Најдов решение за перформансите.
Во launcherot ,одете во options и допишете доле кај command line -str -npd. Од ова има еден баг, кој некогаш се јавува, некогаш не, се појавува двоен поинтер во играта и цело време имате поинтер. За да го решите овој проблем, или бар јас така го решив, земете nomousey кој е бесплатен и многу мал програм и го прави поинтерот да исчезне (како и што му кажува името ).
На мене ми сецкаше ненормално многу, а сега на највисоки опции ја играм без проблеми. Што се однесува до играта, немам играно многу но до сега е тоа што и беше рекламирано - некаква мешавина од Mafia, CSI и GTA . Лицата на луѓето се многу добро направени, но една работа која барем засега ми смета е тоа што многу зависи од квалитетот на глумецот дали ќе сватите дали лаже или не. Имеше една мисија со едно старче, кој одглуми фантастично и одма препознав дали лаже или не. Во една друга сцена пак со некој хиспано глумец од 10 долари, не можев да сватам ни што прави, само ја собираше брадата . Или па има некоја финта? Дали мрдаат со очите или слично? Не ми ја кажувајте ако е спојлер.