Атина гори, над 50 повредени од кои повеќето полицајци

Срам да ми е, заборавив да ставам цитат од еден демонстрант, сведок на повеќе брутални напади од страна на полицијата, па кој има време и желба и е во заблуда за „хулиганите“ по улиците, нека повели, нека прочита:

„По првиот напад на солзавец, многу луѓе побегнаа од околната улица. Јас тргнав кон улиците Митрополеос и Никис. Гужвата беше толку голема, што веројатно бевме припиени едни до други. Луѓето ги преплавија улиците. Фрлаа солзавец на масата. Неверојатна паника... Истото се случило и на улиците Ерму, Кар, Сервиас и Филели-нон, како што другарите ме известија по телефон.
Потоа, нè нападнаа со палки. Две полициски единици, кои биле на улицата Никис, како и помеѓу улиците Ерму и Митрополеос, преплавија по улиците и почнаа безми-лосно да нè тепаат. Нè бркаа од улицата Никис до Ксенофонтова. Нè имаше многу и немаше места за сите. Некои не можеа да поверуваат што се случува. Отидоа до полицајците да разговараат со нив и беа претепани. Бевме принудени да ги вадиме камењата од улиците и масовно да ја напаѓаме полицијата. Сите фрлаа камења, не само другарите... сите! Но тие нè нападнаа повторно.
Вртејќи се во круг, повторно стигнавме до улиците Никис и Митрополеос, каде започна безмилосното каменување. Некои другари ги палеа кантите за ѓубре за да го растераат солзавецот. Некои повраќаа, стари луѓе паѓаа во несвест... Стотина од нас се собраа на неколку метра на плоштадот, многу луѓе паднаа...

Полицијата за разбивање на демонстрации употреби солзавец и не тепаше сите се додека не паднавме. Фрлаа шок бомби во контејнерите, кои би експлодирале со огромен прашок и потоа би се запалиле. Дожд од камења и два молотови коктела ги задржаа на дистанца некое време и така успеавме да побегнеме.
По некое време, стигнавме до плоштадот, низ улицата Ерму, која по целата своја должина беше исполнета со многу луѓе. Кога се чинеше дека ситуацијата е смирена, почна главниот напад од плоштадот Синтагма. Половина од нас најдоа засолниште во метрото, додека останатите се разотидоа во разни правци.“
Откако поразговара со своите другари, продолжува:
„Една другарка беше со друштво во кафич на плоштадот Св. Теодори. Ми се јави додека гушевме внатре во метрото. Триесет или повеќе полицајци од одредот „Делта“, биле на мотори, зуеле по плоштадот, превртувале маси и мотори. Пендраците ги отерале луѓето во аголот на кафичот. Жените плачеле додека полицајците извикувале смртни закани. Носеле солза-вец во конзерви, заканувајќи се дека ќе го фрлат во кафичот и ќе ги испотепаат како во Дахау. По 20 минути добив повик од другарката. Ми рече дека им ветиле дека ќе ги ослободат... само ако се согласат да бидат претепани. Во кафичот влегле толку луѓе колку што било возможно. Оние кои останале надвор биле сурово нападнати од специјалци.

Луѓето беа похрабри одколку што очекував, но беа помалку одколку што се надевав.“
 
штотуку ме извести еден другар преку фб дека бил нападнат од страна на полицијата таму. После демонстрациите, се враќал накај дома, бил сам, наеднаш му дошле десетина полицајци, го удриле неколку пати и го однеле во станица, го држеле таму 3 саата, сето ова ЗАТОА ШТО БИЛ АНАРХИСТ. Па сега вие проценете кои се вистинските вандали. Инаку, се работи за мирен човек, кој има околу 50 години.
 
[quote="AnFem, post: 4798723, member: 39567"]штотуку ме извести еден другар преку фб дека бил нападнат од страна на полицијата таму. После демонстрациите, се враќал накај дома, бил сам, наеднаш му дошле десетина полицајци, го удриле неколку пати и го однеле во станица, го држеле таму 3 саата, сето ова ЗАТОА ШТО БИЛ АНАРХИСТ. Па сега вие проценете кои се вистинските вандали. Инаку, се работи за мирен човек, кој има околу 50 години.[/quote]

баш ме заболе стојко и за другар ти и за анархистите и за полицајците, очи нека си извадат, еден да не остане.
 
баш ме заболе стојко и за другар ти и за анархистите и за полицајците, очи нека си извадат, еден да не остане.

Патетичару, не мораш ни да доаѓаш на темава, имаш милиони други. Ги известував оние со кои имав дискусија околу ова. Успат, истото ти го посакувам и тебе :*
 
Патетичару, не мораш ни да доаѓаш на темава, имаш милиони други. Ги известував оние со кои имав дискусија околу ова. Успат, истото ти го посакувам и тебе :*

ти си последна личност што може да ми каже што да правам јас, затоа не се ни труди.
 
штотуку ме извести еден другар преку фб дека бил нападнат од страна на полицијата таму. После демонстрациите, се враќал накај дома, бил сам, наеднаш му дошле десетина полицајци, го удриле неколку пати и го однеле во станица, го држеле таму 3 саата, сето ова ЗАТОА ШТО БИЛ АНАРХИСТ. Па сега вие проценете кои се вистинските вандали. Инаку, се работи за мирен човек, кој има околу 50 години.
Сакаш да кажеш дека полицијата ги тепа само затоа што се Анархисти ?? Се очекував од нив ама ако тоа го прават само затоа што некој е поразличен и има свои убедувања не ми е во согласнот со нивното повикување на она ние сме лулката на демократијата.
 
Уште ли бре гори Атина ? Пожарникариве кај се ?
 
Сакаш да кажеш дека полицијата ги тепа само затоа што се Анархисти ?? Се очекував од нив ама ако тоа го прават само затоа што некој е поразличен и има свои убедувања не ми е во согласнот со нивното повикување на она ние сме лулката на демократијата.

Да, многу му беше битно да се рашири веста по народот, ќе го цитирам:

„ Се однесуваа така кон мене, затоа што сум анархист. И не беше случајно кога ме уапсија. Слушнав во моментот: „Тој е анархист“. Пази, ова е важно, затоа што при мирна ситуација ги тероризираат луѓето. Ова се нови мерки затоа што државата е исплашена поради социјалните востанија. “
 
Или пак одговорот може да биде преформулиран на следниов начин:

„Се однесуваат анархистите спрема полицијата бунтовнички зошто веќе нема да имаат бонуси за чисти раце и загреани мотори на нивните возила наутро, и сега прават се што е во нивна моќ за да создадат што е можно поправедна слика за нив пред целиот свет.“

Нели имаше една мисла која ги опишуваше Грците на најдобар начин? Ау, да еве ја:

„Не верувај им на Данајците, дури и кога ти носат поклони“.
 
Странците може да бидат луѓе кои дошле да протестираат во знак на солидарност. Значи може, не мора да значи, може се и емигранти кои дошле да живеат таму.

Да протестираш на раат? Сакаш да кажеш дека треба да има мирни протести и покрај тоа што вандалите (полицијата) тепа без причина? Па кој разумен човек ќе им стои додека го тепаат? Ако те нападнам физички и ти се одбраниш, кој ќе се смета за вандал, јас или ти?

Значи и ти, како и некои „експерти“ погоре, тврдиш дека ги познаваш сите луѓе таму. Кој повеќе знае луѓе од Грција, јас или ти? Колку луѓе познаваш од таму? Работава испаѓа како ти да ме убедуваш мене дека сум припадничка на некоја политичка партија.

Ајде објасни ми како тоа мојата идеологија (и прво изјасни се која идеологија и што подразбираш под истата, да не бидеме во заблуда) „ја донела најмрачната епоха во човештвото“ ? Апсурд е да бидат здружени со екстремната десница, тоа што се излезени и тие и тие на улица, не значи дека се здружени. И те молам, размисли два пати пред да веруваш на медиумите. Или најди некои информации од независни медии (и пак размисли).

Да не те цитирам пост, по пост, накратко.
Јас не тврдам дека ги познавам сите граѓани на Грција, но познавам многу Грци. И се дружам со многу Грци. И сепак, никогаш не сме дозволиле прашањето ,,Македонија,, да биде тема на разговор. Знаеш зошто? Зошто не познавам Грк - а реков, познавам многу - што ќе рече ,,во право си, курот си го играат со нас, ни го одвлекуваат вниманието,,. Свесни се Грците, и тоа многу - конкретно еден мој драг пријател, кој кога разговара со мене (само со мене), не му е проблем земјава да ја нарече Македонија. Можеби затоа што има доволно години да ја согледа хронологијата на настаните, што мислиш?

Една овца не прави стадо. Исто така, ич уво не ми чуе за индивидуалните чувства и размислувања на Грчите анархисти или недекларирани личности, пред вистината и боговите молчат. Сите тие Грци, повеќе веруваат во нивната црква, отколку во себе самите. Грците, до пред некоја година, не можеа да дадат име на дете, ако не е грчко. Токму така, на тој начин, нивната држава ги искористува и пере нивните мозоци, и во проповедите ги учат дека ние сме нивни окупатори, дека ние сме крадци. И АнФем, во тие окупатори и крадци, за нив, спаѓаш и ти. Ич уво не ги боли дали си ти анархист, не признаваш нации и религии. За нив си Бугарка која сака да биде Македонка, крадачка на историја и потекло, итн.

Јас не ги жалам, од субјективни причини, не се ни трудам да сочувствувам со нив. Оди ти сочувствувај со убиецот на твоето дете, зошто го осудиле на смртна казна. Речи му - ти простувам.
А знаеш која е најголемата хипокризија? Во овие услови, во 2011 година, Грците ги мрзеше гзот да си го поместат и да работат. Знаеш зошто има работа за сите во Грција, освен за Грците? Затоа што не им се работи. Зошто јас дремев месец ипол во Грција, и заработев добри пари. Потенцирам - дремев. А замисли да бев грчки граѓанин, каква плата ќе земав?
Ти се обидуваш да сочувствуваш со некого кој дирекно ја гази твојат филозофија. Твојата филозофија подразбира бунт против неправдата, а Грците се неправедни. Некој друг работи за нив, Грците не работат. И не протестираат затоа што некој им одзема работно место, туку зошто некој им ги скратува парите кои не ги заслужуваат.

Не им е толку страшно, доволни им се 600-700 евра месечно за пристоен живот. Во Македонија ти се потребни 400 евра за пристоен живот. Сфаќаш за што си ја палат земјата?
 
Да не те цитирам пост, по пост, накратко.
Јас не тврдам дека ги познавам сите граѓани на Грција, но познавам многу Грци. И се дружам со многу Грци. И сепак, никогаш не сме дозволиле прашањето ,,Македонија,, да биде тема на разговор. Знаеш зошто? Зошто не познавам Грк - а реков, познавам многу - што ќе рече ,,во право си, курот си го играат со нас, ни го одвлекуваат вниманието,,. Свесни се Грците, и тоа многу - конкретно еден мој драг пријател, кој кога разговара со мене (само со мене), не му е проблем земјава да ја нарече Македонија. Можеби затоа што има доволно години да ја согледа хронологијата на настаните, што мислиш?

Една овца не прави стадо. Исто така, ич уво не ми чуе за индивидуалните чувства и размислувања на Грчите анархисти или недекларирани личности, пред вистината и боговите молчат. Сите тие Грци, повеќе веруваат во нивната црква, отколку во себе самите. Грците, до пред некоја година, не можеа да дадат име на дете, ако не е грчко. Токму така, на тој начин, нивната држава ги искористува и пере нивните мозоци, и во проповедите ги учат дека ние сме нивни окупатори, дека ние сме крадци. И АнФем, во тие окупатори и крадци, за нив, спаѓаш и ти. Ич уво не ги боли дали си ти анархист, не признаваш нации и религии. За нив си Бугарка која сака да биде Македонка, крадачка на историја и потекло, итн.

Ок, а јас тврдам дека има луѓе, кои живеат таму и кои не те гледаат како припадник на одредена нација, туку те гледаат како човек. Луѓе на кои не им е проблем да речат „Македонија“ и воопшто не се замараат со историјата диктирана од страна на оној кој сака да те владее. Ама затоа што, како што кажа сама, ич уво не ти чуе, немам намера понатаму да објаснувам и да докажувам. Реши се, или ќе ти чуе и ќе разговараме на оваа тема и ќе докажуваме кој е во право, или нема.

Јас не ги жалам, од субјективни причини, не се ни трудам да сочувствувам со нив. Оди ти сочувствувај со убиецот на твоето дете, зошто го осудиле на смртна казна. Речи му - ти простувам.

На убиецот на моето дете никогаш нема да му простам и не гледам како го поврза ова, па го спореди со Грците.

Ти се обидуваш да сочувствуваш со некого кој дирекно ја гази твојат филозофија. Твојата филозофија подразбира бунт против неправдата, а Грците се неправедни. Некој друг работи за нив, Грците не работат. И не протестираат затоа што некој им одзема работно место, туку зошто некој им ги скратува парите кои не ги заслужуваат.

Не им е толку страшно, доволни им се 600-700 евра месечно за пристоен живот. Во Македонија ти се потребни 400 евра за пристоен живот. Сфаќаш за што си ја палат земјата?

Не знам колку се Грците неправедни, премногу генерализирање ми е тоа. Ова е истиот муебет од типот „Сите мажи се исти“, „Сите жени се курви“... Нека протестираат, на секоја алчна глава, кога ќе и земеш дел од она што си го наградувал, ќе се буни. Знам колку добра шанса е ова за анархистите таму, со нив се сочувствувам.
 
Ок, а јас тврдам дека има луѓе, кои живеат таму и кои не те гледаат како припадник на одредена нација, туку те гледаат како човек. Луѓе на кои не им е проблем да речат „Македонија“ и воопшто не се замараат со историјата диктирана од страна на оној кој сака да те владее. Ама затоа што, како што кажа сама, ич уво не ти чуе, немам намера понатаму да објаснувам и да докажувам. Реши се, или ќе ти чуе и ќе разговараме на оваа тема и ќе докажуваме кој е во право, или нема.

На убиецот на моето дете никогаш нема да му простам и не гледам како го поврза ова, па го спореди со Грците.

Не знам колку се Грците неправедни, премногу генерализирање ми е тоа. Ова е истиот муебет од типот „Сите мажи се исти“, „Сите жени се курви“... Нека протестираат, на секоја алчна глава, кога ќе и земеш дел од она што си го наградувал, ќе се буни. Знам колку добра шанса е ова за анархистите таму, со нив се сочувствувам.

Па не знам колку си учела во средно, но доста добро паметам како тие обични Грци, без трошка совест, убиваа Македонски деца, мајки и татковци. Тоа со ,,детето,, треба да го поврзеш со делот каде што зборуваш дека се бориш за човекови права - каде се човековите права на Македонците во Грција? Зошто тие твои грчки анархисти не излезат на протест за да бараат права за нив? Зошто дозволуваат на ултранационалистите да им палат и кршат? Зошто не застанат со нив рамо до рамо - тоа се само луѓе кои сакаат да си зборуваат на мајчиниот јазик и да имаат право на самоопределување. Зошто тогаш анархистите молчат? Зошто не се лично засегнати со проблемот?

Зборуваш за сочувствување, а не видов дека ти сочувствуваш со некого, благодарение на кој денес ти живееш во слободна земја каде што можеш да бидеш анархист или да се сметаш себеси за банту црнец.

И тоа што 20 Грци немаат проблем со Македонија, не прави ништо, во споредба со останатите 10 милиони таму, што ако отидеш и гласно кажеш - Јас сум Македонка од Македонија, способни се да те каменуваат. Кажуваш дека одиш во Грција, па кажи ми - можеш слободно да кажеш од која земја си и што си по националност?

Ти можеш да сочувствуваш со ,,вистински анархисти,, , јас сочувствувам со Македонците, кои за разлика од тебе, не можат ни националноста своја да ја одберат, а не да бираат филозофии на живеење.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom