Те уверувам дека кога денес Сонцето (релативно) би застанало на небото 1 час, мнозинството луѓе и насловите на сите весници ќе бидат: „Сонцето застана 1 час на небото!“, а не „Земјата направи пауза во ротацијата од 1 час“.
Тоа се нарекува релативност во движењето. За земниот набљудувач Сонцето е тоа кое се движи, Сонцето е тоа кое што изгрева и заоѓа.
Прочитај како и денес во 21век луѓето се уште веруваат дека Сонцето изгрева и заоѓа:
"
Сонцето изгреа во 04:58 часот, а ќе зајде во 20:13, означувајќи го најдолгиот ден во годината"
(Извор:
http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=499)
"Во Скопје, на 23 септември,
Сонцето изгреа во 06:22 и зајде во 18:30 часот"
(Извор:
http://astronomija.com.mk/vest.asp?id=982)
Забележи само кој е изворот: Астрономски веб сајт

Слично велат и весниците:
"
Сонцето изгреа во 5 часот и 4 минути."
(Извор:
http://www.dnevnik.com.mk/?ItemID=59EA128E33E10A43B97F670C205ADC79)
"На првиот ден на есента во Скопје
сонцето изгреа во 6 часот и 57 минути, а ќе зајде во 19 часот и 8 минути"
(Извор:
http://utrinski.mk/default.asp?ItemID=6044FEE82E96D9478E5D0DF15E487023)
Прочитај го уште еднаш твојот потпис и потсети се дека Библијата не е научна книга и затоа не користи научен речник, туку се изразува со обичен секојдневен речник разблирлив за тогашните луѓе. Не може од неа да се очекува научна прецизност во изразувањето која таа никаде не тврди дека ја има.