- Член од
- 12 април 2010
- Мислења
- 10.060
- Поени од реакции
- 15.032
Во Прилеп на Прочка, демоните од под земја ќе допатуваат.
По улици и сокаци ќе шетаат, ќе плашат минувачи,
откуп за живот ќе бараат, со стапови ќе маваат,
секој удар еден плод и блосооење за бериќет и род.
Да не посетат на минливоста на животот и повторното раѓање.
Тој ден во Прилеп секој може да биде што сака
Од човек - камила, од старица - дете, од маж - невеста,
од просјак - цар, од мечкари - дар мар.
Прочката е приказ на хаосот, од кој светот настанал,
ден за многу мајтап, страв и приказна.
Не дозволувајте други да ви прикажуваат, дојдете сами и видете.
Но не се правете курнази, оти овде има и покурнази.
Локалната самоуправа на општина Прилеп и Здружението Прилепски Мечкари по дванаесетти пат традиционално го организираат Меѓународниот Прилепски карневал „Прочка 2012“.Програма:
СРЕДА 22.02. 2012 г.
- Прес конференција и промоција на Прилепскиот карневал во просториите на Локалната самоуправа со почеток во 11.00.
- Припрема на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
- 10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
- 12.00 часот - Свечено отворање на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“и доделување на награди за најуспешните.
- 10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
- Од 12 – 15 на големата бина на плоштадот – Најава на Карневалот и парада низ центарот на градот со Mажуретки, Mечкари, Жонглери, Куклари, Кловнови, Штулари, Живи статуи.
- 22.00 – Забава на плоштадот со Концерт на „The Hounds“ и „Паркети“– присутните ќе бидат почестени со варено вино, топла ракија и чаj
- Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Леоне, City pub….
- 08 – 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
- 13 – Дефиле на маски
- 16.30 – 17.00 Доделување на награди
- 20.00 – прием на странските делегации и дегустација на национални месени производи - Ресторан Липа
- 21.00 - Маскенбал со Концерт на „Crossroad Blues Band“- Ресторан Липа
- Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Леоне, City pub….
Игор Трпче и Наташа Наумоска
Жири комисија:
Ели Милошеска
Тони Чатлески
Софија Грабулоска
Марјан Матракоски
Хилда Црнеска
Доколку некој сака да учевствува на свеченото дефиле на маски, пријава за учевство може да се преземе тука.
преземено од: http://www.karnevalprilep.mk/