Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Што после?
Ти ќе бидеш среќен што некои ќе отидат во пеколот?
Првородената, Уникатна и Се’опфатна Мудрост БОЖЈА во Исус не постана човек и не се предаде на Голготскиот Крст за да фрла во пеколот, туку сите да ги спаси од истиот!

Неверата е таа што фрла во пекол!

Сваќаш? (1 Јован 2:2)


.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.



Првородената, Уникатна и Се’опфатна Мудрост БОЖЈА во Исус не постана човек и не се предаде на Голготскиот Крст за да фрла во пеколот, туку сите да ги спаси од истиот!

Сваќаш? (1 Јован 2:2)

.
E aрно де, ќе не спаси сите и се ќе си биде ок. :)
Нема потреба за паника, што и да се деси на крај среќно ќе си живееме.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
E aрно де, ќе не спаси сите и се ќе си биде ок. :)
Нема потреба за паника, што и да се деси на крај среќно ќе си живееме.
Прочитај го уште еднаш погорниот пост и сведоштвото на Св. Јован, најмалиот и најсаканиот ученик!

п.с. Господ нема никого да присили на спасение!

.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Прочитај го уште еднаш погорниот пост и сведоштвото на Св. Јован, најмалиот и најсаканиот ученик!

п.с. Господ нема никого да присили на спасение!

.
Од што да се спасат?
Бог е на наша страна нели?
--- надополнето: 22 февруари 2012 во 23:16 ---
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Од што да се спасат?
Бог е на наша страна нели?
.

Од глупоста (нечиста), која што од секогаш го терала и го тера човекот да е против страната на Совршено *Светиот БОГ, Неговата *Света Мудрост, Неговиот *Светол Дух!

.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.
Од глупоста (нечиста), која што од секогаш го терала и го тера човекот да е против страната на Совршено *Светиот БОГ, Неговата *Света Мудрост, Неговиот *Светол Дух!
Совршени сме ние, по негов лик сме правени, совршени во нашата бесконечна несовршеност.
Уживај Спирос, крајот кој никогаш нема да дојде е убав :)
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Совршени сме ние, по негов лик сме правени, совршени во нашата бесконечна несовршеност.
Уживај Спирос, крајот кој никогаш нема да дојде е убав :)
.

Те молам роде не се прави попаметен од Инкарнацијата на Првородената Мудрост на Совршениот БОГ (Исус Христос), Кој иако е’ тоа што навистина е’, сепак себеси не се наречеуваше Совршен, туку Славата само на БОГА (Отецот) ја даваше!

Сваќаш?


Лека ноќ.
 

Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
.



.

Те молам роде не се прави попаметен од Инкарнацијата на Првородената Мудрост на Совршениот БОГ (Исус Христос), Кој иако е’ тоа што навистина е’, сепак себеси не се наречеуваше Совршен, туку Славата само на БОГА (Отецот) ја даваше!

Сваќаш?

Лека ноќ.
Слава над што?
Кога само он постои, а ние сме Тој...отецот и синот и светиот дух или кажи како сакаш. Освен Бог ништо друго не постои.
Лека ноќ.
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.
Слава над што?
Кога само он постои, а ние сме Тој...отецот и синот и светиот дух или кажи како сакаш. Освен Бог ништо друго не постои.
Лека ноќ.
.

Воопшто не е мудро кога ногата (своеволно) се дига над Главата!


Сваќаш?


Лека ноќ

.


 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
.



.

Инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА не дојде да дигне востание само против римската империја, туку против секоја друга неправедна империја и власт (Даниел 2:44), но на еден сосема поинаков начин од оној на кој невериот и кривоверниот свет се труди и надева!

Доаѓа денот кога на сите ќе им се отворат очите за Реалноста над реалностите, Вистината над вистините, Кралот над кралевите, ...! (y)


.
Не е така
Јудеја беше под римска окупација, над јудеја владееше рмски - пагански цар кој бараше да биди признаен и обожуван како бог, низ јудејските градови патролираа римските војници, на палатите се вееја симболите на рим - пагански слики и натписи. Бројни беа востанијата против римската окупација, борби, убиства и крвопролевања. Децении за Рим евреите биле најголемите неприатели. Затоа и Исус му прачува на своите поданици “Вратете му го на бога божјето а на царот царевото“. Израел беше божја земја, но сега под окупација на Рим, а тој, Исус беше како потомок на лозата на еврејските цареви цар еврејски на кој му беше одземен со сила престолот. Да му се врати на бога божјето а на царот царевото, значеше да се избркаат и поразат римските окупатори од божјата земја и на престолот на Израел да седне Исус. Народот го прифати Исус како нивен крал, така и го поздрави кога влегуваше во Ерусалем, но нападот кој го изведе Исус врз храмот не успеа. Храмот бил седиште на еврејското свештенство кое соработувало повеќе или помаку со римските власти. Освојување на храмот од страна на групата на Исус и истовремено разбивање на римскиот гарнизон во ерусалем кој го нападнал Бараба со своите луѓе требаше да потикни општонародно востание. Но ниту Исус успеал да го освои храмот, ниту Бараба да го уништи гарнизонот, така да не дојде ни до востанието, Исус со своите луѓе (меѓу кои имало и зелоти - востаници и борци против рим) се повлекол во маслиновата гора, каде следниот ден бил опколен од 600 римски легионери и голем број на еврејски помошни единици и заробен. Рим добро знаел кој го фатил и по римските закони за напад на римска власт и бунт против рим бил осуден на распнување и така и погубен. Подоцна, евреите пак покренале востание, овој пат успеале она што на Исус не му пошло од рака, го завзеле и храмот и го разбиле римскиот гарнизон, се покрена сеопшто востание, но по неколку годишна крвава војна римјаните ги поразиле и жестоко одмаздиле. Сонот на Исус се остварил во 1948 година кога Евреите пак си ја добија својата држава по повеќе од 2000 години борба за неа. Молитвите упатени кон Исус се молитви кон еден еврејски борец за слободна и независна еврејска држава, патриот и крал на кој му бил одземен престолот
 

spiros

Шалом Алеихем!
Член од
7 септември 2008
Мислења
3.225
Поени од реакции
986
.

Не е така
Јудеја беше под римска окупација, над јудеја владееше рмски - пагански цар ...
Секој кој што кажува и учи дека Исус водел вооружено востание против некого, тој лаже и не Ја познава Вистината!

Инкарнацијата на Мудроста БОЖЈА (Исус) не водеше и нема потреба да води вооружена војна!

Кога со детско срце би им верувал на делата што ги стори и на зборовите коишто Мудроста БОЖЈА ги кажа - пред, за време и после - на тајната вечера (14ти Нисан) и на спасителната жртва што ја принесе непосредно после неа, тогаш засигурно би знаел дека нити окупацијата римска, нити прогонството во вавилон (14 генрации пред инкарнирањето на Мудроста БОЖЈА во Исус), нити зацарувањето на Св. Цар Давид (14 генерации пред прогонството во вавилон, а 14 генерации после заветот со Св. Авраам), беа случајни!
Исто како што почетокот на првата светска војна не се случи случајно 1914 (после атентатот на Гаврило Принцип), нити 14 години после втората светска војна 14 Далаи Лама не ја напушти случајно својата татковина (одкако како 14 годишно момче го доживеа нејзиното окупирање од страна на кинезите), нити случајно на мајите набрзо им завршува 13та епоха на нивниот календар, а 14та епоха во нивниот (пагански) календар воопшто и не постои!

(види Исаија 55)


.

21.12 ли е денот?
.
„А за тој ден и час никој не знае, ниту ангелите небесни, туку само Мојот Отец;
но, како што беше во деновите на Ное, така ќе биде и при доаѓањето на Синот Човечки
(Матеј 24:36+37)
.

.

Воопшто не е мудро кога ногата (своеволно) се дига над Главата!

Сваќаш?

Лека ноќ
.
.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
.



Секој кој што кажува и учи дека Исус водел вооружено востание против некого, тој лаже и не Ја познава Вистината!


.
Ова само покажува дека појма немаш од историјата на Јудеја и историските факти кои ги докажуваат случките кои се наведени во евангелиета.
По разурнувањето на Ерусалем и пропаста на еврејското востане против Рим, настана прогон на евреите ширум тогаш познатиот свет. Римјаните не ги интересирало тоа дал некој е христијанин или ортодоксен евреин, дал е назарен, есен, фарисеј..... Ги прогонуваа редум сите кои имале било каква врска со еврејството. Во такви услови, настанаа евангелијата и учењата кои поинаку ја кажуваа прикаската за Исус. Дека тој бил за мир, не се мешал во политика проповедал добрина бла бла бла.... Такви евангелија и посланија на Павле можеле да настанат само од како во Ерусалем, заедно со него, исчезна во виорот на војната и првата заедница на следбениците на Исус и неговите учници. Се додека тие беа живи и од таму идеа вистинските учења кој бил Исус и за што се залагал, Павле никој не го слушал. Неговите посланиа и проповеди беа отфрлани а тој наречен лажен апостол и речиси паднат во заборав. Но кога ерусалемската заедница исчезна, кога преестанаа да идат учењата од таму, и кога римјаните со сета жестокост се нафрлиле на евреите ширум светот, како одбрана, настанале и учењата и евангелијата кои Исус го прествуваат како син божји (тоа го нема во еврејската вера, но го има во римската паганска) како некој кој се залагал за мир но и тој како и римјаните бил напаѓан од клетите евреи, а кутрите римјани не сакале да го убијат, но морале оти лошите евреи тоа го барале, па после христијаните си ја сменале својата света Сабота во римскиот свет ден - недела, си го одбрале за најголем празник 25 декември - најголемиот празник и на римското царство, на римскиот цар Константин (кој бил паган) му признале дека во него е отелотворн логосот и дека нему, на Константин, единствено бог му дал да го прочисти светот (како Исус да не постоел никогаш)... значи направиле се за да јасно се одвојат од еврејството и се пикнат под заштита на државата. Но тоа не одело така лесно, сепак било познато во првите децении и додека постоела заедницата во Ерусалем дека Исус не бил бог, дека неговото месијанство било само да се истераат римјаните од израел и да се воспостави слободна држава на евреите, и дека неговата цел не била да воспостави нова вера туку да ја утврди и брани старата јудејска религија. Затоа низ евангелијата покрај додаени и приклаени делови, не можело тук така да се изостават и опште познатите работи за Исус, и дека барал да се наоружат неговите следбеници и дека со него во планина заминале иљадници луѓе и дека Ирод сакал да го убие како престолонаследник и полноправен цар на Израел, и дека барал на бог да му се врати божје а на царот царевото, и дека голема римска војска била ангажирана да го зароби и дека сите го нарекувале крал и дека бил помазан и во ерусалем влегол како крал и дека извршил напад во храмот и дека е распнат на крст од страна на римјаните - казна резервирана строго за неприателите на рим и бунтовниците, и дека во тоа време бил извршен и напад на римски гарнизон и дека меѓу најблиските следбеници имал и зелоти и дека е распнат со двајца зелоти.... тие нишки на вистинската прикаска за еврејскиот револуционер и борец против рим - Исус не можеа да се избришат едноставно но можеа да се замаглат, да им се даде друго значение или толкување, да се стават во поинакви контексти.
Спирос, кога ќе пораснеш и ќе почнеш да читаш и се интересираш за рим, за историја на римско царство, посебно за историја на израел и јудеја за тамошните социјални, економски, политички... услови кои владееле пред 2000+ години, евангелијата нема да ги читаш како некои бајки за мистериозно магловити земји народи и луѓе во кои се е можно макар одело спротивно сите факти и чињеници. Ќе ја увидиш вистината за ОНОЈ кој со меч во рака тргнал да го ослободи својот народ од римски јарем и да седне на престлт во ерусалем како крал на евреите но во таја битка паднал и бл осуден и убиен од неприателите.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ќе ја увидиш вистината за ОНОЈ
Лет3,

„...вистината за Оној...„ не се наоѓа во световните записи, туку во Неговата Црква, која е „...столб на вистината...„ (Тимотеј, 3.15), а на која, очигледно е, не и‘ припаѓаш па ништо друго и не Ти преостанува, освен да мудруваш по својот ум, сметајќи дека штотуку си откркил некоја тазе вистина, за Црквата непозната.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Лет3,

„...вистината за Оној...„ не се наоѓа во световните записи, туку во Неговата Црква, која е „...столб на вистината...„ (Тимотеј, 3.15), а на која, очигледно е, не и‘ припаѓаш па ништо друго и не Ти преостанува, освен да мудруваш по својот ум, сметајќи дека штотуку си откркил некоја тазе вистина, за Црквата непозната.
Неговата црква беше Онаа во Ерусалем, на чие чело по Неговата смрт беше брат му Јаков, па после Јаков роднините Негови, заедница кја во се се придржуваше на старозаветните - јудејски обреди и вера, заедница која ни црта од старите закони не промени, заедница за која Павле беше еретик. Е тоа беше и остана Неговата Црква, а ова денес... то е на Павле Црквата. Тој само го искористи името На Исус како бренд.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom