Правна помош и совети

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Гледам дека си упатен кон ова и се надевам дека би можел да ми помогнеш.Немаме заверено документ на нотар тоа е проблемот,јас прво му ги префрлив парите и после тоа требаше куќата да ми ја остави под хипотека но бидејќи куќата е стекната во брак и е по пола требаше венчаница за на нотар,ми рече за 2 дена ќе извадел и ќе потпишеле и двајцата но кога дојде за потпишување на хипотеката неговата сопруга одби да се потпише.Така да останав само со уплатниците од банка.Најдов еден адвокат и самиот ми понуди доколку го добое спорот да земе 3000 е а сумата која ми е дадена на позајмница е 40 000 е мое мислење дека тоа е малку.Да ми препрачаш некој адвокат кој што се бави со вакви дела?
Реално гледано немаш аргументи...
Без договор заверен на нотар,без хипотека.....тешко ќе оди работата на суд....
Посебно ако се работи за толкава сума...
Освен некој адвокат со врски кај судиите да проба да спаси нешто....:нинџ:
Ти дадов мислење во еден од моите претходни постови,во вакви случаи најдобро е ВОНСУДСКО РЕШАВАЊЕ НА СПОРОТ...
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433

Дон Томасино, како нема аргументи, преносот на пари идел преку трансакциона ако разбрав добро има договор ама не е заверен на нотар. Дури и спротивната страна да негира постоење на договор, човекот ке може да си ги бара парите назад. ОСнов- стекнување без основ согласно ЗОО. Значи во таква ситуација докажуваш дека си префрлил пари, докажуваш дека немало основ или основот отпаднал ( значи мислел дека има договор а тужеиот негира) и бараш поврат на средства со казнаена камата согласно ЗОО од денот натранскацијата.
Е сега, полесно е ако воспоставиш било каква комуникаицја на псимено па дури и преку мејл од каде ќе обезбедиш иззјава- признавање на долг.
Како и да е, имаш правна основа и реална можност да си ги повратиш парите. Само запази ги роковите на застареност, кога е направена трансакцијата?
 
Од искуство гледајќи(како научна јавност) судски процеси,од контактот со граѓанските судии,и читајќи и анализирајќи ги пресудите..... пишав дека ваквите случаи се НАЈЗАМРСЕНИ....
Зошто замрсени?
Зошто нема договор заверен на нотар,зошто нема сведоци,нема гаранција(хипотека,гарант и сл) дека навистина се работи за ДОЛГ и дека навистина тужениот има/л намера да го врати тоа шо го должел... ......
Вака останува ТУЖИТЕЛОТ ВИКА ЕДНО-ТУЖЕНИОТ НОРМАЛНО ДРУГО....
А бааги случаи се претераа овие години,и тоа со доста солени суми кои се борчеа...и на крај пак грото од тужителите остануваа со кратки ракави...
Теоретски има право да тужи врз основа на трансфер на пари преку трансакциона....
Но ќе оди многу тешко........тешко се докажува,без други докази.......
А само со тој адут во рака тешко дека ќе помини на суд..
Ако функционираа така судовите,досега ќе немаше долгови...:) се ќе одеше мазно.....
Затоа и адвокатите бараат такви тарифи за вакви случаи,ако беше едноставно обичен правник ќе ги решаваше овие спорови:)
Не е едноставно како со платните налози,си зел некое добро,па после треба за него да платиш,ако не платиш одма тужба,и средена работа....па ќе се чека после наплата на долгот...
Аха да,го заборавив можеби НАЈВАЖНОТО..
Во најголемиот дел од случаите овие курназите БОРЧЛИИ,се луѓе сиромави(читај без никаков имот на нивно име),па и да добиеш на суд нема од каде да наплатиш:)..
Маме си ебале,препишале се на роднини:нинџ: ........
Затоа советував од искуство,најдобар начин за ИСТЕРУВАЊЕ НА ДОЛГОТ е со меѓусебен компромис(доколку е можно нормално).....
Но,Секој случај си е приказна за себе,јас си дадов свое мислење за случајот.......
 
Болдираново е многу точно. Но, и те како има основ за тужба за стекнување без основ. Зашто кога е правен трансферот на пари сигурно има и наведено и цел на дознака. Не е едноставно ама се се средува. Битно нее безизлезна ситуацијата. А за вонсудска спогодба и ја ја поддр`увам идејата ама само преку црно на бело канал, па и да одбие да има какво такво признание за постоење на долгот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Во врска со подарок недвижен имот (стан):

На пример, сестра на баба ми ми подарува стан. Не е мажена, нема деца. Ја завршуваме процедурата (нотар, договор, општина данок...). Потоа вадам од катастар имотен лист од станот со мое име на него.

Дали во иднина, по нејзината смрт, може некој да ми го одземе судски станот, да ми го оспори сопствеништвото? Некој како на пример, нејзин брат, сестра и слично - лица кои се по линија на наследство пред мене.

Благодарам однапред за одговорот.
:( anyone?
 
Pravnice

The Don
Член од
15 ноември 2007
Мислења
2.462
Поени од реакции
1.433
Треба да прочитам заподетален одговор. Но, реално ако веќе е твоето име наимотен лист тогаш единствено ќе може да се поништи да речеме ако некој тврди дека лицето коешто ти го подарило станот си ја довел во заблуда, си ја измамил или слично.
Имаше и нешто фрки околу нужните наследници ама за тоа ке треба да прочитам, наследно одамна неам работено. До вечер добијаш одговор.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Треба да прочитам заподетален одговор. Но, реално ако веќе е твоето име наимотен лист тогаш единствено ќе може да се поништи да речеме ако некој тврди дека лицето коешто ти го подарило станот си ја довел во заблуда, си ја измамил или слично.
Имаше и нешто фрки околу нужните наследници ама за тоа ке треба да прочитам, наследно одамна неам работено. До вечер добијаш одговор.
ok
фала
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Не сум правник али и мене ме засегаше еден сличен случај и од она што гпо дознав, поклон може да си го земе назат само оној кој го дал поклонот (преку суд) и тоа под 2 услови:

1. Ако тој шо го дал поклонот западнал во крајна беда и сиромаштија
2. Ако тој што го добил поклонот, покажал крајна неблагодарност кон тој што го дал поклонот
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Најдобро е да направите договор за доживотна издршка....во договорот ќе се вметни дека за време на животот ти како иден наследник ќе се грижиш за оставителот и ќе му дадеш целосна издршка....
Па по смртта на сопственикот на станот(во случајот бабата),станот ќе прејди на твое име.....
Овие договори имаат најцрста правна основа и речиси е невозможно да се оспоруваат....
П.С.
Договорот за поклон можат да го оспоруваат другите наследници од повисок ред...,и е на стаклени нозе,со еден збор нема толкава правна сила како договорот за доживотна издршка.......
Затоа доколку немате сеуште направено договор со бабата,размислете за оваа опција,во пракса е покажана како многу поефикасна..
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.052
Поени од реакции
83.494
Фала на сите за одговорот.
А дали купопродажен договор има поголема (правно несоборлива) тежина од другите две опции (договор за издршка и подарок)?
 
Член од
14 јули 2011
Мислења
4
Поени од реакции
0
Vaka,ako imate neplateni smetki od komunalii pred poveke godini,od kolku godini se zastareni i ako sme sega 2012,od pred kolku godini nanazad treba da se platat.Blagodaram odnapred.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.278
Vaka,ako imate neplateni smetki od komunalii pred poveke godini,od kolku godini se zastareni i ako sme sega 2012,od pred kolku godini nanazad treba da se platat.Blagodaram odnapred.
Сметки за струја, вода, ѓубре, телевизија.... застаруваат по 12 месеци значи сметка од јануар 2011 е застарена сега, ова не важи ако си тужен за неплатените сметки.
 
Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.251
Поени од реакции
19.536
Фала на сите за одговорот.

А дали купопродажен договор има поголема (правно несоборлива) тежина од другите две опции (договор за издршка и подарок)?
Тоа е веќе друга категорија...
Ова беше според законот за наследување...
Со договорот за купопродажба се постапува по одредбите од Законот за облигациони односи....
Доколку станот е целосно во сопственост и владение на бабата,тогаш нема пречки да се побива купопродажбата,од страна на останатите наследници.....таа има право да го продаде на личност по своја желба..
Ќе треба да си направите договор кај нотар,парите треба претходно да се префрлат на трансакциона сметка на продавачот,па со уплатницата од извршената уплата кај нотарот,па тој го заверува договорот,па со заверениот договор се оди во општина,се плаќа данокот на промет на имот(околу 3% од пазарната вредност на станот,доаѓа комисија од Општина и врши проценка на вредноста на станот),па по уплатата на данокот се врши промена на името на соптвеникот и во катастарските книги,и ќе се добие нов имотен лист...
 
Kajgana Shop

На врв Bottom