Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Да поскапи ќе пропадни да не поскапи пак ќе пропадни, ако поскапи помалку ќе се троши, ако не поскапи трошковите поголеми а со тоа и ризикот. Па сега види ти.....
Не пропаѓа, ќе го рецитираат и ќе го вратат назад, барем за јогуртот е така, провери под битолскиот јогурт, имаш бројки од 1-5 и кој пат е рециклиран таа бројка ја нема, значи ако е 3-ти пат 12 45 ќе биде напишано.
Извинете за оффтопик, ама за рециклирањето на јогуртот треба да има посебна тема, ако нема направено до сега.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Sekoj si ima pravo da bide za ili protiv vladata, inaku deneska jas na pr. ziveam skoro isto kako i pred pet ili pred deset godini, samo sto standardot mi e namalen edno 20%, poradi rastot na cenite na se i sesto !!!



Pa normalno deka Gwuyo ne gi zima tie 65% od cenata na derivatite, tie odat pravo vo budzetot, a budzetot e sirok poim, od toj budzet ziveat 150 iljadi drzavni sluzbenici/administrativci i duplo povekje penzioneri, za barokot no comment :гомце:
Gwuyo nema vrska so nevrabotenosta, pa jas kako sto se sekjavam nevrabotenosta vo Makedonija i pred 5-6 godini bese dosta visoka, duri i nekoj procent povisoka(skoro 40% vo 2006), taka da siromastijata i nevrabotenosta se stari strukturni i sistemski problemi, ne gi sozdade Gwuyo odednas preku nokj 300 iljadi nevraboteni za ovie 5-6 godini, on gi nasledi !!!
A za car deka e Gwuyo :pos: ne zezaj :ROFLMAO:
Мислам дека е 40-50% знам дека акциза е 24 денари од литар плус ДДВ 18% окулу 15 денари, значи вкупно 40 денари од 85 денари остакот е рафинериска и малку нешто бензиските пумпи. Како и да е мора да се пуни буџет за Грујо да изиграва Дедо Мраз.
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Мислам дека е 40-50% знам дека акциза е 24 денари од литар плус ДДВ 18% окулу 15 денари, значи вкупно 40 денари од 85 денари остакот е рафинериска и малку нешто бензиските пумпи. Како и да е мора да се пуни буџет за Грујо да изиграва Дедо Мраз.
Realno gledano litar benzin ne treba da e povekje od 40 ili max. 50 den. !!!
Se trpese 60, pa i 70 do kaj 75 aj nekako, ama 85 den. za litar benzin :tapp:
A deka Gwuyo izigrava Santa Claus izigrava, no ipak ne treba da mesame dnevna politika na temava !
 
Член од
31 мај 2011
Мислења
2.746
Поени од реакции
1.288
Мислам дека е 40-50% знам дека акциза е 24 денари од литар плус ДДВ 18% окулу 15 денари, значи вкупно 40 денари од 85 денари остакот е рафинериска и малку нешто бензиските пумпи. Како и да е мора да се пуни буџет за Грујо да изиграва Дедо Мраз.
најточно мислам дека зема 39 МКД од литар бензин.....ниту 20 МКД од литар да ги земаат не се доволни :facepalm:
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Realno gledano litar benzin ne treba da e povekje od 40 ili max. 50 den. !!!
Se trpese 60, pa i 70 do kaj 75 aj nekako, ama 85 den. za litar benzin :tapp:
A deka Gwuyo izigrava Santa Claus izigrava, no ipak ne treba da mesame dnevna politika na temava !
Глеј ако купуваш и 10 денари е многу ако продаваш и 100 денари малку ќе ти се. :) Реално е пазарно не колку што тебе ти одговара. Колку ќе каже пазарот толку не регулаторна комисија ни, Хајдерн ни, Стојко.
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Осмели се, Запали кола !!


