Кучиња скитници

  • Креатор на темата Креатор на темата ° Tinna °
  • Време на започнување Време на започнување

Ваше мислење:

  • Вкупно гласачи
    625
Луѓе, чујте и почујте ...
Еве ви чист пример како некои членови на форумов кои што се залагаат за истребување и убивање на кучињата скитници, самите си ги пуштаат своите кучиња да им скитаат по улици.
Се е кажано во цитатов:

Значи членов Valkyrie на оваа тема пишува дека кучињата скитници требале да се стрелаат, а всушност токму неговото куче лута по улици.
Зарем твоето куче што лута по улици не претставува потенцијална опасност за луѓето ?
Сигурно и ти го пушташ кучето да ти трча одврзано кога идеш во парк или на Водно....До сега на Водно не сум видел ниту ЕДНО КУЧЕ НА ЛАНЧЕ ИЛИ СО КОРПА НА МУЦКАТА...
Ај да непретерувам...имало неколку врзани но тоа е се.
Па кога ќе ти се пушти некое куче и ете ти го газдата трчака и вика НЕ Е НИШТО САКА ДА СИ ИГРА...ма и газда и куче се у ПМ бре...абе знете дека има луѓе што патат од фобија од кучиња,има луѓе што се алергични на кучиња....
Ама да не забегувам од темата...кучињата се проблем и ние ќе го решаваме тој проблем по Еуропејски тертип...со еутоназија.
 
Како прво во Македонија непостојат паркови специјално оградени за кучиња.
Секое куче има потреба да се истрча, и кажи ми ти на мене ако јас не го пуштам кучето да се истрча, тогаш на кој начин кучето би си ја потрошило енергијата ???

Не е наша вина што ги пуштаме кучињата да се истрчаат, проблемот е во тоа што се носат закони без целосно да се видат позитивностите и негативностите од тој закон.
Точно е тоа дека секој сопственик треба кучето да го шета со заштитна маска и да биде врзано на поводник, но кучето мора секојдневно да трча за да си ја потроши енергијата.
Е сега што да правиме ние сопствениците на кучиња, немаме специјално оградени паркови за кучиња, па затоа сме принудени да ги пуштаме кучињата да се истрчуваат во обичните паркови.

Штом се носат Европски закони тогаш треба исто така и Европски да се спроведат, тоест ако се носи закон за кучињата да бидат со маски и врзани на поводник тогаш исто така треба да се направат и паркови за кучиња во кои што ќе можеме ние сопствениците слободно да ги пуштиме да се истрчаат кучињата.
 
Ахам...пак е власта крива...абе ако го трчаш кучето трчај го ама барем стави му маска да не искаса некој.
Куче со маска во Скопје е ретка гледка.
А добро,што би кажале вие,ако вашето куче нападне човек и човекот го убие кучето...недајбоже.Ме интересира ваше мислење.
 
Ќе се стрела навечер од 00 до 03 часот на пример така да нема да ми ја убијат.

Понатаму не станува збор за куче скитник,гладно збрлавено....ја пити и купувам и маџарски сендвичи...нахранета е подобро од мене и затоа не верувам да направи беља,но доколку некој реагира јас ќе ја врзам дома без проблем но сите мои комшии ги пуштаат кучињата па затоа и беснава излева.

Кажи ми ти што имаш против стрелањето???

Успивањето е прескапо,понатаму немаме капацитет за да ги сместиме значи ловџиите нека се спремаат.

Можеби во 2025 кога ќе бидеме поразвиена држава тогаш не би бил за стрелање но сега мора дефинитивно да се преземе нешто.

Дали кучето е нахрането или гладно, не игра голема улога.
Твоето куче нека биде колку сака најадено, ако се најде во загрозена состојба, тогаш ќе нападне.

Против стрелањето сум бидејќи тоа не е хумано, и не му доликува на едно свесно суштество да се однесува како примитивен дивјак.

Стрелањето нема да даде долгорочен резултат.
Од стрелањето ќе има само кус и краткотраен ефект.

Главниот извор на преблемот е токму во луѓето.
Постојат луѓе кои што кога ќе им се окучи кучката наместо да ги вдомат кученцата, они ги оставаат на улица.
Или пак на пример ќе земат да чуваат куче и кога ќе им се здосади го оставаат кучето на учица.
Е токму од ваквите луѓе сега има еден куп кучиња скитници по улиците.

За да се реши проблемов, потребно е да се „пресече“ изворот на проблемот, или поточно кажано, треба да има високи и строги казни за секој неодговорен сопственик кој што ќе го остави кучето на улица, бидејќи токму овие луѓе го имаат создадено овој проблем.

Исто така ја поддржувам кастрацијата.
Со кастрацијата ќе се спречи понатамошно размножување на моменталните скитници, серазбира резултатите од оваа метода ќе се забележат малку подоцна, но сепак ефектот ќе биде голем.

И на крај да кажам дека и вие кучемрзците понекогаш сами ги предизвикувате кучињата да станат агресивни.
Многу пати сум видела како мали кученца си шетаат по улица и некое дете ќе земе камен и ќе го гаѓа кучето, или со клоци ќе го расшутира.
И после како тоа куче да биде пријателски настроено кога до пред некој ден јадело ќотек и било мавано со камења токму од луѓето ???

Ахам...пак е власта крива...абе ако го трчаш кучето трчај го ама барем стави му маска да не искаса некој.
Куче со маска во Скопје е ретка гледка.
А добро,што би кажале вие,ако вашето куче нападне човек и човекот го убие кучето...недајбоже.Ме интересира ваше мислење.

Како прво јас нема да дозволам моето куче да нападне човек, имам преголемо искуство со кучиња и можам да ја проценам реакцијата на моето куче.

Ако кучето мое нападне човек, тогаш човекот попрво мене треба да ме утепа бидејќи јас сум дозволила кучето да нападне.
Кучето не е криво што нападнало, туку јас како сопственик сум крива што сум дозволила да нападне и што не сум го спречила нападот.

Да, точно е тоа дека во Скопје (а верувам и во другите градови) ретко се гледа куче со маска и врзано на поводник.
НО знаеш ли зошто е тоа така ?
Тоа е така бидејќи нас никој не не казнува, досега на нитуеден сопственик на куче не е напишано казна.
Точно е тоа дека штом постои закон, треба да се почитува, али таков е нашиот менталитет, додека не се „изгориш“ од дебела казна нема да ти текне да го почитуваш законот.
Најчесто сопствениците на покрупни кучиња добиваат само опомени, а сопствениците со мали кучиња никој не ги ни опоменува, а казна досега не е пишано на никој.
Значи законот си постои само на хартија, но во пракса никој не го спроведува.
 
Хммм...епа и мене никој не ме казнил за убивање на луѓе но јас не убивам бидејќи сум свесен и не ми е потребна казна за да го разберам тоа.А би требало и сите други да се освестат без да добијат казна :):):)
Но...вистина е дека проблемот со скитниците кучиња настанал поради луѓето,но сега кучињата се во преголем број така да тие сами се котат и ја зголемуваат бројката.Ако не се реагира Скопје ќе стане град со повеќе кучиња одколку луѓе.
 
Како прво, без навреда али споредбата за убивањето на луѓе ти е глупа.

Еве сега едно прашање до сите членови на форумов што поддржуваат стрелање и убивање на уличните кучиња.

Дали вие би сакале да се реши проблемот на долгорочно или на краткорочно ???

Како што кажав во претходниот мој пост, проблемов потекнува од неодговорните луѓе што ги пуштаат / оставаат кучињата на улица.

За да се реши овој проблем долгорочно, потребно е да се „пресече“ изворот на проблемот, тоест треба да има високи и строги казни за секој што ќе остави куче на улица, е кога ќе има такви строги казни тогаш ќе се замислат малку луѓето дали да го остават кучето на улица.

И џабе е ако ги стрелате / убивате / труете кучињата, тоа е краткорочно решение, можеби моментално ќе се намали малку нивниот број, но повторно леѓето ќе ги пуштаат кучињата на улица и повторно ќе се котат и вие повторно ќе ги стрелате и се така ќе се вртиме во круг без да го решиме проблемот.

Значи да не ме разберете погрешно, и јас сум да се тргнат кучињата скитници од улиците, али не на таков нехуман начин како што е стрелање.

За да се реши проблемот еднаш за секогаш, потребно е да се „пресече“ изворот на проблемот, тоест луѓето да не ги пуштаат кучињата на улици.
 
НЕ ! Штета што не секој се нафаќа да згрижи куче маче кое не е некоја раса или да вдоми од стационер. На тие што чуваат такви секоја чест. И дефинитивно тоа не е решение , државата треба да превземе нешто .
 
Како прво, без навреда али споредбата за убивањето на луѓе ти е глупа.

Еве сега едно прашање до сите членови на форумов што поддржуваат стрелање и убивање на уличните кучиња.

Дали вие би сакале да се реши проблемот на долгорочно или на краткорочно ???

Како што кажав во претходниот мој пост, проблемов потекнува од неодговорните луѓе што ги пуштаат / оставаат кучињата на улица.

За да се реши овој проблем долгорочно, потребно е да се „пресече“ изворот на проблемот, тоест треба да има високи и строги казни за секој што ќе остави куче на улица, е кога ќе има такви строги казни тогаш ќе се замислат малку луѓето дали да го остават кучето на улица.

И џабе е ако ги стрелате / убивате / труете кучињата, тоа е краткорочно решение, можеби моментално ќе се намали малку нивниот број, но повторно леѓето ќе ги пуштаат кучињата на улица и повторно ќе се котат и вие повторно ќе ги стрелате и се така ќе се вртиме во круг без да го решиме проблемот.

Значи да не ме разберете погрешно, и јас сум да се тргнат кучињата скитници од улиците, али не на таков нехуман начин како што е стрелање.

За да се реши проблемот еднаш за секогаш, потребно е да се „пресече“ изворот на проблемот, тоест луѓето да не ги пуштаат кучињата на улици.
И јас сум за да се тргнат на по хуман начин од улиците, ама кога ништо не се превзема околу тоа, тогаш нормално е дека ќе се спроведе на некаков нехуман начин и тоа од човек кој е лично засегнат по тоа прашање. Еве на пример, ми смета и одам го трујам и око не ми трепнува. Зборуваш за казна за несовесните луѓе што оставаат миленици. Ок, ама ја нема таа казна. Затоа што ја нема/не постои таа казна, сите што се лично засегнати ќе го земат проблемот во свои раце, нема да чекаат на казната која можеби никогаш или пак во поблиска иднина нема да се спроведе и случи. Знам и јас и ти како е правилно да биде, ама едноставно не е, и кога не е ќе се бараат други алтернативи, му се допаѓало тоа некому или не, сеедно.
 
Еве веќе 3 години како стои темава, а "хуманитарните" ист муабет вртат цело време, 3 години по ред.

Да се најде хуман начин, да се кастрира, да ова, да она...и три години сме на статус кво, иста ситуација. Вие, "хуманитарните", ќе продолжите истиот муабет да го терате и 10 години, пошто вас ситуацијава ви одговара - подобро кучињата да се на улица, него да се успијат. Но, немојте да мислите дека 10 години ќе биде иста ваква ситуација, бидејќи само се чека еден момент, испад и цела оваа идила на улични кучиња ќе пукне.
Само едно мало дете да биде гризнато, не дај боже, па да видите како сите тие кучиња ќе одат на успивање без да им трепне око на луѓево. Дека ќе пукне ситуацијата некој период, тоа е сигурно, бидејќи овие кучиња се агресивни кога јадат, кога несакајќи ќе им пројдеш покрај храната, агресивни се кога ги бранат малите кучиња...

Затоа, ако стварно сте толку хуманитарни, префрлете се од теоретизирање на форум во организирање на акција, од зборови на дела, бидејќи оваа статус кво ситуација на која се потпирате - нема да трае вечно.
 
„Хуман“ не е човечки? „хуманитеарен“ - сочувствува и сака да помага на луѓето??

Па ве молам каков „хуман“ начин да се справиме со кучињата скитници? Единствено е да не земате мало кученце кое подоцна ќе го отфрлите и ќе стане скитник. Кое и да е решение за справување со кучињата скитници е хумано, бидејќи тие представуваат проблем и опасност за луѓето.
 
Луѓе, чујте и почујте ...
Еве ви чист пример како некои членови на форумов кои што се залагаат за истребување и убивање на кучињата скитници, самите си ги пуштаат своите кучиња да им скитаат по улици.
Се е кажано во цитатов:

Значи членов Valkyrie на оваа тема пишува дека кучињата скитници требале да се стрелаат, а всушност токму неговото куче лута по улици.
Зарем твоето куче што лута по улици не претставува потенцијална опасност за луѓето ?
да умее да ја задржи,нема да му лута сегде и да ја нема долго време па дури да се врати кога посака...се е до самиот човек ако не и покажал љубов секако дека таа ќе бара на друго место...
 
Еве веќе 3 години како стои темава, а "хуманитарните" ист муабет вртат цело време, 3 години по ред.

Да се најде хуман начин, да се кастрира, да ова, да она...и три години сме на статус кво, иста ситуација. Вие, "хуманитарните", ќе продолжите истиот муабет да го терате и 10 години, пошто вас ситуацијава ви одговара - подобро кучињата да се на улица, него да се успијат. Но, немојте да мислите дека 10 години ќе биде иста ваква ситуација, бидејќи само се чека еден момент, испад и цела оваа идила на улични кучиња ќе пукне.
Само едно мало дете да биде гризнато, не дај боже, па да видите како сите тие кучиња ќе одат на успивање без да им трепне око на луѓево. Дека ќе пукне ситуацијата некој период, тоа е сигурно, бидејќи овие кучиња се агресивни кога јадат, кога несакајќи ќе им пројдеш покрај храната, агресивни се кога ги бранат малите кучиња...

Затоа, ако стварно сте толку хуманитарни, префрлете се од теоретизирање на форум во организирање на акција, од зборови на дела, бидејќи оваа статус кво ситуација на која се потпирате - нема да трае вечно.

Оваа статус кво ситуација (која не постои, валјда само ти ја гледаш така), е проблем предизвикан од тебе (секој еден, не само ти), проблем со кој се соочуваш секој ден, а не превземаш ништо во врска со тоа. Поминуваш покрај куче скитник и го одминуваш, без разлика дали е болно, здраво, игриво, агресивно... што ти не знам веќе.
Си се потрудил да промениш нешто?
Тргни од себе, почни со промените, потруди се да влијаеш на некој друг, тој друг ќе влијае на некој трет... проблемот е решен!

Но, нас најчесто ни е најлесно топката да ја префрлиме на некој 100ти, чекаме некој да направи нешто за нас, да го реши нашиот проблем. Сите сме доволно паметни да знаеме дека не треба да чекаме на другите, а сепак чекаме и не превземаме ништо!

Јас лично, тргнав од себе, почнав да работам на проблемот, вдомив 7 скитници во прекрасни фамилии, ги стерилизирав кучињата, ги подарив, ги едуцирав луѓето за тоа како треба да се однесуваат према една ЖИВА душа, секој ден кога се шетам со кучето, ми доаѓаат дечиња, им посветувам посебно внимание и кој знај колку време им зборам за тоа како треба да ги третираат животните, лечам болни кучиња... Направив огромна промена во мислењето на голем дел од луѓето кои ме опкружуваат, они почнаа да реагираат кога некој сака да испушти куче, кога некој малтретира куче...

Што си направил ти?

Седиш на кајгана и зборуваш за решавање на некаков проблем, предизвикан од луѓето како тебе кои ноншалантно гледаат на живиот свет околу нив.

Почни да правиш нешто, активирај се некако, ако не можеш физички, ако не можеш финансиски (иако не станува збор за кој знај колкави пари), ако немаш простор (секој што сака може да ослободи), можеш да едуцираш луѓе... секој може да помогне во решавањето на проблемот, само финтата тука е што никој не сака... а сите пекаат и урлаат за кучињата скитници, кои не по своја вина се на улиците!

Тргни од себе, активирај се, и веднаш таа статус кво ситуација ќе се промени!

Но прашањето тука е, дали ти некогаш би почнал да правиш нешто за да се реши проблемот (освен да кукаш на кајгана)?
 
И јас сум за да се тргнат на по хуман начин од улиците, ама кога ништо не се превзема околу тоа, тогаш нормално е дека ќе се спроведе на некаков нехуман начин и тоа од човек кој е лично засегнат по тоа прашање. Еве на пример, ми смета и одам го трујам и око не ми трепнува. Зборуваш за казна за несовесните луѓе што оставаат миленици. Ок, ама ја нема таа казна. Затоа што ја нема/не постои таа казна, сите што се лично засегнати ќе го земат проблемот во свои раце, нема да чекаат на казната која можеби никогаш или пак во поблиска иднина нема да се спроведе и случи. Знам и јас и ти како е правилно да биде, ама едноставно не е, и кога не е ќе се бараат други алтернативи, му се допаѓало тоа некому или не, сеедно.

Според законот за благосостојба на животните, си има неколку члена за тоа дека кучињата несмеат да се пуштаат на улица, и секој сопственик кој што ќе го остави кучето на улица треба да си сноси санкции и парична казна.
Арно ама тој закон си стои само на хартија и никој не го спроведува.
Да почнат да го спроведуваат законот на дело ќе има забележителни резултати и бројот на кучињата скитници значително ќе се намали.
Али ете бидејќи законот си стои само напишан на хартија а во пракса никој не го спроведува, затоа луѓето ги оставаат кучињата на улици бидејќи знаат дека нема да си сносат одговорност, а кога би се применувал законот на дело, е тогаш ќе се замислат дали да го остават кучето на улица.
 
Тоа е исто како да не постои тој закон.
Се додека не почне тој закон да функционира се дотогаш ќе има луѓе што проблемот ќе го превземаат во свои раце.

Ме интересира вака некој ако знае да ми каже каква организација е Анима Мунди? Ја имам лајкнато на фб и незнам дали е само фб страна како онаа Спас за животните или стварно постои?
 
Постои како организација и за промена на статус кво ситуацијата на членот МАЦ, они барем прават нешто. Редовно комуницирам со нив, знам дека доста се ангажираат околу решавање на проблемот. Но како и секоја организација, и они не можат да постигнат и да направат се, поради фактот што работат на принцип - сопствени пари и донации (кои ги нема нешто многу). Не се професионалци, туку се обични љубители на животни кои сакаат да превземат нешто, за законите за благосостојбата на животните да стапат во сила. Битно е дека некој превзеде некаква иницијатива и дека се работи на проблемот. А и имаат голема поддршка од медиумите, што реално е добар знак.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom