Хептаграм XI
Ἱερὸς Γάμος
- Член од
- 13 февруари 2010
- Мислења
- 12.254
- Поени од реакции
- 12.265
Арно си разбираш Алмала...Добро, ја погрешно сфаќам или луѓево овде покушаваат да кажат дека Телемата намерно заведува што повеќе души за некоја цел....ама која де? И зошто?
Колку што јас лично сум видела, мнооооогу е тешко да се влезе во едно од овие друштва. Ако толку беа позапалени за што повеќе души ќе вриеше од луѓе таму.
Од се во светот, телемата е најголемото зло и собира луѓе онака, колку да се броиме
За форумџиите овде кои се најгласни во бунтувањето, бесцелни се сите правила и закони потребни да бидат исполнети за да се биде иницијант во нашите мистерии. Многу забораваат или пак не ни знаат како и зошто се бара иницијација. Тие не ни сакаат да бидат иницирани, не ни разбираат што е тоа, не знаат што значи да имаш Брат или Сестра(нормално, луѓето не живеат и се караат со браќата и сестрите со кои се врзани со крв, така да не очекува да го разберете поимот Брат или Сестра во Редот).
Немојте никогаш да барате иницијации во О.Т.О. преку форуми! Тука има само лушпи, клифоти... Размисли кои ниту од одблиску не објаснуваат нешто конкретно... овие клифоти, да, и тие се знаци, но... внимавајте на нив. Ќе знаете каде и кога да побарате иницијација, ако навистина ви е потребна. Нели велиме дека ништо нема да биде променето, секој ќе остане ист.
Не постои авторитет кој ќе одговори за вас дали сте или не спремни за иницијација. Тој одговор го имате само вие, и следете го безусловно. Ако треба да бидете, ќе се најде кој да гарантира за вашата личност и однесување. Секако не сакаме секој да ни биде брат или сестра во Редот. Како се прави изборот? Тајна над Тајните (ајде сега разглобувајте за ова последното наредните 11 страници)
Ве љуби Хептаграм!