Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

Член од
6 декември 2011
Мислења
2.027
Поени од реакции
3.357
Дадоа објаснување зошто поскапуваат или стандард трололо? :D
Па нели знаеш дека оваа година мора да се соборат сите рекорди во историјата на Македонија. Рекрод на невработеност, рекорд на цената на горивата, рекорд на судски тужби, рекорд на полициски казни, рекорд на казни од инспекцијата итн.
 
D

D_NazGUL

Гостин
Малопродажната цена на бензините и на дизелот ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, со што ќе се достигне историски највисоко ниво на цените на горивата на бензинскиот пумпи во Македонија.
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница изврши нагорна корекција на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,56 отсто, односно за 4,14 отсто.
„Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 121,677 $/барел и е за 6,54 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта (114,207 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати“, се вели во образложението на Регулаторите.
Притоа се додава дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 46,4853 ден/$ и е за 0,42 % понизок од курсот на доларот (46,6799 ден/$) по кој беа формирани претходните цените.
Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 84 денари, додека новата цена на еуросупер- БС-98 ќе изнесува рекордни 85,50 ден/лит, а на еуродизелот изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит, со што новата цена на овој нафтен дериват изнесува 63,00 ден/лит.
Значително поскапување од над два денари за килограм има кај мазутот, па така новата цена на М-1 НС изнесува 47,934 ден/кг.
Македонската влада во април изминатата година одлучи привремено да ја намали акцизата на нафтените деривати, со цел да им олесни на граѓаните и на стопанството. Одлуката беше донесена кон средината на април 2011 година, откако цената на литар Еуросупер 98 достигна 82 денари, а на Еуросупер 95 80,5 денари по литар.
E sega Toplifikacija ke ni go zgorci zivotot! (dosega ni bese blago zgorcen)

p.s. sorry za latinica pod Linux CD sum rokavela HDD
 
Член од
18 февруари 2008
Мислења
1.464
Поени од реакции
248
Тоа што намалија лани пред изборите 4 денари сега низ нос ќе ни го извадат, ама ако добро, иначе како ќе му дојде памет на овој македонски народ.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Тоа што намалија лани пред изборите 4 денари сега низ нос ќе ни го извадат, ама ако добро, иначе како ќе му дојде памет на овој македонски народ.
бранко да беше колку ќе беше цената? 50? :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Со сета почит али не можете да издржите Сранко да не го спомнете. Ама фрустрации ви има набиено...

Што ме боли мене за Бранко јас не знам, нека докажат овие дека се покадарни а не Бранко па Бранко више да ги се збогтиса од имево...
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Со сета почит али не можете да издржите Сранко да не го спомнете. Ама фрустрации ви има набиено...

Што ме боли мене за Бранко јас не знам, нека докажат овие дека се покадарни а не Бранко па Бранко више да ги се збогтиса од имево...
Некој рече дека Грујо е крив, значи треба друг да дојде. Друг некој според сите анкети и изборите лани кои има барем приближно гласови до Грујо е бранко. Значи ако не е грујо ќе биде бранко. Ако цената на нафтата зависи од грујо т.е. неговата замена прашувам колку ќе беше цената да беше бранко на власт?
--- надополнето: 27 февруари 2012 во 14:09 ---
http://en.wikipedia.org/wiki/Gasoline_and_diesel_usage_and_pricing#Countries_with_subsidised_gasoline

Малку подоле се цените на нафта и бензин во светот а ги има и земјите од регионот. Ние спаѓаме во земјите со поефтина нафта. Ама разликата е 5 до 15 центи од Албанија, Србија...Тоа е тоа. Цената може малку пак да се мења ради Иран.
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Некој рече дека Грујо е крив, значи треба друг да дојде. Друг некој според сите анкети и изборите лани кои има барем приближно гласови до Грујо е бранко. Значи ако не е грујо ќе биде бранко. Ако цената на нафтата зависи од грујо т.е. неговата замена прашувам колку ќе беше цената да беше бранко на власт?
Летај од темава, уште ти ми фалиш со поскапување да ми оправаш политики.
 

Mjolnir

Духот на рамковниот договор
Член од
12 декември 2011
Мислења
1.967
Поени од реакции
1.867
Летај од темава, уште ти ми фалиш со поскапување да ми оправаш политики.
Па јас не спомнав прв политика другарке леандра,прочитај ги постовите пред мене од извесен Goran. Ете ти листа на цени на нафта во регионов. Па повели дискутирај.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Ма мене искрено гајле ми е дали ќе била или нема да била. Со претпоставки не се занимавам. Овие моментално ја раководат државата и не сотреа до гола кожа. Да беше Бранко, за Бранко ќе зборевме и ќе критикувавме ако се случуваше ова во негово време.

Тие што раководат тие се критикуваат.

Не можеш да влезеш во тема за нешто што поскапува а да не видиш споредба со Бранко, страшно нешто.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom