Можеби ова требало да биде првоаприлска шега но им се допаднала па решиле да ја протуркаат како проект.
Една порака до Коце и Владата:
План за Софија во периодот од 2012-2014 (буџет 70 милиони евра во најголем дел обезбедени од ЕУ):
2012
: Завршување и пуштање во експлоатација на 13 нови метро станици на двете метро линии во градот, како и започнување со изградба на уште 4 нови станици по М1 кон Аеродромот Софија. Со тоа ќе бидат отворени дополнителни 2800 паркинг места на 3 од новите станици во градот, со што бројот на паркинг местата кои се наоѓаат под станиците на метрото во градот достигнува 4500. Паралелно ќе бидат воведени билети и тарифи според системот *Паркирај и патувај*, со соодветните бонуси и попусти за луѓето кои г оставаат своите автомобили на буферните паркинзи во периферијата и во градот се движат со метро.
Реконструкција на целиот бул. Витоша, под кого минува М2.
Изградба на 20 тн. интелигентни раскрсници, кои ќе бидат опремени со најсовремена технологија (сензори, читачи, камери...) и кои ќе бидат следени од Центарот за градска мобилност. Тие ќе овозможуваат предност и зелени бранови со цел побрзо движење на возилата за градскиот транспорт.
Сина и зелена зона за паркирање. Тоа значи дека во платежното паркирање во градот ќе се подели на две зони-сина и зелена, со соодветните тарифи и времетраење на дозволено задржување.
2013:
Целосна реконструкција на трамвајската траса и контактната мрежа на ТМ 7, долж бул. Булгарија, негово подигнување на ниво на ЛРТ со сензори при комфликтните точки. Ќе биде реконструиран и подсилен двоен колосечен пат во должина од 3,7 километри, ќе бидат изградени 13 нови станици кои ќе бидат опремени со информациони табели кои ќе го прикажуваат движењето на трамваите во реални време.
Изградба на целосно нова трамвајска линија од Семинаријата од Студентски град/жк. Дрвеница во должина од 4,6 километри, во кои е вклучена и изградба на трамвајски тунел и подземна трамвајска станица под метро станицата ГМ Димитров (М1), што ќе овозможи на жителите на Студентски град трамваен достап до метрото.
Во 750 возила на градскиот транспорт ќе бидат поставени уреди за следење и насочување на возилата, додека на 600 станици ќе бидат поставени електронски табели кои ќе го прикажуваат движењето на возилата во реално време.
2014:
Изградба и продолжување на 10 нови тролејбусни линии, низ целиот град со цел подобра конекција на тролејбусните линии со метрото.
Целосна реконструкција и изградба на автономни трамвајски траси долж 3 главни софиски булевари во центарот на градот: бул. Кнјаз Александар Дондуков, бул. Христо Ботев и ул. Алабин, со одигнување на трамвајската траса над коловозното ниво.
Целосна реконструкција на трамвајскиот пат и контактната мрежа долж бул. Ботевградско Шосе каде минува трамвајот 22 и подигнување на ниво на ЛРТ, со што источните квартови на градот ќе добијат брз транспорт до центарот и конекција на новата метро линија М3.
Пуштање во експолатација на уште 4 станици од М1 до Аеродромот на Софија, како и започнување на изградбата на целата линија М3 од Овча Купел до Ботевградско Шосе.
Замена на 30% од автобусниот парк со нови возила, пред се зглобни автобуси.
План за Скопје во периодот 2011-2014 (буџет над 100 милиони евра обезбедени од џебовите на граѓаните на Р.М)
- згради по брегот на вардар во неокласицистички/барокен стил
- 220 двокатни автобуси (нефункционални и лесно расипливи, градот ја сфати грешката но не успеа да го раскине договорот со Јутонг поради недоволно аргументи па мораше да ги прифати останатите двокатни)
- сплав на вардар (inspired by the Pirates of the Caribbean)
- панорамско тркало (inspired by the London Eye)
- барокни фасади на цел Мал Ринг (inspired by Europe)
- градење на трамвајска траса и тоа е одбрана најлошата варијанта (подетално елаборирано на форумот за архитектура build.mk)
- уште споменици
Некој си ја има сфатено сериозно работата и се труди да го направи својот град функционално место за живеење со интегриран транспорт а некој се труди да не врати во антиката. Дали ми е побитно Скопје да има туристи кои ќе се воодушевуваат на градби но патувањето од центар до карпош ќе им одземе 30-40 мин. или побитно ми е да стигнам на одредена дестинација за минимално време. Туристите ќе дојдат и ќе си отидат а ние ќе останеме. Се надевам дека ќе се освестат властите.