Џабе-немаш читано анархистичка и антимилитаристичка литература па не ти е јасно.
Сарказмот носи си го на друго место. Да, оној што нема никакво познавање од нешто, нема право да зборува за истото. Не може мене да ми расправа за анархија и анархизам некој што го прочитал само значењето на зборот во лексикон. Тоа е исто како јас да му отидам на некој пилот и да му кажувам како се управува со авиони.
Како на пример припадници на светски познати терористички организации од блискиот исток. Учествуваат во нелегална миграција во западна Европа, зборат за човекови права, а ги подржуваат Хамас (кои имаат убиено повеќе Палестинци одколку Израел) во гранатирањето на рандом цивилни цели во Израел, и ги штитат и им помагаат на нивните припадници во Грција.
Како на пример луѓе кои отишле да заработат таму.
Анфем, тебе со сила никој нема да може да те натера да се осеќаш Македонка, ниту некој во Македонија некому го сторил тоа. Со самото тоа што ти така тврдиш сакајќи да се покажеш жртва, во држава која апсолутна нема проблем со никаква нација, ниту пак со интернационалисти попут тебе, ја искажува патетиката на четвртата интернационала.
Не? Тогаш зошто, еве конкретно на форум, често ги среќавам зборовите „Гејлада“, „Татари“ итн. Очигледно овие луѓе што ги употребиле тие зборови, генерално имаат нешто против тие народи. Да не глумиме слепило... За тоа дека никој нема проблем со моето размислување... не мораш да одиш подалеку, врати се назад на темава.
Сакала ти или неќела, тоа движење е во изумирање. Режимот што ги имаше атрибутите за кои што се бориш, ги даде најголемите жртви што човештвото некогаш ги имало. Затоа и толку бруталност се користи во сузбивање на неговите пропагатори. Затоа што имаат исто делување како и пропагаторите од почетокот на 20 век.
And here we go over and over again... Пак ли со 1917? Уште тогаш те прашав каква врска имам јас со болшевизмот, се збуни и не знаеше да ми одговориш. Тоа нечие искуство ме научило дека не се соработува со непријателот против непријател, така да јас таа грешка не би ја направила, не знам за другите. И пак не гледам никаква поврзаност со анархистичката идеологија и она што се случило подоцна, затоа што тука веќе не се работело за анархија. Каков црн режим?
Злоупотребата на терминот национализам, од некои интернационалисти што им смета кога човек се чувствува дел од некоја нација, и толкавото повторување со негативен контекст, нема да го направи тоа вистина.
Ајде и да не против што се бориме, тоа е многу лесно да се каже, се бориме против глобализацијата. Но каква алтернатива се нуди? Зарем интернационализмот како поим сам по себе не значи глобализација?
Човештвото само по себе си поставило граници, има луѓе од разни раси, разни вери, разни нации. Сузбивање на истите не е возможно. 20 век го докажа тоа најдобро. Разликите не можеме да ги сокриеме. Тие постојат. Културни, физички, јазични. Доколку сме свесни за нашите специфики, доколку ги знаеме добро, доколку ги почитуваме, тогаш ќе се научиме да ги почитуваме и туѓите. Доколку не ги почитуваме сопствените, тогаш нема да почитуваме ниедни. Доказ за тоа се режимите од 20 век. Националист не е некој што мрзи други нации, туку оној кој ја сака сопствената нација.
Мене не ми смета кога човек се чувствува како припадник на нешто, или кога го сака своето родно место, таму растел, има спомени... Мене ми смета кога таа „љубов“ прераснува во омраза. Омраза према други луѓе кои се чувствуваат како припадници на друга нација. Ми смета битката за ничија земја. Ми смета „љубовта“ према авторитетот, „љубовта“ кон парите... Ми сметаат алчни и злобни
смртници.
Атернативата е различна, зависи од индивидуата или идеалот. Ако зборуваме за „моите“ убедувања, се далеку почовечни и посовршени од ова што го имаме денес, а многумина го прифаќате како неизбежно и како единствена опција.
Што се однесува до глобализмот и интернационализмот... Зависи за каков глобализам правиме муабет. Она што ни се нуди денес, ги глобализира корпорациите, при тоа не земајќи ги во предвид луѓето...
Разлики... културни и јазични да, ама физички разлики... Зарем ние со „бела“ боја на кожата сме сите физички исти? Секоја индивидуа е различна, не можеш да ги делиш
луѓето така.
Националист е оној кој ја сака сопствената нација, да, ама таа негова „љубов“ поттикнува
омраза према „предавниците“ на „сопствената“ нација и потценување на „туѓите“ култури и нации.