.
п.с. Паралелно со паганизирањето и загадувањето на чистото Христијансво се случи и милитаризацијата на истото (300 год. после Христа)
.
Милитаризација ја спроведуваше самиот Исус кој самиот рече дека не е дојден да донесе мир туку меч - као што е запишано кај МАтеј 10, или неговата заповед на луѓето со него да ако треба и наметките си ги продадат но да си купат мечови - Лука 22.
Исус беше престлонаследник на Израел, тој потекнуваше од аристократско семејство на лозата на кралот Давид, како крал беше познат и признат и од евреите и од неевреите. Неговото кракство беше окупирано од Римјаните, неговата земја поделена а престлот одземен. Израел му припаѓал на Бог и тоа беше божја земја ветена нему и на неговиот народ. Кога исус вели Вратете му го на бога божјето а на Царот царевото, тој бара повторн израел да му се врати на бог а престолот на Исус. Никогаш евреите не го признаваа римскиот цар како свој, од моментот кога римјаните дојдоа, почна и отпорот на народот. Војни, напади, бунтови, атентати. Јудеја пливваше во крв со деценнии и дцении. Евреите го чекаа својот месија крал, кој ќе ги поведе во војната против Рим. Тој месија беше Исус. Потекнуваше од кралско семејство, имаше подршка од бунтовниците - зелотите, дури и најмалку еден бунтовник, зелот беше во неговите најблиски (апостоли), влезе во ерусалем како крал, поздравуван од народот како крал и потомок на Давид, изврши напад во храмот врз тезгите од кои приходи имаа свештениците - соработници на Рим додека недалеку од храмот деуга група го нападна римскиот гарнизон. Нападите не успееја, Бараба беше заробен а Исус избага и се скри на маслиновата гора. Рим прати 600 свои војници потпомогнати со еврејски единици лојални на рим да го заробат Исус. Тоа значи дека Рим знаеше кој е Исус и дека е опкружен со вооружени борци. Една кохорта (колку е пратено против Рим, во јудеја броеше (со се еврејски помоѓни трупи) и до 2000 војници. Тоа значи дека Исус не беше мирен проповедник кој одеше со торбичка и дузина неворужени придружници и зборуваше за мир и љубов.Римјаните очекуваа отпор и борба со стотици вооружени востаници кои беа со Исус кој сакаше да ги порази римјаните и да ја ослободи Јудеја.
Кога го заробија Исус тој на римјаните им призна дека е крал на израел, беше обвинет за бунтовање, забранување на плаќање на данок на рим, и како опасен бунтовник, заедно со упште двајца зелоти распнат на крст.
Кога настанаа Евангелијата, немаше повеќе живи сведоци на Исус и настаните со него, Ерусалем беше разурнат , храмот запален, евреите прогнани низ цел свет а ерусалемската заедница, она на Исус, заедницата на неговите ученици, апостоли и нивни потомци кои ја знаеа вистината за Исус и неговата цел исчезна најверојатно уништена во последната еврејско - римска војна. Рим се нафрли на евреите ширум светото. евреите во дијаспорите, во Александрија, во Рим, во Грција... беаа на мета на напад, без разлика дали се фарисеји, христијани, есени.... немаше разлика, сите биле сметани за неприатели на Рим, најповеќе затоа што заедно со раселените евреи низ цел свет, се распрснаа и остатоците на бунтовниците, кои се обидуваа или креваа и бунтови во тие еврејски дијаспори. Во Александрија беше избегнат бунтот и од таму потекна и изрекаа дека секој кој се фаќа за меч и ќе загини од меч. Та не е Исусова изрека, исто како што не е и она да не му правиш на некого она што не сакаш тебе да ти го прават. Тоа е позната изрека на фарисеите, обреди на крштевања, на пиење вино како крв божја јадење на леб како тело, воскреснување... сето тоа постоеше во други религии и кај други богови. Евангелијјата у го преставија на светот исус како аполитичен, мирен кроток полн со љубов учител. Онаков каков можеше да бид прифатен од римјаните. Да го преставија онаков каков навистина беше, крал на израел опкружен со вооружени бунтовници и заробен во бунт против ри и осуден и убиен како неприател на Рим - никогаш немаше да има христијанство. Голема мака имаа писателите да ги објаснат познатите факти кои не можеа да ги заобиколат, се знаеше дека исус беше со зелоти, дека беше со кралско потекло, дека бараше да се вооружат дека влезе во храмот и насилно се понашаше, дека беше заробен од страна на римјани, суден и осуден и распнат како бунтовник. Затоа многу работи додадоа како изреки за мир и љубов но не можеа да ги избегнат и изреките за војна, затоа направија наивни објаснувања зошто моќната римска империја морала иако не сакале да го убијат натерана од толпа евреи кои барале негова смрт (а некој ден пред тоа еврејскиот народ го поздравува Исус како крал) затоа евангелијата се толку контрадикторни, нејасни и збунувачки, затоа што во нив се провлекуваат две прикаски, едната, вистинската историја на еврејски крал - месија кој се обиде да крене бунт против рим и во тој бунт беше фатен осуден и убиен и прикаската која сака таа вистина да ја искриви и замачка и престави како несфатен син божји кој само сакал мир и љубов....