Бензинот поскапе нови 3 денари и сега има рекордна цела од 84/86 денари. Колку да не се изгубат твитовите во океанот, да го запамтиме овој момент на кој за 5 години ќе се сеќаваме како на време кога бензинот беше евтин. Неколку мои твитови од вчера.
  • Да си напунев резервар во ’96та, и сега да ви го шитнев, веќе ќе бев првиот македонски султан и ќе ме викавте Величенствениот
  • Тестамент „На внуците им го оставам бурето со безоловен 98, што стои закопано позади куќата“
  • Одеднаш томос со педаљи изгледа како тотално практична ствар
  • DHL купија нови 300 точаци од Вучко
  • Трките на водно ќе се одвиваат во Ентернет на NFS: Run
  • НЛБ тутунска има нов наменски кредит за полнење резервар, со рок на одплаќање 40 години
  • Гирадико за порачки со достава до дома ќе овозможат плаќање на рати
  • Иронија. Имаш пари да купиш 3 коли, немаш пари ни у една да ставиш бензин
  • Ако се сјебеш и свртиш круг повеќе на кружен тек, отидоа 500 денари у вода
  • Порано фраерите частеа на шанк. Сега на пумпа. „Прати и 100 милилитри на малава“
  • Омилен парфем? Безоловен 95ка
  • Порано возење со кочија беше романтика. Сега е неопходно
  • Порано моторот го пунев со 130 денари. Се за 500 може само да ми пљукне во резервар
  • Батали Мастер Кард, Виза, Американ Експрес... Извади ти ваучер од Макпетрол да видам јас...
  • Муабет у ванила: Срце, имам пун резервар. Сакаш да видиш?
  • Макпетрол е новиот Сваровски
  • 25 евра авионска карта за до Венеција. - 50 евра бензин во Пежо за до Драчево
  • Што е главната дилема на возач на југо? Да наполни резервар или за исти пари да купи Мерцедес!
  • 1м2 = 1евро = 1/2л бензин
  • Палење кола ти е 20 денари. Ако те фати црвено на мавровка, отиде платата...
  • Сега фраерите по број на турирања на семафор се познаваат
ИЗВОР
 

--HEIDERN--

The Iron Fist
Член од
18 декември 2011
Мислења
638
Поени од реакции
378
Глеј ако купуваш и 10 денари е многу ако продаваш и 100 денари малку ќе ти се. :) Реално е пазарно не колку што тебе ти одговара. Колку ќе каже пазарот толку не регулаторна комисија ни, Хајдерн ни, Стојко.
Je*em ti pazarot !!!
Aj proracunaj mi vaka:
Mesecno proagjam 500km(gradska voznja-SK), mi jade 11l/100km !!!
Znaci 55l/500km
1l = 100 den.(da receme)
55 x 100 = 5.500 den. (da zaokruzime 100 eura mesecno za benzin) :vozbud:
Je*em ti pazarot !!!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Епа сите купивте џипови шо сакате вино да ви пушчат.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Je*em ti pazarot !!!
Aj proracunaj mi vaka:
Mesecno proagjam 500km(gradska voznja-SK), mi jade 11l/100km !!!
Znaci 55l/500km
1l = 100 den.(da receme)
55 x 100 = 5.500 den. (da zaokruzime 100 eura mesecno za benzin) :vozbud:
Je*em ti pazarot !!!
Секој со својата математика. Еден период имав купено договори за нафта и навивав за раст на цента. Сега немам. Со друго се занимавам. Немам кола. Ама ако расте бензинот се ќе рипне. Така да не добро ни мене не ми одговара. Ама има сосема разбирање некој луѓе мора пари да направат. Тоа е тоа... живот тече секој се снаоѓа како знае.
 

Шота Буби

нотар
Член од
4 март 2009
Мислења
3.087
Поени од реакции
1.780

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
„Окта“ и државата најмногу ќаруваат од цените на горивата во земјава, кои од вчера го достигнаа плафонот. Во длабока була, пак, се компаниите и граѓаните што веќе подолг период с` повеќе одвојуваат за да наточат иста количина гориво. По одлуката на Регулаторот цените на бензините и на дизелот да скокнат за 3 денари, се обидовме да ви откриеме кој ќе ќари најмногу од новите повисоки цени на горивата. „Регулаторната“ математика покажа дека од цената од 85,5 денари, колку што од вчера чини „евросупер БС“ од 98 октани, државата ќарува по 35,5 денари, рафинериската цена на „Окта“ е 46 денари, а остатокот е ќарот на трговците.



Државата во ќар до гуша

Регулаторната комисија за енергетика ја определува рафинериската цена на бензините според трошоците на рафинеријата „Окта“, калкулирани според цената на барелот нафта од типот „брент“ во последните 14 дена и според курсот на доларот во однос на денарот. На вака оформената цена се додаваат давачките за државата и трговската маржа. Во давачките на државата влегуваат акцизата, данок на додадената вредност, па давачката за транспорт, за нафтени резерви и за животна средина, додека маржата, која оди во џебот на сопствениците на бензинските пумпи, може да изнесува најмногу 3,2 денари за литар.

Така, на пример, цената од 85,5 денари, колку што од вчера чини „евросупер БС’ од 98 октани, според Регулаторната комисија за енергетика, се формира приближно вака. Рафинериската цена на „Окта“ изнесува 46.096 денари. Давачки што завршуваат во државната каса се следните: за животна средина - 0,080 денари, за задолжителната резерва на нафта - 0,890 денари, потоа акцизата, која за овој вид гориво е 21.692 денари и на крајот данок на додадена вредност од 18 отсто кој во случајов изнесува околу 13 денари. Бензинските пумпи, пак, плаќаат по половина денар од литар за транспорт и имаат маржа од 3,2 денари. Ако се направи груба математика, излегува дека државата ќарува по 35,5 денари од литар „евросупер БС“ од 98 октани. Пресметките се приближно исти, со мали разлики и за другите видови бензини и дизелот.



Никој не се откажува од својот дел

Регулаторната комисија за енергетика во одлуката за определување на максималните цени дава повеќе можности за пониски трговски маржи со кои трговците имаат можност да ја намалат маржата за најмногу 1,5 денар. Но тој „феномен“ досега кај нас не се случил. Исто и државата засега нема намера да се откажи од дел од колачот.

Лани во април Владата одлучи да ја намали акцизата за бензините за 4 денари, а за дизелот за 2 денара за литар. Надоместокот за задолжителни резерви се намали за 0,5 денари кај бензините и за 0,2 денари кај дизелот. Со ова, цената на бензинот се намали за 4,5 денари, а на дизелот за 2,2 денара за литар. Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески тогаш соопшти дека мерката ќе трае 4 месеци и со тоа државата се откажува од 10 милиони евра буџетски приходи во интерес на граѓаните. Kога Владата ја донесе оваа одлука, горивата беа поевтини од сега.

Иако сега горивата се за 2,5 до 3,5 денари поскапи од тогаш, вицепремиерот Зоран Ставрески завчера изјави дека Владата засега не планира такви мерки.

Kомпаниите веќе најавија нови повисоки цени на производите, а бизнис-заедницата побара брза реакција од Владата за да се спречи овој нафтен шок.



Нафтен шок

Инаку, цените на горивата во земјава за две години рипнаа за триесетина проценти. Цела измината година вртоглаво растеа, а тој тренд продолжува и годинава.

Цените на дизел-горивата за две години се зголемија за неверојатни 35 проценти. Во почетокот на 2010 година дизелот се продаваше по 50,5 денари за литар, за на почетокот на минатата година да достигне цена од 70,5 денари, а сега да се продава по 74,50 денари. Бензините за две години поскапеа во просек за 25 проценти. Од 65 денари за литар „евросупер 98“ во почетокот на 2010 година, тој скокна на 81 денар во почетокот на 2011, а сега да се продава по 85,5 денари. Завчера Регулаторната комисија за енергетика одлучи да се зголемат рафинериските и малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,56, односно за 4,14 отсто. Регулаторната комисија овој скок во цените на бензините и дизелот за 3 денари на литар го оправда со 6,54 отсто повисоката цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите две недели и за 0,42 отсто понискиот курс на доларот во однос на денарот.
Александра Филиповска
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Ми текна на скечов од ТЛН за бензинов :D.

 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Моја проценка за нафта е 150 долари барел и евро/ долар 1.50=100 евра барел Сега е 108 долари евро/долар 1.35 а рафинериска=80 евра барел рафинериска цена е 50 денари литар во случај на 150 долари барел со 1,5 евро/долар рафинирски би била 60 денари плус давачки 100-110 денари за 2-3 години гарант. Не е лошо да се купат фјучерски нафта па нека расте цената. :)
 

Il Fenomeno

non mollare mai
Член од
14 март 2007
Мислења
3.226
Поени од реакции
707
Факт е дека државата е во најголем ќар 35-40 денари од литар Окта има 45 од литар но Окта има и трошоци да плати нафта преработка работници.
Но давачите за државата скоро во цела Европа се исти а нашата држава сега вели не спушта акциза а пред некој месец спушти што е по различна ситуацијата од сега ако сега не сакат не требаше ни предходно.
А Окта не влијае многу на цената пак ке е таа и друг да е 1-2 ден разлика, а и сега скоро сите сами си увезуват бензинот кај нас.

А кој е виновен за овие цени погледнаете топ 20 компании по профит во светот со профити од стотици милијарди евра посебно последниве 10 години растур прават рушат рекорди.
Американски и западни компании кои се концесионери на нафтените полиња на близкиот исток.
Ексон Мобил,Бритиш Петролеум,Ројал Дач Шел,Тотал.Арапите имат мал дел од колачот овие се играчите.Висока политика е тоа.

Во Америка бензинот е многу поефтин но таму даноците се 5% за разлика од Европа 100% давачки на литар.

Само еден пример најмоќната компанија во светот американскит Ексон Мобил последниве години има обрат годишен од 500 милијарди и профит од 50 милијарди.Многу страдале гледам од војните на близкиот исток којзнае сега колку нафтени полиња добиле во Ирак.Сега со Француски Тотал и Британски БП во Либија ке бушат.
Путин ги избрка од Русија и таму имаа концесии сега сакат да го срушат.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom