- Член од
- 28 јануари 2010
- Мислења
- 1.611
- Поени од реакции
- 1.160
Секој маж и секоја жена не е самодел од Бога, туку е и Врховен Бог.“Центарот е насекаде, а работ никаде”. Старата дефиниција за Бог добива ново значење за нас. Секој од нас е Еден Бог. Ова можеда биде сфатено единствено од страна на иницијантите; за да се увиди тоа, човек мора да достигневисока состојба на свест. Секоја “ѕвезда” директно е поврзана со секоја друга ѕвезда и бидејќи Просторот е без Граница (Аин Соф), Тело на Нуит, секоја ѕвезда подеднакво е Центар како што е било која друга. Секој човек инстинктивно чувствува дека е Центар на Космосот, но филозофите се потсмеваа на таа негова претпоставка. Сепак, тој беше сосема во право. Земјоделецот не е ништо “помалку вреден” од Кралот, ниту Земјата е помалку вредна од Сонцето . Секое едноставно, елементарно Себствое врховно, Сам Бог. Да, во оваа Книга Вистината е речиси неиздржливо Величенствена, бидејќи Човекот премногу долго се криел од сопствената слава: тој се плаши од бездната, од безвремениот Aпсолут. Сепак Вистината ќе го ослободи! Извадок од „ Законот е за Сите “- Алистер Кроули Ipsissimus,дали ова се твои зборови,од тебе излегоа,ти ги напиша? Да се пие вода од туѓ бунар не е исто што и да си ископаш свој и од него да си ја гасиш жедта. Доколку мислиш дека тие само ти даваат алат да те научат како сам да си ископаш бунар си погрешил.Бидејќи бунарот ќе припаѓа на оние кои ти дале алат,зошто во тебе ќе опстојува мислата дека без нивно познавање ти не би можел да ископаш ништо со што и ти и твојот бунар им припаѓате на нив.А тие носат определено име,имаат своја света книга и се оделени од останатите,тоа што ти безусловно ќе го прифатиш и следиш. Ipsissimus, секој треба да си го ископа својот бунар сам,со свој алат,со свој труд.Дали мрзливоста или неспособноста,можеби желбата да осознаат кој се,што се ,е тоа што ги тера да пристапат и да пијат вода од туги извори само да ја изгасат својата жед(да се спознаат себеси). Токму ова го користат ваквите групи кој ја фрлаат мрежата за да уловат риба-човечка душа,тие се еден вид апостоли,нудејќи себе спознавање и просветлување. Доколку си ископаш свој бунар со своја пот и свој алат и пиеш вода само ти,од тебе ќе извираат многу подлабоки мисли отколку таа книга на која се потпираш.Ќе видиш тоа што очи не виделе и ќе слушнеш тоа што уши не слушнале. Ако тогаш почнеш да ги пренесуваш мислите на хартија и истата ја понудиш како своевидна помош на тие што допрва доаѓаат како полесно да ископаат свој бунар,си отстапил од изворот.Создавајќи свој бренд,онаков каков што сега следиш. Ipsissimus,водата од бунарот е еден вид жена која ќе биде само твоја и ќе ја гаси само твојата жед,нејзината љубов заслужија сам,не дозвојлувај стројници да имаш. Бидејќи со сила љубов не бива. Еднаш ти кажав на ЛП еве сега и на форумов,а ти како сакаш така прави.