Многу луѓе си играат приватни детективи за да откријат дали партнерот ги изневерува, а забораваат да постават едноставно прашање.
Од одговорот, говорот на телото, начинот на кој одговара, дали многу се брани или одговара просто, дали почнува да напаѓа или не.. може многу да се дознае...
Се согласувам, ама какви лажговци има, леле, леле, леле... Да не кажам магистри по лажење. Јас еднаш така прашав, не баш така додуша, друг беше муабетот, имав сличен разговор, говорот на телото го издаде додуша, ама начинот на кој збореше, а бе да мислиш најчесен човек на планетава земја.
На крај дури му се правдав и извинував зашто сум го поставила тоа на дневен ред. Боже ме сачувај.
А иначе, моето мислење се поклопува донекаде со Магде, ама од моето искуство, најдобри показатели се кога нема показатели...Чиниш совршено е се, не гледа по други, се прави дека никоја друга не го интересира, нон-стоп се обидува да те стави во ситуација дека ти си крива за работите што се случуваат, се прави жртва...На Фејсбук на пример, ако веќе одиме модернизирано, нема ниту еден сомнителен пријател, нема ништо буквално на ѕидот, ни коментари, ни ништо...си ќути, не дава коментари. Многу се препредени. Куче лае не каса, тоа е мое мислење, а и искуство.Ама ова е мое искуство, не значи дека за сите е така.