Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

deXterche

тадаммм
Член од
12 февруари 2006
Мислења
4.920
Поени од реакции
942
Малопродажната цена на бензините и на дизелот ноќеска на полноќ се зголемува за три денари, со што ќе се достигне историски највисоко ниво на цените на горивата на бензинскиот пумпи во Македонија.
Регулаторната комисија за енергетика на денешната седница изврши нагорна корекција на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,56 отсто, односно за 4,14 отсто.
„Просечната цена на сурова нафта на светскиот пазар во изминатиот 14-дневен период изнесуваше 121,677 $/барел и е за 6,54 отсто повисока од просечната цена на сурова нафта (114,207 $/барел) по која беа формирани тековните цени на нафтените деривати“, се вели во образложението на Регулаторите.
Притоа се додава дека курсот на денарот во однос на доларот во изминатите две недели изнесуваше 46,4853 ден/$ и е за 0,42 % понизок од курсот на доларот (46,6799 ден/$) по кој беа формирани претходните цените.
Согласно одлуката, литар еуросупер БС-95 од ноќеска на полноќ ќе се продава по 84 денари, додека новата цена на еуросупер- БС-98 ќе изнесува рекордни 85,50 ден/лит, а на еуродизелот изнесува 74,50 ден/лит.
Малопродажната цена на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 2,50 ден/лит, со што новата цена на овој нафтен дериват изнесува 63,00 ден/лит.
Значително поскапување од над два денари за килограм има кај мазутот, па така новата цена на М-1 НС изнесува 47,934 ден/кг.
Македонската влада во април изминатата година одлучи привремено да ја намали акцизата на нафтените деривати, со цел да им олесни на граѓаните и на стопанството. Одлуката беше донесена кон средината на април 2011 година, откако цената на литар Еуросупер 98 достигна 82 денари, а на Еуросупер 95 80,5 денари по литар.
 

Ivica^

Confident Liar
Член од
14 август 2007
Мислења
11.406
Поени од реакции
16.647
Ни ебаа матер, или нека намалат акциза или што ти ја знам, субвенционираат или со литро бензин од 85 ден. ќе потпалиме некого.
Или не :icon_lol:
 
V

Vollstandig

Гостин
Kaко лесно и лубрицирано го потпикнуваат, не го дигнуваат бензинот од 50 па директно на 85 пошо шо знаеш овој македонски народ може одеднаш да скокни и на простест, затоа 2 денари па 5 па 3 па се додека не си достигниш цена што ти одговара, а во меѓувреме нема ни протест ни некакви револти освен пред коперација.
 

Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Доларот ќе паѓа а бензионот ќе расте. Ама падот на доларот ќе биде помал од растот на цената на сурова нафта во долари. Така се исплати да си лонг на нафта. Сега рипна нафтата може да има мала корекција во следните денови но, со оглед на моменталната гео-политичка и пазарна ситуација очекувам нафтата да расте. Кој може нека си купи позиции.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Ни досега не сум знаел колку е литар бензин а ни одсега ќе се замарам. Колку ќе речат на пумпата - толку ќе плаќам
Нек му се мислат пролетерите
 

Таруно

Еким
Член од
9 јуни 2010
Мислења
2.610
Поени од реакции
2.505
Kaко лесно и лубрицирано го потпикнуваат, не го дигнуваат бензинот од 50 па директно на 85 пошо шо знаеш овој македонски народ може одеднаш да скокни и на простест, затоа 2 денари па 5 па 3 па се додека не си достигниш цена што ти одговара, а во меѓувреме нема ни протест ни некакви револти освен пред коперација.
Смотани се. И директно да го кренеа, народов само ќе се натртеше. ;)

Ајмо може и јаче... сакам 100че. ;)
 
V

Vollstandig

Гостин
Смотани се. И директно да го кренеа, народов само ќе се натртеше. ;)

Ајмо може и јаче... сакам 100че. ;)
Јас се кладам дека цената на горивото за литар бензин “не можат да ја направат“ повисока од километражот што е графирано со максимална брзина возилото. Онака идиш на бензиска: Колку крева мајсторе? -“Коа има бензин, 220! - Тури му едно литро за 220...

Доза инспирација:




Доза глупост:

Ни досега не сум знаел колку е литар бензин а ни одсега ќе се замарам. Колку ќе речат на пумпата - толку ќе плаќам
Нек му се мислат пролетерите
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Дадоа објаснување зошто поскапуваат или стандард трололо? :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom