Економски факултет (reloaded)

  • Креатор на темата Креатор на темата The Mummy
  • Време на започнување Време на започнување
колеги кој е материалот предвиден за прв колоквиум по информациони технологии?фала однапред
 
Колеги, може ли некој да ми каже за ZEPHYR . Се логирав, но незнам како да пребарувам. Ми треба за математички методи да видам што има професорката поставено. Инаку, одам на предавањата и искрено баш ништо не разбирам. Се надевам на вежбите ќе биде поинаку. Дали има некаде да се најдат задачите со решение од учебникот, или барем со некакви насоки за решавање.

Од кога ќе се логираш на zephyr од лева страна имаш една табела: Sort my courses,
Create a courses category, Subscribe to courses, Unsubscribe from courses, Platform announcements.
Ќе одиш кај здебеленото т.е Subscribe to courses после тоа Search courses ќе го пишеш името на предметот или името на професорот и подолу ќе го бараш предметот со соодветната година и ќе натиснеш Subscribe и толку. После тоа ќе одиш кај My zephyr (дали од горе или од страна не е битно) и ќе влезеш кај линкот со името на предметот. Ако треба да се пријавувате во групи што знам ќе одиш кај groups, презентации од предавања и вежби се наоѓаат во documents но мислам за тој предмет немаат ништо ставено освен ако не ставиле деновиве :)

А можам уште да го променам изборниот?

Мислам дека не можеш но сепак прашај си на студентски :)
Земи си скрипта од Либро и полагаш сигурно,не се замарајте со учебнико.

Нема врска тоа јас учев од скриптата па сега фино лепо си го презапишав предметот :S
 
Луѓе дали за статистика има врска дали ќе учам од книгата од Калина (помалата) или од онаа на Славе Ристески (поголемата) ако не сум од смерот ебизнис? Оти Калина им рекла дека не е битно од која книга ќе учеле ист бил материјалот ама пак нешто слабо на мојот смер се збори за таа нејзина книга, сите сме со оваа monsterbook од 550 стр. (мене ми е Драган Тевдовски професор)
 
Колеги, може ли некој да ми каже за ZEPHYR . Се логирав, но незнам како да пребарувам. Ми треба за математички методи да видам што има професорката поставено. Инаку, одам на предавањата и искрено баш ништо не разбирам. Се надевам на вежбите ќе биде поинаку. Дали има некаде да се најдат задачите со решение од учебникот, или барем со некакви насоки за решавање.
Од предавања тешко да разбереш нешто.На вежби подобро е.Ќе решавате задачи и од таму се учат постапките, а и во книгата имаше мислам на крај на секоја тема некоја основна постапка за решавање.
Сега можда ти изгледа страшно ама не е ќе видиш.;)
 
Луѓе дали за статистика има врска дали ќе учам од книгата од Калина (помалата) или од онаа на Славе Ристески (поголемата) ако не сум од смерот ебизнис? Оти Калина им рекла дека не е битно од која книга ќе учеле ист бил материјалот ама пак нешто слабо на мојот смер се збори за таа нејзина книга, сите сме со оваа monsterbook од 550 стр. (мене ми е Драган Тевдовски професор)
Учи си од таа на Славе, не комплицирај. Драган не прави тешки тестови, бара најбитни дефиниции и малце логика. Нема потреба од бубање на 500те страни, само еднаш прочитај и по втор пат наврати им се на најбитните работи. Задачите ќе се слични како тие од вежби.
 
Предлог: Читај од книга , учи од скрипта :)

Дали треба по Монетарна Економија да се учат и Додатоците?

Првите три додатоци не требаат рече ќе кажува накнадно кои требаат кои не :)
 
Иде ли некој на предавања Деловно комуницирање? До кај треба за прв колоквиум...до која страна?
 
Иде ли некој на предавања Деловно комуницирање? До кај треба за прв колоквиум...до која страна?

Мислам дека нема кажано, а моментално сме до 25 страна.
Логично ми изгледа со 4та глава, таман до пола, ама не знам за сигурно.
 
Некој што иде на предавање Анализа на финансиски извештаи да каже што треба да се учи од книгата???
 
Мислам дека нема кажано, а моментално сме до 25 страна.
Логично ми изгледа со 4та глава, таман до пола, ама не знам за сигурно.
А знаеш ли дали негде можат да се најдат прашања?
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom