Не сфаќам, најсериозно.
Ентузијазмот,авантуризмот и истражувањето не се воопшто апстрактни. Тие се изразуваат во реалноста со конкретни дејства, физички и психички. Дали и колку се рационални би било друго прашање, но тоа и не е толку важно.
Не може да се биде планинар со самодекларација. За разлика од било која национална припадност на светот. Планинарењето е нешто кое поединецот го прави по избор и потоа по избор се здружува со други кои го делат тој интерес со него и си се качуваат по планини, си логоруваат, се фотографираат по врвови, тренираат.....сето тоа им прави задоволство а веројатно има нешто и од здравствена гледна точка, здрав воздух, кондиција или било што, нивна работа.
Некој може да кажува дека е планинар а најблиску до планина е што видел некоја на ТВ, но за таквите се вели дека лажат, а ако инсистираат на лагата дека нешто не е во ред со нив.
А за припадност кон нација само треба да се декларира некој. Ништо повеќе. Не треба ни да знае јазик (пример луѓе од дијаспора нечија) не мора да му значи културата која некој би ја нарекол национална, не мора да навива за спортските тимови и репрезентации, не мора да се интересира посебно за историјата, не мора да ги прати актуелните настани. Не мора ни да живее во земјата каде неговата нација има држава. Не треба апсолутно ништо освен самодекларација. Такви примери има многу. Но тоа е нивно право.
Нациите се замислен концепт кој историски може да се прати до 18.век.
И јас имам по некое ирационално задоволство, пример го гледам Ливерпул. Ама не се идентификувам со тоа. Мислам смешно ми е, не сум бил никогаш во тој град ниту би отишол и да имам прилика на Енфилд. Телевизијата влијаела во некои си основношколски денови со гледање на премиер лига и така...Но дека нешто ми значи тоа....не ми значи. Пред некој ден играа со Кардиф и на пеналите сакав да победи Кардиф пошто играа храбро, underdogs and all that. Греота, немале титула од времето на Лоренс од Арабија.

Но дека нешто ми значи тоа надвор од едноставно ирационално задоволство - воопшто не. И да престане да постои утре клубот, би ми било сеедно. Тепање време еднаш неделно. Тоа е.
Но национализмот и не е така наивна работа. Стотици милиони луѓе беа убиени, стотици милиони ранети,инвалидизирани,трауматизирани,силувани,прогонети.
Доволно е само она што се случуваше на просторите на екс-државата 1991-2001, да не одиме подалеку.
Не е прашањето дали и колку е глупо или смешно. Прашањето е кои се резултатите. Тие што ги спомена милион хомо сапиенси кои се декларираат како Грци кои се собирале по плоштади...е веќе знак за масовна хипноза или масовно лудило. Но да прашаш некој од нив поединечно - тој сосема искрено ќе ја перцепира твојата припадност како закана, дека му крадеш историја, име, симболи, дека му копаш гроб можеби.
Врати се на примерот со планинарот и колку планинари се убивале масовно меѓу себе досега, а колку припадници на нации за да го “заштитат“ тој имагинарен ентитет.
Не можеш да натераш некого да убива или да бива убиен поради планинарење. Но можеш поради замислени другарчиња.
Тоа дека зад војните се кријат други интереси, најчесто од економска природа е јасно, национализмот сам по себе не е опасен. Но е инструмент со кој се манипулира рајата и со кој се остваруваат нечии интереси. Колку “германци“ се приклучиле на вермахтот после “зверскиот чин на полска агресија на светата територија на рајхот“ а.к.а Радио Глајвиц е класичен пример. А тоа е секогаш и секаде, само во различни форми.
Што има лицемерно? Треба лажно да тврдам дека ми значи нешто нацијата? Било која нација по светов?
А ти не ми одговори кој ти е заеднички интерес со оние со кои ја делиш припадноста.
Заедница меѓу две човечки битија од различен пол не е замислена целина. Нема ништо замислено во коитусот а уште помалку во присуството на особата во нечиј хабитат. Има сосема реални и конкретни резултати на тој однос, од оргазам, емоции, подршка, евентуално потомство, готвење

...
Ексклузивноста е замислен концепт но тоа е работа на договор, најчесто се подразбира, но неретко и вербално се манифестира. Затоа што измамената страна ќе ја боли тоа. А таа болка нема да е декларативна (јоооој кад је немац ударијоооо четереспрвееее) туку сосема реална. Нормално тоа би значело прекин на таа врска, недоверба во најчесто декларативните намери на партнерката и не е само изневерувањето туку и многу други сосема реални ситуации кои евентуално носат до крај на врската.
Државата/нацијата не може да ти пружи оргазам, ниту да ти зготви нешто, ниту да ти роди дете, ни да ти даде подршка кога ти тешко. За таква работа треба битие од крв и месо а не замислен концепт. Дали може да се чуствува љубов и кон реална особа од крв и месо и кон замислен концепт? Може секако. Не е нешто ново, види ги религиите. Ако ја извараш нацијата со друга или религијата со друга никој нема да биде повреден. Ако некој кој до вчера бил Тунижанец се декларира како Мароканец...Туниската нација нема да плаче, да се прашува зошто го направил тоа, каде згрешил/а, што гледа тоа во Мароко што го нема во Тунис и слично...

Не заради друго, бидејќи не постои а поради непостоење неможе да има последици.
Државата може нешто спротивно, но да не навлегуваме и во тоа.
Да, моментално сум во РМ ако на тоа мислеше (иако не знам зошто).