Законот на Телема

Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Добро, ја погрешно сфаќам или луѓево овде покушаваат да кажат дека Телемата намерно заведува што повеќе души за некоја цел....ама која де? И зошто?

Колку што јас лично сум видела, мнооооогу е тешко да се влезе во едно од овие друштва. Ако толку беа позапалени за што повеќе души ќе вриеше од луѓе таму.
Арно си разбираш Алмала... :)
Од се во светот, телемата е најголемото зло и собира луѓе онака, колку да се броиме :)
За форумџиите овде кои се најгласни во бунтувањето, бесцелни се сите правила и закони потребни да бидат исполнети за да се биде иницијант во нашите мистерии. Многу забораваат или пак не ни знаат како и зошто се бара иницијација. Тие не ни сакаат да бидат иницирани, не ни разбираат што е тоа, не знаат што значи да имаш Брат или Сестра(нормално, луѓето не живеат и се караат со браќата и сестрите со кои се врзани со крв, така да не очекува да го разберете поимот Брат или Сестра во Редот).
Немојте никогаш да барате иницијации во О.Т.О. преку форуми! Тука има само лушпи, клифоти... Размисли кои ниту од одблиску не објаснуваат нешто конкретно... овие клифоти, да, и тие се знаци, но... внимавајте на нив. Ќе знаете каде и кога да побарате иницијација, ако навистина ви е потребна. Нели велиме дека ништо нема да биде променето, секој ќе остане ист.
Не постои авторитет кој ќе одговори за вас дали сте или не спремни за иницијација. Тој одговор го имате само вие, и следете го безусловно. Ако треба да бидете, ќе се најде кој да гарантира за вашата личност и однесување. Секако не сакаме секој да ни биде брат или сестра во Редот. Како се прави изборот? Тајна над Тајните (ајде сега разглобувајте за ова последното наредните 11 страници) :)

Ве љуби Хептаграм!:love:
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Колку што ги имам некои прочитано, не сакаат да даваат завет за нешто што не се сигурни и не знаат каде ќе ги однесе. Мое мислење:

1. Ако некој не е сигурен, тогаш и не ни треба да поднесува барање за вклучување било каде.

2. Никој нема никого да изеде. Сите сме луѓе и верувам дека со човечко однесување ако некој реши дека таа патека не е за него - слободен е да замине.

Ако го изброиме оние што се вклучени и оние што се одбиени - бројот на одбиените е многу поголем. :coffee:
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Колку што ги имам некои прочитано, не сакаат да даваат завет за нешто што не се сигурни и не знаат каде ќе ги однесе.
Затоа реков дека стравот е предвесник на неуспехот. Ние никој насила не влечкаме во нашите редови. Сакаме слободни полнолетни мажи и жени во нашите Редови.
Во ритуалот на Неофит во „Златна Зора“ се вели: „Биди без страв, дете на Земјата! Ти ме спозна! Помини понатаму!“
Кој спознал кандидатот? Богот на Западот мислам дека беше... Што значи тоа Богот на Западот? Еве ви тема за уште 11 страници зборување :)

Ве љуби Хептаграм!:love:
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399

Хахахах, најслатко е така. За да му нема помош после тоа.
На исти принцип функционира и системов(државите).
Абе убаво рекле старите:
Бабата давала една пара да се фати на коло, а после давала 10 за да се пушти......ама нема. :)
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Бабата давала една пара да се фати на коло, а после давала 10 за да се пушти......ама нема. :)
Хаха, никој не те терал да бидеш најбрз сперматозоид и да се родиш пак на Земјата момче мое! Си се фатил на орото, не се жали и не викај „фаул“ постојано барајќи грешки и зло кај другите.
Твојата волја те донесе овде да си пострадаш на Земјата. Исто како и мене :)
Земската мудрост важи само на Земјата.
Сега кога гледаш дека е тешко со искушенијата на Земјата, собирај си ги 10 парички за да излезиш од тука ако не ти чини и ако не можеш крај со крај да најдиш.
Не заборавај, самоубиство е забрането со универзален закон! :) Мора да си ги поминеш искуствата за кои си ветил дека ќе ги поминеш.

Ве љуби Хептаграм!:love:

п.с. Треба да погледнете што значи да се биде инициран во О.Т.О. , си пишува убаво во врска со „орото“ на кое се фаќате и кои чекори и како да се пуштите од истото!
Не правете вакви паралели како Боди, кој секако не е запознаен со оваа тема.
 
Не дојдов јас за да играм на орото, дојдов да ја сменам музиката. :)
А дел од старата музика се редовите како вашиот. Слатки отрови се тоа. Дезинформациии се нивната општо позната карактеристика. Во десет вистини една лага, такви отровни сендвичи 10:1 иако во полза на "доброто" се отровни на крај.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

За да ја смениш музиката, треба да имаш "слух", глувиот неможе да стори такво нешто.
Која е таа дрскост да судиш и тврдиш дали нешто е лага, вистина, отров или дезинформација, кога апсолутно ништо незнаеш во врска со тоа?
Кој си ти? Самопрогласениот и просветлен......сезнајко?!
Оди спознај се самиот, па потоа соли памет на другите! Затоа што како што и самиот тврдиш на другите теми, единствено за што можеш да бидеш сигурен и да осознаеш си ти самиот.
 
Ризикувам кога станува збор за случаи како кроулизмот хахахаххахахх. Ама сигурен или не, ова е далеку од апсолутните вистини. Имам право да се мешам во илузијата, тоа ми е загарантирано право ;)
Сега.....ми паѓа жал, не викам дека не ама што се мора се мора.
 
Хептаграм XI

Ἱερὸς Γάμος
Член од
13 февруари 2010
Мислења
12.254
Поени од реакции
12.265
Не дојдов јас за да играм на орото, дојдов да ја сменам музиката. :)
А дел од старата музика се редовите како вашиот. Слатки отрови се тоа. Дезинформациии се нивната општо позната карактеристика. Во десет вистини една лага, такви отровни сендвичи 10:1 иако во полза на "доброто" се отровни на крај.
Додека има музика, ќе има и оро. Јас реков дека тебе ти смета орото, не музиката. Ех... што си мачиш мислите на оваа тема кога ништо не зборуваш во врска со темата?

Боди, ти си Sri Paramahansa Shivaji (ајде сите на google да дознаеме што значи ова) и го разбираш сите Редови(да да, множина, видете го Манифестот на О.Т.О., го има дури и на македонски) иако не си запознаен со ниеден Ред ниту пак со некои барем познати методи итн итн... Ти доаѓа тоа на сон :confused: ... знам и тоа...

Јас би те замолил ако може да „тегниш ластици“ по други теми на подфорумот религија и со други членови, јас вечерва ќе морам да те игнорирам бидејќи никогаш не правиш муабет за темава, ниту разбираш што се зборува тука, ниту пак разбираш јас што зборувам (мислам и дека не ни читаш што се тука пишува), туку зборуваш што ти текне во моментот само за да се пополни уште некој kB во базата на Кајгана.
Слободно запознај се со темата и коментирај, дебатирај прашувај ако мислиш дека треба да се праша... Мојата цел овде е тоа (не се плашете, не собирам „души“).

Но немој со вакви глупости, досадно е веќе... ако не ти чини темата оди понатаму! Мир со тебе брате :)

Навистина ќе ме извиниш, не сум психијатар(ниту пак ме плаќаат) па да ти ги читам сите постови тука... утре можеби ќе се помуабетиме иако не верувам.

Ве љуби Хептаграм!:love:
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ризикувам кога станува збор за случаи како кроулизмот хахахаххахахх. Ама сигурен или не, ова е далеку од апсолутните вистини. Имам право да се мешам во илузијата, тоа ми е загарантирано право ;)
Сега.....ми паѓа жал, не викам дека не ама што се мора се мора.
Апсолутни вистини е термин кој исто како и твоите испади на теми како оваа е контрадикторен и нелогичен. Апсолутно значи неменливо - единствено, нешто кое неможе да биде во множина.
Со остатокот од твојов пост се слагам, секој има право да се меша и да мисли дека само тој ја осознал вистината. Дали тоа ќе биде негова илузија, за него е неважно.
Но тоа што неможеш да го оспориш е дека критикуваш нешто кое не го познаваш, нешто во кое немаш увид, и за кое немаш реална основа да ја знаеш суштината. Твоите критики, како и на останатите хејтери на темава, ги темелиш на стереотипи и шпекулации. Нешто кое за мене може да биде производ на исфрустрираност и комплекси.
 
Bodhidharma

Avatara
Член од
17 септември 2011
Мислења
10.783
Поени од реакции
15.399
Додека има музика, ќе има и оро. Јас реков дека тебе ти смета орото, не музиката. Ех... што си мачиш мислите на оваа тема кога ништо не зборуваш во врска со темата?

Боди, ти си Sri Paramahansa Shivaji (ајде сите на google да дознаеме што значи ова) и го разбираш сите Редови(да да, множина, видете го Манифестот на О.Т.О., го има дури и на македонски) иако не си запознаен со ниеден Ред ниту пак со некои барем познати методи итн итн... Ти доаѓа тоа на сон :confused: ... знам и тоа...

Јас би те замолил ако може да „тегниш ластици“ по други теми на подфорумот религија и со други членови, јас вечерва ќе морам да те игнорирам бидејќи никогаш не правиш муабет за темава, ниту разбираш што се зборува тука, ниту пак разбираш јас што зборувам (мислам и дека не ни читаш што се тука пишува), туку зборуваш што ти текне во моментот само за да се пополни уште некој kB во базата на Кајгана.
Слободно запознај се со темата и коментирај, дебатирај прашувај ако мислиш дека треба да се праша... Мојата цел овде е тоа (не се плашете, не собирам „души“).

Но немој со вакви глупости, досадно е веќе... ако не ти чини темата оди понатаму! Мир со тебе брате :)

Навистина ќе ме извиниш, не сум психијатар(ниту пак ме плаќаат) па да ти ги читам сите постови тука... утре можеби ќе се помуабетиме иако не верувам.

Ве љуби Хептаграм!:love:
Не се нервирај бре. :)
Не е се така страшно, и не те обвинив тебе дека нешто намерно ти правиш. Верувам во твоите добри намери, ама чисто се сомневам во се друго. дека се разбирам од телемата не можам да кажам, ама од тоа што го знам до сега не и се пишува арно :)
Како и да е, има и луѓе што сакаат да играат. Двојка, тројка чачак хахахах има доста да се помине.
--- надополнето: 23 февруари 2012 во 00:01 ---
Апсолутни вистини е термин кој исто како и твоите испади на теми како оваа е контрадикторен и нелогичен. Апсолутно значи неменливо - единствено, нешто кое неможе да биде во множина.
Со остатокот од твојов пост се слагам, секој има право да се меша и да мисли дека само тој ја осознал вистината. Дали тоа ќе биде негова илузија, за него е неважно.
Но тоа што неможеш да го оспориш е дека критикуваш нешто кое не го познаваш, нешто во кое немаш увид, и за кое немаш реална основа да ја знаеш суштината. Твоите критики, како и на останатите хејтери на темава, ги темелиш на стереотипи и шпекулации. Нешто кое за мене може да биде производ на исфрустрираност и комплекси.
Од што комплекси?
Кога има убиство на пример прво се бара мотив, у мојов случај не постои такво нешто :)
Ти беше тој што хејташе па на крај се придружи, ама како и да е, касно е некако...гуд најт :)
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Од што комплекси?
Кога има убиство на пример прво се бара мотив, у мојов случај не постои такво нешто :)
Ти беше тој што хејташе па на крај се придружи, ама како и да е, касно е некако...гуд најт :)
Незнам од што, ни јас не сум психијатар. Но не гледам зошто некој би критикувал, напаѓал и судел нешто за кое и самиот признава дека не го познава.
Како и да е, еве нешто во врска со мудрите, мудроста и вистината:

Сепак, о аспиранту, нека победите не ти носат Гордост, зашто со зголемувањето на Знаењето би требало да се зголеми и Мудроста. Оној што малку знае, мисли дека знае многу; но оној што знае многу свесен е за своето незнаење. Го гледаш ли оној кој мисли дека е мудар? Повеќе надеж има за будалата отколку за него.
 
alf

Член од
28 јануари 2010
Мислења
1.611
Поени од реакции
1.160
Некои луѓе и слугуваат на својата суета, и мислат дека со деградирање на останатите тие самите ќе се издигнат и ќе докажат со тоа колку се интелегентни, паметни и посупериорни.
Во ситуација кога немаат аргументи на нивна страна, посегнуваат и се служат со ниски удари, напаѓајќи ја личноста на дискутантот.
Па така може да видиме на темава неколку исти луѓе, кој етикетираат и се потсмеваат на речиси секој пост од наша страна.
Доколку навистина мислат дека постигнуваат нешто со тоа, можам само да им порачам да продолжат и понатака.:)
Ipsissimus,постојано гледаш само од твојата страна,но во врска со болдираното како да зборуваш за себе!
Не си далеку од вистината ,токму тие зборови покажуваат каков си.
Тоа што те донело на местото каде што си е токму сега е твојата суета на која и слугуваш,суета или силуета која ја гледаш со затворени очи.:(

Не се соживувај со улогата на телемит,бидејќи секоја критика упатена спрема телемата ја примаш премногу лично,а тоа не те прави многу различен од ревен верник.

Треба да го имаш следново во предвид.
На форумов доаѓаат луѓе од секаков вид,има верници и неверници,луѓе што истражуваат и луѓе кој се укопани во својте ровови.Сите тие се на различна духовна зрелост,значи има категории од духовни деца,па све до луѓе кој се на патот на својата духовна зрелост.

Телемата како тема е ок,може да се даде инфо што се и кој се тие,но неприфатливо е Горан постојано да нуди линкови и да постира цитати од нивната книга и да дава коментари од типот "што сакав да кажам или не разбирате вие ништо" и ред други коментари кој за себе не кажуваат ништо друго освен што го деградираат читателот на ниско ниво,а себеси се издигаат.

Ако нешто имаат да кажат,па макар и малку, нека го кажат јасно и разбирливо за секој што ќе прочита на темата,без поздрави со бројки или употреба на скриени пораки.
Пред се треба да се мисли и на децата (духовните деца) кој сеуште не ја достигнале духовната зрелост.
Тоа што го прави Горан е исто како на мали деца им пуштиш филм со срамна содржина,тие ќе се згрозат од тоа што ќе го видат.Не би разбрале ништо бидејќи сеуште телесно не се созреани за да го сватат тоа.

Додека духовните зрели луѓе сите тие работи ги прават прикриено , никој да не примети или види,било тоа да иницираат кандидат или ги насочат читателите на која страна да размислуваат,без притоа да силуваат или себеси да се издигаат.

Горан не прави ништо друго освен што фрла чалами,а тоа е многу далеку,ептен далеку од духовна созреана личност.

А сега види ти со кого се дружиш и кој треба утре брат да го нарекуваш.:(
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Ipsissimus,постојано гледаш само од твојата страна,но во врска со болдираното како да зборуваш за себе!
Не си далеку од вистината ,токму тие зборови покажуваат каков си.
Тоа што те донело на местото каде што си е токму сега е твојата суета на која и слугуваш,суета или силуета која ја гледаш со затворени очи.:(

Не се соживувај со улогата на телемит,бидејќи секоја критика упатена спрема телемата ја примаш премногу лично,а тоа не те прави многу различен од ревен верник.
alf секој има право да гледа од своја страна, да критикува и да си каже што мисли. Ти велиш дека болдираното се однесува на мене, т.е дека јас и слугувам на мојата суета и дека ги омаловажувам другите за самиот да се направам попаметен. Немам намера да те убедувам и да ти се правдам, мисли што сакаш.
Но факт е дека во моите дискусии никогаш не се фокусирам на соговорникот, туку на конкретната дискусија. Никогаш не критикувам нешто за кое не сум запознаен, и никогаш не изнесувам или не алудирам на приватни работи кој некој ми ги кажал.
Сега прочитај ја добро последнава реченица и размисли дали истото можеш да го кажеш за себе? Дали и останатите кој се бавеа со мене наместо со темата можат да го кажат за себе?

Голем дел од "критиките" не беа спрема телемата туку лично до мене. Ти на пример овој пост го започнуваш како? Со Ipsissimus нели?
Предходно беше постиран клип со порака до мене по кој пат да сум одел. Еден друг член пак се потруди да објасни каков хибрид сум, каква е мојата писменост, па дури беше и љубезен да понуди неколку алтернативни називи за мене со цел подобра комуникација. И сетоа тоа без трошка суета, и без намера да биде понижен соговорникот нели?
Треба да го имаш следново во предвид.
На форумов доаѓаат луѓе од секаков вид,има верници и неверници,луѓе што истражуваат и луѓе кој се укопани во својте ровови.Сите тие се на различна духовна зрелост,значи има категории од духовни деца,па све до луѓе кој се на патот на својата духовна зрелост.

Телемата како тема е ок,може да се даде инфо што се и кој се тие,но неприфатливо е Горан постојано да нуди линкови и да постира цитати од нивната книга и да дава коментари од типот "што сакав да кажам или не разбирате вие ништо" и ред други коментари кој за себе не кажуваат ништо друго освен што го деградираат читателот на ниско ниво,а себеси се издигаат.
За тие што се на ниво на "духовни деца" има соодветни теми на овој форум, и никој со сила не ги тера да бидат на оваа. На кој начин некој ќе комуницира е негово право, од каде заклучи ти што е прифатливо а што неприфатливо? Секој што на темата поставил прашање, добил одговор. За некој што очигледно доаѓа да провоцира, каков поинаков однос очекуваш? Дали постовите на кој се однесуваат тие коментари кажуваат нешто, или само го деградираат оној кон кого е упатен тој пост?
И дали е ок од твоја страна да измислуваш имиња некому, и потоа да очекуваш коректен однос?
Ако нешто имаат да кажат,па макар и малку, нека го кажат јасно и разбирливо за секој што ќе прочита на темата,без поздрави со бројки или употреба на скриени пораки.
Пред се треба да се мисли и на децата (духовните деца) кој сеуште не ја достигнале духовната зрелост.
Тоа што го прави Горан е исто како на мали деца им пуштиш филм со срамна содржина,тие ќе се згрозат од тоа што ќе го видат.Не би разбрале ништо бидејќи сеуште телесно не се созреани за да го сватат тоа.

Додека духовните зрели луѓе сите тие работи ги прават прикриено , никој да не примети или види,било тоа да иницираат кандидат или ги насочат читателите на која страна да размислуваат,без притоа да силуваат или себеси да се издигаат.
alf зошто мислиш дека некој е должен да изигрува учител и да се грижи за духовно несозреани деца?!
Тој што смета дека начинот на кој се дискутира тука не е ок, слободно може да да не ја чита оваа тема. Кој го спречува?
Односот кој го добиваат соговорниците на оваа тема е рефлексија на нивниот сопствен однос и кон темата и кон нивните соговорници.

И за крај, ти благодрам што толку многу се грижиш со кого и на кој начин се дружам, но сметам дека сум доволно способен самиот да знам што е добро за мене.
 
Член од
31 јули 2006
Мислења
2.537
Поени од реакции
702
Моја искрена гледна точка:

Ако некој не го разбира Хептаграм (Горан) што збори, значи дека не е запознаен со она што он го знае. Не велам дека таа особа не знае ништо - но не е знае ни разбира она што „Горан“ покушава да го каже.

Прост пример: Јас кога прв пат почнав да занимавам и читам и све то во врска со окултот и и раскажував на сестра ми - она ме разбираше што сакам да кажам 100%. Сега, години покасно ми вели дека кога разговарам за овие нешта ама ништо не ме разбира и и све шпанско село. Вели - порано сум и зборела народски. Јас си мислам дека сеуште зборам за овие ствари народски, ама ете....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom