Национализам...позитивен или негативен?

  • Креатор на темата Креатор на темата Wade
  • Време на започнување Време на започнување
Оф мори муко, вие ништо не сте направиле за тукашните Македонци од Штип/Тетово било кој друг град па за оние вон границата ќе направите :facepalm:
 
Оф мори муко, вие ништо не сте направиле за тукашните Македонци од Штип/Тетово било кој друг град па за оние вон границата ќе направите :facepalm:

Ако мислиш на мене, сум направила и правам.
За другите - не знам.
--- надополнето: 26 февруари 2012 во 02:26 ---
И Македонецот во Македонија, и тој надвор од неа, е еднакво Македонец.
 
Национализмот не е само позитивен или само негативен, како и се друго.
Но кога си дел од таа индоктринација тешко се воочува преминот од "позитивен" во "негативен" правец.
Денес етничкиот национализам се повеќе се изостава и претставува како неважен... За да може во новата ера на глобализација да и се даде главен збор на една друга форма на национализам - културен/културолошки. Во следниот период треба да очекуваме споровите да се водат на ова поле (најлошо би си поминале општествата кои споделуваат елементи од различни култури). Еден од класичните примери за продукт на овој национализам е создавањето на грчка држава на основа на митовите за славната античка култура.
Тоа добро е или лошо?? Одговорот добро го знаеме, но во секој случај ќе биде субјективен.
 
Национализмот е супер ствар...ако знаеш да ја ракуваш(или во превод-Није за сваког сељака чоколада):D
 
Кога некој новинар со микрофонот би го прашал некој Марсовец кој дошол на планетата Земја за прв пат, што мислите вие г-дин Марсовец, дали национализмот е позитивен или негативен, тој сигурно на тоа би одговорил со контра прашање: Што е тоа национализам?
И кога новинарот ке му објасни дека национализмот е сакање на својот народ (пример Македонски), повеќе од другите народи, марсовецот сигурно би прашал: - A што, постојат повеќе народи?
Кога новинарот ке му одговори на г-динот Марсовец: -Да има многу народи во светот, тогаш Марсовецот на првото прашање на новинарот ке му одговори вака:
Бидејки сите вие луѓето на планетата сте исти по анатомија и интелект,делите ист простор, живеете во исто време на една иста земја а сте поделени во повеќе групи наречени нации и имате свои обележани територии во кои едни смеата други не смеат да се движат, наречени држави, следува дека национализмот означува поделба т.е национализам=поделба.
Спрема тоа, бидејки се што постои материјално и нематеријално е обединето и функционира како една целина а само вие луѓето сте единствените живи суштества во овој универзум што се поделени и функционираат одделно во групи, национализмот неможе да има ниедна друга смисла освен негативна.

Е сега замислете дека тој Марсовец сум јас (darmon), и ова погоре е моето мислење.
Позитивно е да си обединет, негативно е да си поделен, просто ко пасуљ.
 
Многу луѓе кај нас имаат искривена слика за тоа што е национализам.
Жртви сме на лоша антивладина пропаганда каде што секој потег без разлика дали е добар или лош што во неговото објаснување стои дека е од национален интерес е омаловажуван, исмејуван, брутално искпљукан.

Уште посмешно ми е што западните држави ни упатуваат благи или солени критики за нашиот патриотизам/национализам а истите тие се 10 кратно поголеми националисти од нас...зборувам за моменталната ситуација.

Он топик, да се разбереме - умерениот национализам секогаш е позитивна работа.
Нема ништо лошо во тоа, да си ја сакаш нацијата, народот, потеклото, културното и историско наследство и да го негуваш и заштитуваш тоа. Сите силни држави го прават тоа.
Ние како Македонија имаме богата историја и без никаква дискусија таа треба да се цени, истражува, истакнува и да се изнаоѓаат ефикасни начини да се капитализира на неа.

Негативни последици од национализмот се случуваат кога имаш шизофренични лидери како Freeman Gentlefuck (Слободан Милошевич за непознавачите на вицот) кои што недостатаокот од машкост преточена во фалусни сантиметри и број на заушки и корпи попиени во текот на животот се истура врз истиот народ кој тоа му го правел.
 
Не е прашањето дали национализмот е добар или лош, туку дали, после овакви одговори, вреди да се мачиме да даваме одговори или да дискутираме? Да ве ебе чичо Грујо...
 
Треба да се разграничи национализам со нацизам, иако и современите енциклопедии премногу ги спојуваат термините.

Луѓето од примитивните општества чувствувале потреба за колективизам со "своите" за подобра заштита, сигурност и просперитет. Комуницирале со надворешноста али сепак се враќале дома.
Покрај физиолошките и репродуктивните потреби, постоела и оваа потреба.
Ако луѓето не ја негуваат оваа потреба, го губат човечното во нив. Зар има нешто полошо од тоа ? Јас радо би ја запоставил својата репродуктивна потреба за оваа, штета што неможам да кажам исто и за физиолошката. Но ако јадењето и дишењето се гориво за да чука срцето, тогаш оваа потреба е причината за чукањето.
 
За нашата ни држава, не само што е позитивна работа, туку исто така е и ептен, ама ептен потребна работа во надворешна политика наспроти сите што имаат проблем со нашиот идентитет, и во внатрешна политика како средство за обединување на масите
 
Морам да се извинам за тоа што пласирам ваква фашистичка, ксенофобична и полна со омраза и нетрплеливост песна. Знам дека Европа ми кажува оти не смеам да бидам ваков неандерталец и да реагирам емоционално на вакви шовинистички спотови. Знам дека не смееме да имаме територијални претензии кон соседите, па дури ни во уметноста или музиката. Знам дека треба да го завртиме другиот образ и да ја наведнеме главата, да заебеме идеолошки регрес кон национализмот и да размислуваме и се однесуваме како граѓани на светот.
Кој ме знае зошто престанав да бидам космополит. Дали оти ја прочитав Црно Семе повеќе од еднаш или оти баба ми ми даваше пластичен опис за тоа што му правеле Бугарите на прадедо ми...или оти познавам луѓе кои ми раскажувале од прва рака за егзодусот на македонците од Егејска. Или пак оти живеам во држава на која политичари и' најавуваат распад, насилна асимилација и уште еден егзодус, а за тоа не сносат последици, дури ни политички, иако се малцинство...
 
Национализам не е ништо повеќе од возгордеаност на основа на случаен настан во кој субјектот не игра апсолутно никаква улога, тоест, се родил на одредена географска местоположба.
 
Кој ме знае зошто престанав да бидам космополит. Дали оти ја прочитав Црно Семе повеќе од еднаш или оти баба ми ми даваше пластичен опис за тоа што му правеле Бугарите на прадедо ми...или оти познавам луѓе кои ми раскажувале од прва рака за егзодусот на македонците од Егејска. Или пак оти живеам во држава на која политичари и' најавуваат распад, насилна асимилација и уште еден егзодус, а за тоа не сносат последици, дури ни политички, иако се малцинство...

Остај брат, знам како е. Мене германците ми потепале пола фамилија во две војни, едно по друго. Ми иде понекогаш да се наредам со експлозив и да им ја рокнам бранденбуршката порта викајќи "аллах акбер" (ова чисто ради визуелен и естетски момент).
 
Ја не сум избрал да се родам во оваа држава и нема што да сум горд што сум Македонец.
Македонија ја сакам исто како и секоја друга убава земја, а од Македонците ги сакам чесните и трудољубиви луѓе, исто како и чесните и трудољубиви Албанци, Срби, Бугари, Грци.

За човештвото сум спремен да го дадам животот ОДМА.
За нацијата - НИКОГАШ!

Се прифаќа. Ако не` нападнат ванземаљци, ти треба да бидеш водачот на отпорот. А ако уцвикаш и не го дадеш животот, ондак си педер.
 
Морам да се извинам за тоа што пласирам ваква фашистичка, ксенофобична и полна со омраза и нетрплеливост песна. Знам дека Европа ми кажува оти не смеам да бидам ваков неандерталец и да реагирам емоционално на вакви шовинистички спотови. Знам дека не смееме да имаме територијални претензии кон соседите, па дури ни во уметноста или музиката. Знам дека треба да го завртиме другиот образ и да ја наведнеме главата, да заебеме идеолошки регрес кон национализмот и да размислуваме и се однесуваме како граѓани на светот.
Кој ме знае зошто престанав да бидам космополит. Дали оти ја прочитав Црно Семе повеќе од еднаш или оти баба ми ми даваше пластичен опис за тоа што му правеле Бугарите на прадедо ми...или оти познавам луѓе кои ми раскажувале од прва рака за егзодусот на македонците од Егејска. Или пак оти живеам во држава на која политичари и' најавуваат распад, насилна асимилација и уште еден егзодус, а за тоа не сносат последици, дури ни политички, иако се малцинство...

Шо му се секираш, има Бело Море, горе, кај полуостровот Кола.

Инаку, претпоставувам, би го оправдал hatred-ot на некој македонец спрема неговата земја и нација, ако прадедо му паднал од коњ и с'отепал оти државата не се погрижила макадамот да го одржава.
 
Ја се мислам дека тоа не е примарна грешка на државата, туку на УЈП "макадам и калишта"
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom