Најпрво пред се се извинувам за новоотворената тема, но бидејќи мислам дека ако го поставам ова во другата тема за совети нема многу да обрнат внимание и зато овде ке го поставам овде..
Значи вака јас оваа година сум матурант и сум уште virgin и можеби звучи старомодно ама сакам да ја изгубам невиноста на матурската вечер со партнерката со која учам 2 год и не сме толку блиски засега,ретко прајме моабет нашкола и слично, но таа ми предложи да сум и партнер.. и сега вака барам совет како да постапам во врска со ова, прва опција да се зближам до матурата со нејзе,да излезиме на кафе или слично, појке моабет да прам со нејзе нашкола и слично или пак да останам исто ко досега и на самата вечер да пробам да ја легнам..е сега и на првиот вториот начин си носит свој ризик, како на пример ако се зближам со нејзе мојт да ме сметат како другар и нормално само партнер за матурата и нема да сакат ништо појке од то(friend-zoned).. а вториот е дека во мегјувреме мојт да фатит дечко со што автоматски се намалуваат шансите за мојата цел или пак едноставно да ме игнорират и да не ми прајт моабет во иднина..иначе момичево имат имано мн појке врски од мене и е далеку поискусна(не вервам да е уште невина мада то никогаш немојш да го знајш) и сега барам совети од вас( по можност од поискусните кој биле во ваква ситуација или слушнале/разбрале за истото.. а ако е ептен безмислено однапред кажете ми да не се трудам и дека то е само по филмовите и застарено губење на невиноста на матурската вечер..) секој совет и критика ке ги прифатам само немојте некој безсмислени коментари, фала унапред и очеквам добро смислени и реални коментари и уште еднаш извните за темава ама сакам побрзо да знам како да постапам.
Буквите овде многу малку ќе ти помогнат да научиш некоја соодветна стратегија, зошто се зависи од тебе и од твојата психичка способност да процениш ситуација и прилика. (можеби таа сака, но ти треба да го погодиш вистинскиот момент)
Но јас ево ќе се потрудам да сум ти од корист со basics совети...
1. Не значи ако ти предложила да си и партнер - дека сака да има интимен однос со тебе.
2. Не значи ако си вирџин дека не знаеш како треба.... (одма се учи верувај
)
3. Не брзај, гледај ја в очи кога сте "во близина", пробај да е прочиташ нејзината намера (не ги слушај нејзините зборови, обично не значат ништо)
4. Спреми некои добри сентиментални "говори", и пробај да го зборуваш тоа што таа најмногу сака да го слуша.
5. Дај и на знаење дека си спремен за секакви предизвици.
6. Напи се нешто жестоко за да се опуштиш во комуникацијата (не претерви дан се напрајш желе бомбона). Потоа прави се малку повеќе удрен од што реално си.
7. Секогаш имај чист и свеж здив. (немој случајно заби да немиеш). Користи орбит, орбитрек абе што сакаш..
8. Прати ја добро што прави таа, дали пие, дали шмека некој, дали некој ја шмека... искористи го фактот што и си партнер и имај предност пред другите.
9. Поканија на валцер малцер, на цигаре ако пуши, на пијачка ако пие...
10. Внимавај на песните, има многу песни на кои мозокот реагира со повеќе чуство на љубов, (од Тошка на пример) ... биди тогаш околу нејзе...
11. Не биди нападен, и не ја гледај нонстоп. (ако те суми, ќе знае, ќе се прави на 16 и пол)
12. Не и прај муабет од типот "дали си слободна после забава"... туку зборувај малце турско-ресенски... "ќе прајме афтер парти ова она.. супер ќе биде.." не дека таа не знае, туку тебе да не ти паѓа цената
13. Не се партали со пари, пиштоли, петарди (дрога)... Во најголем % од случаите ќе си погрешно сфатен, и автоматски игнориран.
14. Кола е пожелно за да ти е целосен филмот, но строго забрането во вакви пијани прослави. (размисли добро)
15. За секој случај претходно припреми се за 2-3-4 сценарија.. (екстра кеш, спремна локација...). Не мојш да знајш што те чека.
16. Ако осетиш дека таа не е заинтересирана за такви романтики, ПОВЛЕЧИ СЕ, и остај простор за друг пат... пред вечно да те "банира".
17. Не заборавај да е прославиш вистинската вредност на матурската вечер!...