Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Филозофијата им е со што е можно помалку напор да ги добијат натпреварите. Тоа не беше случај на почетокот затоа што игравме деца а какви и да им се дадените наредби, секако дека ќе сакаат тие да се докажат и да направат нешто повеќе. Џонс, Смолинг, Андерсон, Клеверли, само напред идеа, какво седење на средина... разбирам јас помалце напор ама барем нека дадат уште еден гол. Сега се спасивме ама нека служи ова како поука за друг пат, иако и во четвртокот имавме нешто слично на ова.
Се надевам на шоу на Валенсија против Спарси. И Јанг можеби треба да е стартер, одлична топка му сервираше на Гигс и имаше добри долги додавања за тоа време што настапи.
 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Можевме да тепаме со многу поголема разлика.Првите 5 мин ги притиснавме дадовме гол,потоа последните 5 мин притиснавме дадовме гол.Да играа малце понапагачки,а не да бранат 1-0 со норич ке имавме солидна победа а вака :facepalm:
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.915
Поени од реакции
11.683
Се нервирам затоа што Де Геа го имаше мечот на кариерата, чисто сумљам и за Шпанија и за Атлетико да бранел онака а дозволија да прими гол.
Малиот се поремети, а најбитната одбрана беше таа во прво полувреме кога топката од која стандард прима гол по земја, ја фати, алал вера! Има позиционираност ама сето друго го добива со тек на време и искуство, јбг сите голмани се дрва на почеток на кариера, пикот иде покасно.
Ама браво, за сите киксови што ги прави се вади со вакви одбрани кои решаваат меч.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.607
Поени од реакции
8.290
Треба Ферги да ја смени филозофијата негова....Кога ќе видам видео од 2008 како со два потеза даваме гол, а сега ко Барса да ја имитираат.

До кога ќе плукате по оние кои најмалце заслужуваат?Го критикуваа Керик,Де Феа,Џони,донекаде и Фердинанд а тие им возвраќаат со одлични игри...
Време е Нани да се седне на клупа малце,за да му дојде памет а и Велбек е тука негде денес налмалку 2 100 постотни шанси усра...

ПС:Респект до стариве:cuc: !И ако Сколс не е клучна алка сезонава ја глава сечам!
 

Бавча

идол на младите
Член од
25 декември 2007
Мислења
11.915
Поени од реакции
11.683
Треба Ферги да ја смени филозофијата негова....Кога ќе видам видео од 2008 како со два потеза даваме гол, а сега ко Барса да ја имитираат.
Оригинал, од ротација на позиции и играчи преку иста тактика и на ти го дај ми го цело време, само без реализација.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Треба Ферги да ја смени филозофијата негова....Кога ќе видам видео од 2008 како со два потеза даваме гол, а сега ко Барса да ја имитираат.
!
Истото е другар, и тогаш кога бевме најдобри чекавме контри, ретко кога сме играле со посед ние. Само како што кажа татко ми имаше тогаш подобра реализација :) И тогаш Вес Браун и Харгривс стариот ги шеташе на сите можни позиции, Нани и Роналдо само swap по крилата, иста филозофија тера стариов само реализацијата треба да ни се подобри нас.
 

The Edge^

the force
Член од
11 јуни 2011
Мислења
2.882
Поени од реакции
2.397
Барем не игра секоја сезона со иста тактика, и што фајде од тоа би било? Ко Барса а што нив не ли почнаа да им наоѓат контра-тактика, гледаме што се случува во Шпанија. Добро е така, добро е.

А и со играчите што ги имаме (барем оние помладите) и начинот на кој што работи младинскиот систем, ми се чини дека се изведуваат се технички поспремни играчи, со што ќе се одрази на начинот на игра и тактиката на првиот тим, па и со движењата на трансфер пазарот, мислам дека ќе гледаме технички попотковен фудбал од што досега сме имале.

Така беше и во предсезоната и на почетокот, пред полнењето на болницата, па се го имам тоа мислење дека сезонава до сега како таква на 2рата позиција ни е извадена така искрпено, со план Б да речам, со импровизации, со не првичната замисла за игрта, што се замислува во предсезоната.

Нешто што многумина не го сфаќаат е тоа што како ја извадивме сезоната со толку повреди, тоа е за :cuc::cuc:. Па никако не беше замислено старците да не спасуваат. Видовме во предсезоната и стартот, па младите ги полнеа противничките мрежи, ги полнеа, заразлика од сега кога играме по пимплав фудбал, сепак со успех.

Но нормално кој стручен штаб го имаме, на чело со каков генијалец, што не дозволија сезоната да пропадне, и одсегокаш имаат искомбинирано мноштво состави што сите да се каже доаѓаат како прв. Незнам, за вас, има многу критики и незадоволни и мнооооогу кукања за играта, јас сум задоволен, задоволен, задоволен! Победи множиме, и одиме на титула. GGMU!!!
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
7.627
Поени од реакции
6.434
Се надевам на шоу на Валенсија против Спарси. И Јанг можеби треба да е стартер, одлична топка му сервираше на Гигс и имаше добри долги додавања за тоа време што настапи.
За со Тотенхем за лево крило мислам дека најдобра опција би бил Парк кој многу повеќе е корисен во дефанзива од другите крила, со оглед на слабата форма на Евра а опасната десна страна на Спарси со Ленон и Вокер, мислам дека Парк би било најдобро да игра.Сепак мислам дека ќе биде истиот среден ред од денес само со Валенсија на место Нани. И Рафаел десен бек, го искина ''најдобриот играч во ПЛ '' на претходните натпревари.
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Остајте го стариот добра тактика тера, пимплање и се прават пропусти деконцентрации и сл.
Ако шутнеш под дифолт губиш топка, 50-50 ти е да дадеш гол , додека пак пимплање..пимплање и ќе се начека момент кога можеш да нафрлиш да додајш и шут. Мене ова второво пологично ми е отколку вие што велите дека не сакате мн. со подавање топката.
Добра тактика води и на крај не сум искритикувал ниту еден,чутев чутев, ама помина Прочка сеа не му простувам :icon_mrgr:
Евра веќе подолго време во дефанзива е :гомце:.... Денеска арно за шансата кога беше пред гол и де Геа што му ја фати , крив беше Евра! После то за примениот гол пак беше тука крив Евра....
Евра дефанзивно не ми е сигурен ич, во напад подобар е ама јбг бек е, мора дефанзивата да биди подобра за разлика од офанзивата...
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Paul Scholes, who only came back in January has scored the same number of Premier League goals as Torres.

:pos:

Моментот каде што според идиотските коментатори на Скај Спортс, Нани покажа дисреспект и направи „финта“ :D



на деби голот се нема радувано вака :D

 
Член од
19 март 2011
Мислења
12.881
Поени од реакции
14.319
Гигс фак ју,што ме расплака од сабајле :cuc:

Пимплање,игра како на фарса...Само едно ке кажам таква игра не ни носи резултат,имаме се но реализација не.
Со Норич како ги дадовме двата гола со 5546 паасови и сосе топка во гол?Не,двата гола беа кога се вративме на нашата претпознатлива игра преку крилата,2 нафрлувања 2 гола.Нани играл тапа,не играше тапа се форсираше игра преку средина,првите и последните минути од натпреварот кога идевме преку крила имавме многу подобри и поопасни шанси за гол...Затоа си ја сакам оваквата игра,ем е поатрактивна за гледање и ни носи резултат а не со милион додавања...

Некој да не викаше на стартот на сезоната со деца не се освојува титула :icon_lol:Искуството си го прави своето,неможе со еден гигант како Ајакс просек на години да ни биде 21...Да беше Бербатов или Руни на местото од Велбек вчера 1-5 ќе тепавме едноставно поискусни се.Велбек е..немам зборови за него супер играч е но неговото време допрва доага...Видете само колкава минутажа има Берба колкава Велбек и постигнати голови...
Со кокошките,ЛАВ-Нани крила-моја мала желба :icon_mrgr:

Започнав со Гигс,ќе завршам со него :)
"For a player to play for one club for 900 games is exceptional and it won't be done again - an amazing career and an amazing man." -Изјава на серот за мутв :)
 
B

BooBojan

Гостин
Не знам колку од вас се сеќаваат на онаа изјава на Ферги на почеток на сезона кога рече дека Јунајтед оваа сезонаќе прима повеке голови од порано заради тоа што ќе почне да игра фудбал за да може да ја победи Барса.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom