Дали постои апсолутна вистина?

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Тогаш ако имаме илузија иманентно е да постои реалност па од каде знаеме дека реалноста не е илузија.
 
Факт е дека нема апсолутна вистина која постои сама за себе,ова е согласно теоријата на системите но и природните правила-нема апсолут.
Има, под услов се останато да е дел од таа апсолутна вистина или Апсолут.
 
Тогаш ако имаме илузија иманентно е да постои реалност па од каде знаеме дека реалноста не е илузија.
Постои само една апсолутна работа(реалност, како сакаш кажи го) а тоа си ти. Не можеш да се знаеш што си, ама можеш да знаеш што не си. :) методот е direct cognition
Ова е играта наречена живот, откривањето на тоа што не си.
Што пак ќе доведе до тоа да дознаеш дека си се што постои, постоело и ќе постои. Најголемиот парадокс што некој би можел да го смисли, во самата срж на животот-универзумот. Не можеш да се видиш самиот, огледалото не може да се рефлектира самото.
Бог ја доживува илузијата наречена живот преку бесконечно многу аспекти, преку бесконечно многу "очи".
"Знаејки" го ова како би сакал нешто што се нарекува држава да речеме?
 
Но бидејќи незнаеме колку време трае секогаш односно дали времето како димензија некогаш почнува или завршува, аналогно на тоа никогаш нема да знаеме дали некоја вистина би важела во секоја ситуација и секогаш, аналогно на тоа, не постои апсолутна вистина.
tvrdish deka apsolutna vistina e deka ne postoi apsolutna vistina?
 
tvrdish deka apsolutna vistina e deka ne postoi apsolutna vistina?
Oh no you didn't. That's my que.
Се е релативно. Ти ја гасам дискусијата. (и релативно е дека е релативно дека е релативно дека е релативно дек.........)
 
Постои апсолутна вистина но ние луѓето не ја знаеме. Доколку не би постоела тогаш ни животот не би постоел - лагата е човечки производ а вистината (реалноста) е севременска но апсолутната вистина (смислата на животот) можеби никогаш нема да ја дознаеме.
 
Постои апсолутна вистина но ние луѓето не ја знаеме. .

Ако не ја знаеме, како тогаш знаеш дека постои?

Доколку не би постоела тогаш ни животот не би постоел - лагата е човечки производ а вистината (реалноста) е севременска но апсолутната вистина (смислата на животот) можеби никогаш нема да ја дознаеме

Можеби и вистината како таква е човечки производ и зависи од аголот од кој што ги гледа работите. А ако ја сметаш смислата на животот за апсолутна вистина, тогаш би имало 24938504584972573985748 апсолутни вистини, со оглед на фактот дека секој различно гледа на животот и на смислата на постоењето и живеењето.
 
Ако не ја знаеме, како тогаш знаеш дека постои?
доколку не би постоела апсолутна вистина не би постоел живот -> не би постоел јас ниту ти

Можеби и вистината како таква е човечки производ и зависи од аголот од кој што ги гледа работите. А ако ја сметаш смислата на животот за апсолутна вистина, тогаш би имало 24938504584972573985748 апсолутни вистини, со оглед на фактот дека секој различно гледа на животот и на смислата на постоењето и живеењето.
Себично е животот да го разгледуваме само низ човечка призма бидејќи и пред човекот постоел живот а апсолутната вистина може да биде само една токму поради тоа што ти го кажа (секој различно гледа на животот) а бидејќи ние не сме креаторите на животот не можеме да дадеме дефиниција за апсолутната вистина.
 
Многу веројатно е дека постои.
Вистината постои независно од аголот на гледање и разбирање на работите.

Тоа што човекот не може да ја спознае се должи на неговата несовршеност, заблуди и желби.
 
доколку не би постоела апсолутна вистина не би постоел живот -> не би постоел јас ниту ти
Вистината дека е сега постоиме, за некого таму на крајот од другиот свет, ниту ти, ниту јас постоиме. Не знае за нашето постоење, мала е веројатноста дека некогаш ќе дознае. Значи за мене и тебе вистина е дека постоиме, ама не и за Јао Це од Јапонија.

Себично е животот да го разгледуваме само низ човечка призма бидејќи и пред човекот постоел живот а апсолутната вистина може да биде само една токму поради тоа што ти го кажа (секој различно гледа на животот) а бидејќи ние не сме креаторите на животот не можеме да дадеме дефиниција за апсолутната вистина.

Е па и мене ми е тоа муабетот. Не може да дадеме дефиниција за апсолутна вистина, затоа што не знаеме што е тоа. Не сме откриле сега за сега и дали таа постои. Нема дефиниција за апсолутна вистина, затоа што повеќето луѓе различно гледаат на работите.
 
Блиску сме до разумен компромис :) Нема дефиниција за апсолутна вистина. Но сепак, апсолутната вистина за секој поединец претставува различна работа макар што не може да и даде дефиниција. За мене лично таа претставува ВРВОТ т.е нашиот креатор и она што го создало животот и сите оние мистерии за кои немаме одговор. Но факт е дека тие постојат а зад нив постои токму таа апсолутна вистина. Значи апсолутната вистина како термин одамна е откриена - и античките филозофи си ги поставувале истите прашања но нејзиното значење сеуште е под знак прашалник :)
 
Блиску сме до разумен компромис :) Нема дефиниција за апсолутна вистина. Но сепак, апсолутната вистина за секој поединец претставува различна работа макар што не може да и даде дефиниција.

Може има апсолутна дефиниција, ама таа варира од човек до човек. Што значи дека за мене тоа што сега куцам на компјутер е апсолутна вистина, но не и за тебе. Секој човек има своја различна апсолутна вистина. Тоа што за тебе е апсолутно, не е и за мене. Што автоматски ја прави вистината неапсолутна, односно различна во зависност од аголот од кој ги гледаме работите. А можеби и ја има, не велам не, но додека не излезе на површина (ако ја има), не можам да тврдам дека ја има. :)
 
Но сепак, апсолутната вистина за секој поединец претставува различна работа макар што не може да и даде дефиниција.
Апсолутната вистина не мора да биде осознаена од секој на ист начин за да постои. Всушност таа воопшто не мора да биде сфатена, бидејќи постои и без интелигентниот свет. Се содржи во сите универзални природни закони на кои не им е потребна свесна форма на живот (луѓе) за да го управуваат развојот на она што постои само и исклучително во определен правец.
 
Може има апсолутна дефиниција, ама таа варира од човек до човек. Што значи дека за мене тоа што сега куцам на компјутер е апсолутна вистина, но не и за тебе. Секој човек има своја различна апсолутна вистина. Тоа што за тебе е апсолутно, не е и за мене. Што автоматски ја прави вистината неапсолутна, односно различна во зависност од аголот од кој ги гледаме работите. А можеби и ја има, не велам не, но додека не излезе на површина (ако ја има), не можам да тврдам дека ја има. :)
Една е апсолутната вистина а таа е составена од збир на сите неразјаснети прашања кои си ги поставуваме, така да тоа што за тебе е апсолутна вистина е само подмножество на крајната дефиниција. Моето мислење е исто така подмножество и кога ќе се соберат сите теории на куп ќе се добие конечното прашање од човечки аспект за тоа што апсолутна вистина? Како што кажа Каран, вистината егзистира и без интелигентниот свет т.е човекот или вонземјаните. Додека пак дефиницијата за апсолутната вистина би го дала одговорот на тоа конечно прашање. Тоа е само моја хипотеза но мислам дека има смисла :)
 
Back
На врв Bottom