Дали била лоша, добра,никаква...мене ми е најубавото место на цел свет ова парче земја !! Толку маки видела оваа земја, толку страдања, измачувања и ден денес ги трпи истите работи од порано само во друга форма затоа што нејзиното име и територија се трн го око на целиот свет. Некогаш си се запрашувам: Чекај бе ние како народ да не грешиме негде да не не е така, да не се правиме на Тошо и им водиме инает на сите ... Ама размислувам малце и доаѓам до заклучок...Татарското племе, Маџурите и остали околу нас според нивниот бекраунд ќе ми кажуваат јас што сум ?! Ма дај ...
Иначе
прадедо ми бил Комита во Тетовскиот регион се борел за оваа земја против Турците и предавничките чети, тој што видел мака тогаш 7 деца да ги заштити ги пикал во дупка со земја да не му ги грабнат децата само затоа што си ја сакал и се борел за својата земја да не зависи од никој ... !! Имам слики од него во Комитско облечен со пушка на коњ качен со бркови едни долги дедо ми вели имал длабок глас кога ќе викнел селото се тресело

..туу што мажиште бил се ежам кога пишувам се гордеам што сум потомок на таков човек ..ПРАВ МАКЕДОНЕЦ

!! Јас сум потомок на најмалото синче на прадедо ми ... При крајот на неговиот живот му кажувал на дедо ми за времето кога бил Комита и за траумите што ги доживеал додека шетал по планината и борбите во кои учествувал губејќи ги пријателите, соседите што рамо до рамо се бореле, што одејќи низ темните шуми секогаш на памет му биле децата и жената дома дека сето тоа го прави за нив... Дедо ми нигде не кажал дека се борел за Бугарија, Србија или што ти ја знам ... На збор секогаш му била само Македонија и младоста што ја дал за оваа земја...али многу ги мрзел ''браќава'' зошто во 2 Светска Војна појше мака видел од Турско со нив !! Народот тогаш не се предавал сите биле сложни се држеле меѓу себе а за тоа е и доказ како криеле еден ранет Комита по куќите за Турците да не го откријат а овие дошле со цел аскер за да го фатат и на крај им рекле Ах бре каури игла во сено да беше ќе ја најдевме ама ѓаурот не го најдовме алал нека ви е

!! Прадедо ми беше сведок на АСНОМ и дочека да поживее во слободна земја и неговите коски да почиваат во слободна Македонија за која крв леел !! Оваа моја земја ја сакам како Господ, како родена мајка ... Живеам за земјата за која Прадедо ми се борел гордо !!
БИДИ ВЕЧНА И ВЕКОВИТА ... ТЕ САКАМ МАКЕДОНИЈО !!!