.
Секој кој што кажува и учи дека Исус водел вооружено востание против некого, тој лаже и не Ја познава Вистината!
.
Ова само покажува дека појма немаш од историјата на Јудеја и историските факти кои ги докажуваат случките кои се наведени во евангелиета.
По разурнувањето на Ерусалем и пропаста на еврејското востане против Рим, настана прогон на евреите ширум тогаш познатиот свет. Римјаните не ги интересирало тоа дал некој е христијанин или ортодоксен евреин, дал е назарен, есен, фарисеј..... Ги прогонуваа редум сите кои имале било каква врска со еврејството. Во такви услови, настанаа евангелијата и учењата кои поинаку ја кажуваа прикаската за Исус. Дека тој бил за мир, не се мешал во политика проповедал добрина бла бла бла.... Такви евангелија и посланија на Павле можеле да настанат само од како во Ерусалем, заедно со него, исчезна во виорот на војната и првата заедница на следбениците на Исус и неговите учници. Се додека тие беа живи и од таму идеа вистинските учења кој бил Исус и за што се залагал, Павле никој не го слушал. Неговите посланиа и проповеди беа отфрлани а тој наречен лажен апостол и речиси паднат во заборав. Но кога ерусалемската заедница исчезна, кога преестанаа да идат учењата од таму, и кога римјаните со сета жестокост се нафрлиле на евреите ширум светот, како одбрана, настанале и учењата и евангелијата кои Исус го прествуваат како син божји (тоа го нема во еврејската вера, но го има во римската паганска) како некој кој се залагал за мир но и тој како и римјаните бил напаѓан од клетите евреи, а кутрите римјани не сакале да го убијат, но морале оти лошите евреи тоа го барале, па после христијаните си ја сменале својата света Сабота во римскиот свет ден - недела, си го одбрале за најголем празник 25 декември - најголемиот празник и на римското царство, на римскиот цар Константин (кој бил паган) му признале дека во него е отелотворн логосот и дека нему, на Константин, единствено бог му дал да го прочисти светот (како Исус да не постоел никогаш)... значи направиле се за да јасно се одвојат од еврејството и се пикнат под заштита на државата. Но тоа не одело така лесно, сепак било познато во првите децении и додека постоела заедницата во Ерусалем дека Исус не бил бог, дека неговото месијанство било само да се истераат римјаните од израел и да се воспостави слободна држава на евреите, и дека неговата цел не била да воспостави нова вера туку да ја утврди и брани старата јудејска религија. Затоа низ евангелијата покрај додаени и приклаени делови, не можело тук така да се изостават и опште познатите работи за Исус, и дека барал да се наоружат неговите следбеници и дека со него во планина заминале иљадници луѓе и дека Ирод сакал да го убие како престолонаследник и полноправен цар на Израел, и дека барал на бог да му се врати божје а на царот царевото, и дека голема римска војска била ангажирана да го зароби и дека сите го нарекувале крал и дека бил помазан и во ерусалем влегол како крал и дека извршил напад во храмот и дека е распнат на крст од страна на римјаните - казна резервирана строго за неприателите на рим и бунтовниците, и дека во тоа време бил извршен и напад на римски гарнизон и дека меѓу најблиските следбеници имал и зелоти и дека е распнат со двајца зелоти.... тие нишки на вистинската прикаска за еврејскиот револуционер и борец против рим - Исус не можеа да се избришат едноставно но можеа да се замаглат, да им се даде друго значение или толкување, да се стават во поинакви контексти.
Спирос, кога ќе пораснеш и ќе почнеш да читаш и се интересираш за рим, за историја на римско царство, посебно за историја на израел и јудеја за тамошните социјални, економски, политички... услови кои владееле пред 2000+ години, евангелијата нема да ги читаш како некои бајки за мистериозно магловити земји народи и луѓе во кои се е можно макар одело спротивно сите факти и чињеници. Ќе ја увидиш
вистината за ОНОЈ кој со меч во рака тргнал да го ослободи својот народ од римски јарем и да седне на престлт во ерусалем како крал на евреите но во таја битка паднал и бл осуден и убиен од неприателите.