Генерално земено можеме накратко да констатираме една работа: За време на војната и по ослободувањето имало две струи кај нас македонците, едните биле за македонија во рамките на југословенската федерација а другите биле за самостојна македонија... и тука неможеме никому да фатиме кусур, секој мислел дека неговото е исправно.... преовладале- победиле оние кои биле за македонија во рамките на југославија и поразените наебале и биле прогласени за предавници... и нема тука ништо чудно... ако победиле оние кои биле за независна македонија ке наебеле другите... плус некои настрадале и во внаттрепартиската борба, сакале да бидат нешто повеке ама некој излегол поербап и тие настрадале исто како што и денес страдаат луѓе во борбата за власт.... Факт е дека конечно била создадена македонска држава после многу, многу векови и за тоа голем придонес има и комунистичката партија на чело со Тито. Не треба да мешаме држава и федерација, Југославија беше федерација а Македонија беше држава и потоа излеговме од федерацијата и сме самостојни. Не сум сигурен дали доколку не беше КПЈ Македонија (вардарскиот дел) воопшто ке станеше држава или ке си останеше во рамките на Србија... Во секој случај се покажа дека федерацијата била добра идеа и дека важи правилото ,,заедно сме посилни,, односно сите кои беа членови на федерацијата видоа голем бенефит и заедно како федерација бевме фактор во светот а сето тоа носи просперитет и економска благосостојба која исто така сите ја почувствуваа. За жал некој виде од каде доаѓа силата на овие народи па не изигра како мали деца и го примени правилото ,,Раздели па владеј,, и настрадавме сите... сега сме сите малечки и сме марионетки на големите играчи, сите служиме како ситни паричи за поткусурување, никој не не есапи и не не свака сериозно, служиме за мајтап... разделени, економски мртовци, постојано не држат на штрек односно во состојба на контролирана нестабилност која нестабилност можат да ја активираат во секој момент кога нема да играме по нивни правила, депонии за нуклеарен одпад, полигони за вежбање на идни дипломати и депо за потрошени дипломати алкохоличари со кои незнаат што да прават, пазари за продавање на ѓубре, внатрешно нестабилни и немоќни да се справиме и со обични банди... за срамота, се дуеме од фалби кога ке отвориме едно патче во 20 години, сечеме ленти и плачеме од радост кога ке дојде некој со шешир избркан од својата држава овде да прави инвестиција во која ке се вработат дури петмина... за тоа што е направено како инвестици во Југославија, не ми се ни зборува, огромни се, капитални...