Никад не го сфатив моментот на кликање на се и сешто, после толку време поминато на интернет, човек ќе помисли дека луѓево научија што е вирус, а што е правилен линк, па уште како ме нервираат оние вируси кои ги закачуваат луѓево, па автоматски ги тагнуваат сите пријатели што ги имаат. Не сум експерт во компјутери, ниту во информатика, ама пак можам да препознаам вирус кога ќе го видам.
Незнаење ,не едуцираност,љубопитност, идиотизам(да не го заборавиме тоа).
Моментот е тоа што само погледни наоколу во училишта кај другар/другарка 90% мислат Фејсбук е единтвената страна на Интернет.
Ај ќе го сватам татко ми да направи таква грешка ама факт е дека кај нас популацијата е крајно не едуцирана не знаат основни работи на ПЦ,а најстрашно е што не сакаат да научат.
Да дополнам ми текнува во средно земав печат за нешто и ми вика секретарката вие младите се разбирате ако сакаш да ми помогнеш.И си викам јас зошто да не нема проблем.
Нешто ситници во Ексел беа и јас како што правев што ми бараше се трудев да и објаснам дека е лесно и како сама да го направи следниот пат,а она ми вика не треба да знам само направи го.
Колку пати само кога ме бараат за помош не знаат најпрости работи да направат.
Еднаш на другарче му помагав да инсталира игра еден заеб*ан крак не знаеше да копира фала му на бога што се појавија програми како TEAM VIEWER
.
Инаку преку телефон ќе се изедеш кој бил во таква ситуација знае
Друго нешто е колку слабо македонската популација го познава Англискиот јазик.
Факт е дека се се должи на слабата(никаквата)едукација како кај старите така и кај младите(најстрашно е кај вториве што треба да претставуваат интернет генерација.)
И толку да не тупам многу многу