Креативноста со време затупува. Барем повеќето луѓе на моменти се чувствуваат инспирирани дека можат да осмислат некоја сцена, реклама, па дури и приказна за некој филм. Доста се коментира трудот на другите, тоа е лесно.
Секоја добра идеја вреди пари.
Дозволете да вашата субјективна мисла или изработка добие објективна критика.
Еве една од мене...
Полн автобус оди по автопат. Мажи, жени, деца, старци се враќаат уморни од работа, од факултет, од лекар...
Во автобусот дечиштата седат, а возрасните стојат и се држат за шипките.
Жените се испотени и баздат на мешавина на пот и парфем, карминот им е размачкан а косата неуредна.
Мажите цапкаат со нозете и тие баздат на пот но не и на парфем, зборуваат за тоа како можат кога сакаат на шефот да му викнат и тој да се потпрцка... толку гласно што ги слуша цел автобус.
Старите пафкаат со модрите усни, под око гледајќи во поседнатите деришта. Под едната рака држат здравствена книшка, а во другата имаат најлон со кромид купен ефтино од пазар.
Дечиштата слушаат музика на својот мобилен. Се преправаат дека дремат, а всушност не сакаат да го станат својот газ од местата на кои што седнале кои претходно како фурија ги зазеле. Двајца сомнителни типчиња во позадина гласно разговараат за тоа да запалат цигара во автобусот а шоферот да не ги примети. И да ги примети, нели, тие се заебани типови.
Низ прозорот луѓето гледаа како одеднаш како куршум ги премина црн мерцедес. За секнда се изгуби од нивниот видик далеку низ патот со своите затемнети стакла.
Да беа малку повнимателни, луѓето во автобусот ќе приметеа дека мерцедесот немаше регистарски таблички...