.Е сеа порано тој само си седеше дома и јадеше а сеа јади пред комјутер.

ја не викам дека и сега не го праам тоа, напротив. Али пак дома коа сум многу од работите шо ги праев порано сега веќе не.
 
Глупости, демек фејсбукот ви е крив што не искачате надвор и незнаете како да и пријдете на девојка и што муабет да и напраите.

Фејсбукот е корисна ствар за тие што знаат да го користат, у никој случај коа го напраиле не помислисле дека ќе служи за собирање лајкови на разголени тинејџерки.

They defeat the purpose of the social networks
 
Прво го користев за мањачење, сега за допишување вака така муабети, договори ... не му давам големо значење оти тоа е еден виртуелен простор не реален.....иначе сеуште не е излезен мањакот во мене....
 
80% од времето дур сум на пц ми е уклучен фејсбукот, за разлика од скајпот кој ми е уклучен цело време. Тоа не значи дека цело време зборувам на скајп или го разгледувам хоум пејџот на фејсбукот. Не сум љубител на четот и го користам само кога треба да прашам некој нешто или да договорам искачање, т.е. разговор од неколку реда. Мене не ми се јасни тие што цело време дур се приклучени на фејсбук, гледаат слики или прават празни муабети на чет, ама ваљда ни тие нема да ме разберат мене зашто толку време поминувам на форумов. Муабетот ми е, не значи дека фејсбукот е нешто поразличен од било што друго поврзано со интернетов на кое трошиме време. Сеа колку рационално го искористуваме е друг муабет. Се дур иам корист од фејсбукот не планирам да го бришам. Ако го избришам нема да седам помалку на пц, ниту пак ќе бидам повеќе време надвор. За такво нешто треба да неам интернет/компјутер; ТВ; надвор да е постојано сончево...
 
Луѓе навикнете се на живот со фејсбук, тој е дел од нашите животи. Значи секое време си носи свои последици. Не може во ова време да не користиш социјална мрежа, не може да се исклучи фејсбук, разберете дека тоа едноставно времето се менува. Било поминало живот без фејсбук. Како може сега да поставувате прашања како би живееле без струја ? Дај размислете малку ?
Каде ? Вие ќе се двоите од општеството дека не користите фејсбук дека вие неколкумина сте нормални а останатите што користат фејсбук се ненормални ? Па дај не зафркавајте. Каде ќе се информирате ? Што е подобро од фејсбук за информирање за рекламирање за закажување за договарање ? Ајде ако не вие земете преку писма договарајте се и допишувајте се. Разберете тоа време поминало и не може да се врати. Потребите не ни го дозволуваат тоа да останеме без фејсбук........
 
нема живот без фацебоок-the ugly truth :cautious:
 
А зошто не би бил корисен кога секое кафуле, дискотека, ресторан, институција или било кој настан може да си направи бесплатна фан страна на која брзо и лесно можеш да дојдеш до информаци.
*Напомена- ова не важи за страниците од типот ЛАЈК за да учествуваш во наградна игра!!
 
Живееме во ера кога скоро секој има фејсбук. Од 5 години до 95 години. Но дали фејсбукот ни го разубави животот или не?
Мене ми го разубави животов .... благодарение на фејс си најдов едно чудо роднини во Србија,Чешка и што ми е најбитно стапив во контакт со роднини од Канада со кој не можевме 10 години да стапиме во контакт
 
Немам веќе 1 недела и раат сум,многу сум редовен на кајгана во последно време,билдам постови ми се познава по аватарчето :P
 
Како што рекоа претходно се си има свои позитивни и негативни страни.
Единствено за што го користам фејсбукот е да пишам на некого и што играм игра.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom