Не е така
Јудеја беше под римска окупација, над јудеја владееше рмски - пагански цар кој бараше да биди признаен и обожуван како бог, низ јудејските градови патролираа римските војници, на палатите се вееја симболите на рим - пагански слики и натписи. Бројни беа востанијата против римската окупација, борби, убиства и крвопролевања. Децении за Рим евреите биле најголемите неприатели. Затоа и Исус му прачува на своите поданици “Вратете му го на бога божјето а на царот царевото“. Израел беше божја земја, но сега под окупација на Рим, а тој, Исус беше како потомок на лозата на еврејските цареви цар еврејски на кој му беше одземен со сила престолот. Да му се врати на бога божјето а на царот царевото, значеше да се избркаат и поразат римските окупатори од божјата земја и на престолот на Израел да седне Исус. Народот го прифати Исус како нивен крал, така и го поздрави кога влегуваше во Ерусалем, но нападот кој го изведе Исус врз храмот не успеа. Храмот бил седиште на еврејското свештенство кое соработувало повеќе или помаку со римските власти. Освојување на храмот од страна на групата на Исус и истовремено разбивање на римскиот гарнизон во ерусалем кој го нападнал Бараба со своите луѓе требаше да потикни општонародно востание. Но ниту Исус успеал да го освои храмот, ниту Бараба да го уништи гарнизонот, така да не дојде ни до востанието, Исус со своите луѓе (меѓу кои имало и зелоти - востаници и борци против рим) се повлекол во маслиновата гора, каде следниот ден бил опколен од 600 римски легионери и голем број на еврејски помошни единици и заробен. Рим добро знаел кој го фатил и по римските закони за напад на римска власт и бунт против рим бил осуден на распнување и така и погубен. Подоцна, евреите пак покренале востание, овој пат успеале она што на Исус не му пошло од рака, го завзеле и храмот и го разбиле римскиот гарнизон, се покрена сеопшто востание, но по неколку годишна крвава војна римјаните ги поразиле и жестоко одмаздиле. Сонот на Исус се остварил во 1948 година кога Евреите пак си ја добија својата држава по повеќе од 2000 години борба за неа. Молитвите упатени кон Исус се молитви кон еден еврејски борец за слободна и независна еврејска држава, патриот и крал на кој му бил одземен престолот