Ај ќе ви кажам на пример во Германија како е по големите дискотеки од лично искуство. Бев во Берхајм во Берлин, огромна дискотека на 3 спрата, редица пред врата, да не претерам ама сигурно 50 метри, може и јаче. Неколку луѓе бевме и си застанавме нормално у ред (за среќа не е ко кај нас да сака некој да те претка во ред), и чекавме едно 20 минути минимум додека стигнавме до влезот. На влез стои батка вратар со слушалици и микрофонче, и не ги пушти пред нас тие. Тие беа холанѓани, и ваљда само шо станале полнолетни и едниот носеше елек на голо
, и не му се свиѓаше на вратаров а и најверојатно на луѓе што гледаат на камерата пред влезот и му кажуваат кого да пушта. Се побунија тие холандезите ама џабе, нема шо тука и се тргнаа. Пред нив беа 2 девојчиња пицнати со штикли изнашминкани и нив не ги пушти
. И чекаме сега ние, јас се извадив од памет, бев у маичка фармерки и старки, и си викам лееее ако ме врати сеа ќе се запалам. Се расчисти пред билетарата и оп, вратаров крева јаженцето и вика ајде. Што значи, нема универзално правило, секаде газдата си бира каква раја ќе влезе. Внатре имаше електроника и не може секакви луѓе да се пуштат, мора да се бира за атмосферата да биде ко што треба. Јас на пример исто така облечена да отидам во Колосеум, нема шанси да ме пуштат.
Без да делува дискриминирачки, ама и ја да имам диско, на обезбедувањето ќе му кажам какви луѓе да пушта, нормално е тоа. Секако нели, во контекст на темава, ќе гледам вратарите да не бидат ропаци и да тепаат без потреба. Поентата ми е дека остај они што се ропаци, ама шо чоек треба да си да те врати еднаш-двапати, а ти упорно да пробуваш со сила да влезеш?!