Меѓународен прилепски карневал ПРОЧКА 2012

  • Креатор на темата Креатор на темата 048
  • Време на започнување Време на започнување

048

Член од
12 април 2010
Мислења
10.104
Поени од реакции
15.067
001.jpg
Во Прилеп на Прочка, демоните од под земја ќе допатуваат.
По улици и сокаци ќе шетаат, ќе плашат минувачи,
откуп за живот ќе бараат, со стапови ќе маваат,
секој удар еден плод и блосооење за бериќет и род.
Да не посетат на минливоста на животот и повторното раѓање.
Тој ден во Прилеп секој може да биде што сака
Од човек - камила, од старица - дете, од маж - невеста,
од просјак - цар, од мечкари - дар мар.
Прочката е приказ на хаосот, од кој светот настанал,
ден за многу мајтап, страв и приказна.
Не дозволувајте други да ви прикажуваат, дојдете сами и видете.
Но не се правете курнази, оти овде има и покурнази.
002.jpg
Локалната самоуправа на општина Прилеп и Здружението Прилепски Мечкари по дванаесетти пат традиционално го организираат Меѓународниот Прилепски карневал „Прочка 2012“.

Програма:​
СРЕДА 22.02. 2012 г.​
  • Прес конференција и промоција на Прилепскиот карневал во просториите на Локалната самоуправа со почеток во 11.00.
ЧЕТВРТОК 23.02.2012 г.
  • Припрема на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“.
ПЕТОК 24. 02. 2012 г.
  • 10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
  • 12.00 часот - Свечено отворање на изложбата на детски цртежи и маски во фоајето на Центарот за култура „Марко Цепенков“и доделување на награди за најуспешните.
САБОТА 25. 02. 2012 г.
  • 10 - 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
  • Од 12 – 15 на големата бина на плоштадот – Најава на Карневалот и парада низ центарот на градот со Mажуретки, Mечкари, Жонглери, Куклари, Кловнови, Штулари, Живи статуи.
  • 22.00 – Забава на плоштадот со Концерт на „The Hounds“ и „Паркети“– присутните ќе бидат почестени со варено вино, топла ракија и чаj
  • Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Леоне, City pub….
НЕДЕЛА 06. 03. 2011 г.

  • 08 – 12 - Пријавување на учесниците во Центарот за култура „Марко Цепенков“
  • 13 – Дефиле на маски
  • 16.30 – 17.00 Доделување на награди
  • 20.00 – прием на странските делегации и дегустација на национални месени производи - Ресторан Липа
  • 21.00 - Маскенбал со Концерт на „Crossroad Blues Band“- Ресторан Липа
  • Забава под маски во Апореа, Вирус, Мираж, Табу, Леоне, City pub….
Водители:
Игор Трпче и Наташа Наумоска

Жири комисија:
Ели Милошеска
Тони Чатлески
Софија Грабулоска
Марјан Матракоски
Хилда Црнеска

Доколку некој сака да учевствува на свеченото дефиле на маски, пријава за учевство може да се преземе тука.
преземено од: http://www.karnevalprilep.mk/
 
:facepalm: Малце беше струмичкиов и вевчанскиов... па и прилепски :вонзем: Бар да направеа нешто ко мајмунска забава, ко веќе сакале нешто такво :D

Поглупо нешто од карневал и нова година нема. Сите кичеви собрани на едно место.
 
:facepalm: Малце беше струмичкиов и вевчанскиов... па и прилепски :вонзем: Бар да направеа нешто ко мајмунска забава, ко веќе сакале нешто такво :D

Поглупо нешто од карневал и нова година нема. Сите кичеви собрани на едно место.
Кај живееш ти бе? Прилепскиов карневал Прочка не е нешто што од лани или од годинава му текнало па ајде ќе го правиме. И Прилепскиот карневал има своја историја и традиција од многу одамна.
 
Кај живееш ти бе? Прилепскиов карневал Прочка не е нешто што од лани или од годинава му текнало па ајде ќе го правиме. И Прилепскиот карневал има своја историја и традиција од многу одамна.
У Струмица.

Гледам... традиција по 12-ти пат.
 
У Струмица.

Гледам... традиција по 12-ти пат.
дуд они го организираат по 12ти пат предходно бил организиран од други карневалот ко карневал е ебано стар -.-
 
У Струмица.

Гледам... традиција по 12-ти пат.
Не е уште искомерцијализиран и не ти е познат.
Еве да не е дека зборвиш напразно, скоро на секој од трите карневали сум бил присутен последниве 3-4 години, Струмичкиот Карневал е далеку подобро организиран и од карневалот во Прилеп и од карневалот во Вевчани и во блиска иднина не е во опасност од нив ;)
 
-bravo
еве нешто што не е во Скопје
ај побргу нека почне да не ви го лапнат и ова
па ќе мора и за вакво чудо да доаѓате тука
се мора да биде во Скопје (освен тутунот)
 
-bravo
еве нешто што не е во Скопје
ај побргу нека почне да не ви го лапнат и ова
па ќе мора и за вакво чудо да доаѓате тука
се мора да биде во Скопје (освен тутунот)
че го лапнат ако ги пикат в затвори сите касапи на 20-30 години... макар и тогаш тешко...

А тоа за дванајсти, толку општината се само промовира низ него, пред тоа беше друга приказна...
 
У Струмица.

Гледам... традиција по 12-ти пат.

У Струмица карневалот е мислам најстар во Македонија општо. Струмичкиот карневал го спомнува и Турскиот патеписец Евлија Челебија па ти види дали е организиран по 12 пат...Еве ти малку повеке за Струмичкиот карневал

Струмичкиот Карневал е вековна традиција на градот под Царевите кули и е директно поврзан со верскиот празник Тримери . Единствена манифестација од таков вид во Република Македонија , посветена на армасаните (верени) девојки .
Датумот на одржување се менува во зависност од Велигден и секогаш е во вторник после чист понеделник . Во текот на празнувањето после одржувањето на карневалската поворка , маскираните групи одат во куќите на армасаните девојки каде меѓу маскираните девојките треба да го препознаат својот вереник .
Струмичкиот Карневал е многу стара традиција и први пишувани извори се од турскиот патеписец Евлија Челебија .
До денешен ден не се памети карневалот да не се одржал , а во раните 70 години направен е обид за негово организирано одржување , но по неколку годишна успешна организација , организираната форма е укината , но без разлика на се тој продолжил да се одржува спонтано .
Во 1991 година повторно е обновена организираната форма која го поврати сјајот наСтрумичкиот Карневал .
Од 1994 година Струмица е член на меѓународната асоцијација на карневалските градовиFECC а во 1998 година беше домакин на 18 Интернационален конгрес на карневалските градови . Како резултат на соработката со оваа асоцијација воспоставена е соработка и размена на групи со повеке земји .

http://www.strumickikarneval.com/mak/mak.htm

Оваа година е направена измена. Карневалот ке се одржи во Сабота со цел да има повеке туристи....
 
^ А да направите и паузи повеќе за да има повеќе реклами освем што ќе е во сабота (?)

Темава е за прилепскиот... И не се лажете во се што ќе прочитате, тоа 12 е поради друго... (да не мешам сега што и како забрането е на форумов...)
И Свети Никола беше 4-5 пат пред некој месец во прилеп па мисли си ти дека тоа е од пред толку време...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom