Прво ќе наведам според мене од каде потекнува национализмот.
Неспорно е да се каже дека народот во една држава, припадници на една етничка заедница, чувствуваат меѓусебна блискост, припадност и солидарност. За некој да се декларира како солидарен не мора да го направи тоа на дело во моментот на неговото декларирање, доста е да ја има намерата. Намерата за солидарност, припадност спрема една етничка заедница е чувство на човекот кое не може да се порекне. Природно е човекот да живее со луѓе кои делат исти обичаи, ист јазик, иста култура, иста историја со него. Обичајот е доказ дека една етничка заедница има корени од подамнешни времиња. За нешто да биде обичај потребен е долг временски период, континуирано, не променето, општо прифатено, да биде применувано на една територија врз одредена група на луѓе. Со самото тоа што имаме обичаи користени од историјата се докажува дека таа етничка заедница живеела на одредена територија и ги негувала и ги пренесувала на новите генерации. Точно, се преселувале луѓе, доваѓала војска тепала, но обичаите и сите работи сврзани со групата луѓе на одредена територија останале. Со самото тоа што останале докажува дека едно исто нешто е применувано на таа група луѓе која одбрала да остане во таа група. Таа е таа припадност што новите генерации ја осеќаат спрема луѓето што живеат на територијата на нивната држава. Доказот не е во историјата и она што велат постарите, доказот е во негувањето не обичаите(што еволуирале нормално со модернизацијата, но суштината е таа), јазикот, културата.
Национализмот природно е да потекне од територија каде живеат луѓе со, како што споменав погоре, исти обичаи, култура, јазик, религија. Затоа тие луѓе се смета дека потекнуваат од една етничка заедница, поради истите работи што ги делат и што ги негуваат. Онаа политичка елита го користи ова за да наметне нешто што има моќ да возвиши чувство на моќ, единство, припадност на таа маса на луѓе што се наоѓа на таа територија, држава. Тоа чувство на возвишеност, моќ, припадност, единство помеѓу народот е национализмот. Величење на национализмот е величење на обичаите, јазикот, културата на етничката група која е доминантна во државата. Верување дека се посебни и јаки овие работи, носи корист на политичката елита да подредува други етнички групи. Многу е битна и целта на национализмот, може да се искористи за уништување на помали етнички групи во една држава, или уништување на држави на други етнички групи бидејќи се сметани дека се понижи. Вториов случај важи за Нацистичка Германија. Во главност, национализмот доведува до меѓуетничка омраза, без разлика дали е во рамки на една држава или меѓу држави. Со самото тоа што ти го величиш својот национализам значи дека мислиш дека е повреден од останатите. Тоа е етноцентризам, вреднување на други култури од поглед на една.
Овде се изоставува потребата од гледање етнички групи еднакво и ценејќи ги нивните различности. Тоа не е можно кога ќе наметнеш силен национализам со помош на пропаганди.
Пример ќе дадам со Адолф Хитлер. Тој ја искористил мизерната ситуација на Германија, сиромаштијата на германците поради државите околу неа и етничките негермански групи во неа. Со величење на германскиот народ внесол силно чувство на национализам и ја издигнал државата на завидно ниво, со тоа тој успеал да уништи многу други.
Национализмот не е дел од прогресивниот развој на меѓународното право и заедница, поради тоа што се оди на едначење на народите без разлика на етничка припадност и заштита на човековите права и слободи исто без разлика на етничка припадност и потекло од држава. Национализмот овие работи не ги дава. Според сите конвенции, повелби издадени од меѓународното право на национализмот му дава карактер на нешто негативно, изумрено и некорисно за човековите права и слободи. Развивање на национализам кај еден народ е создавање нереална слика и не дава услови на разумно носење на одлуки кои може да носи просперитет на тој народ. Со подигање чувство на национализам се возвишува етничката група и секој нејзин недостаток нема да биде гледан реално од нејзина страна.
Национализмот во денешно време со овој достигнат развој на меѓународното право и заедница може да доведе до граѓански војни во државите и тешко дека ќе бидат надминати.