A
AnFem
Гостин
Па не знам колку си учела во средно, но доста добро паметам како тие обични Грци, без трошка совест, убиваа Македонски деца, мајки и татковци.
Таквите се за стрелање, исто и македонските „наци“ фаци

Тоа со ,,детето,, треба да го поврзеш со делот каде што зборуваш дека се бориш за човекови права - каде се човековите права на Македонците во Грција? Зошто тие твои грчки анархисти не излезат на протест за да бараат права за нив? Зошто дозволуваат на ултранационалистите да им палат и кршат? Зошто не застанат со нив рамо до рамо - тоа се само луѓе кои сакаат да си зборуваат на мајчиниот јазик и да имаат право на самоопределување. Зошто тогаш анархистите молчат? Зошто не се лично засегнати со проблемот?
Изгледа не си прочитала, некаде спомнав дека анархистите таму згрижуваат емигранти и им помагаат да не бидат убиени. Истото ќе ти се случи и тебе, доколку налеташ на некои грчки националисти, а во близина има група анархисти. Тие луѓе си ги ризикуваат сопственото здравје и живот заради другите. И замисли, лично се засегнати за проблемов, проблемот е нечовечност.
Зборуваш за сочувствување, а не видов дека ти сочувствуваш со некого, благодарение на кој денес ти живееш во слободна земја каде што можеш да бидеш анархист или да се сметаш себеси за банту црнец.
И тоа што 20 Грци немаат проблем со Македонија, не прави ништо, во споредба со останатите 10 милиони таму, што ако отидеш и гласно кажеш - Јас сум Македонка од Македонија, способни се да те каменуваат. Кажуваш дека одиш во Грција, па кажи ми - можеш слободно да кажеш од која земја си и што си по националност?
Ти можеш да сочувствуваш со ,,вистински анархисти,, , јас сочувствувам со Македонците, кои за разлика од тебе, не можат ни националноста своја да ја одберат, а не да бираат филозофии на живеење.
Каде ќе видиш, на форум?
Реков и ќе речам, национализмот ми е проблем, „наш“ или „нивни“, национализам е. Не реков дека не постои, не реков дека нема да бидам нападната таму ако се декларирам како Македнока. Таму ќе ме нападнат поради националноста што некој ми ја наметнал, овие, „нашиве“ ме напаѓаат затоа што сум човек кој не признава нации и ме сметаат за предавник. И тие и тие се подеднакво лоши и прости.